Најубавото лице во Зодијакот: Дали и вие сте меѓу среќниците родени во овој хороскопски знак?
Благодарение на влијанието на Венера, Вагите се надарени со најубавата физиономија во целиот Зодијак. Лицето им е овално, правилно и привлечно, додека носот им е краток и нежен. Усните им се полни и заводливи со потемни нијанси, а очите упадливи – љубопитни, предизвикувачки и мистериозни.
Поголемиот дел од Вагите се со ситна градба и во младоста многу пропорционални, додека во подоцните години имаат тенденција да се здобијат со покрупни бедра и колкови. Нивните екстремитети се кратки или со средна должина, убаво обликувани и пропорционални. Вагите имаат бујна и квалитетна коса, најчесто со темно кафеава или црна боја. Нивната коса и на поглед и на допир одава топлина и мекост. Тие водат сметка за уредноста и елеганцијата, внимавајќи да остават добар впечаток во секоја можност.
Освен типичната Вага, чија надворешност е под влијание на Венера, постои и Вага која е под влијание на Сатурн, чие лице е со поостри црти, подвиткан или шилест нос и кратки, лукави и несовесни очи. Телото на овие Ваги е со повеќе мускули и погрубо, одразувајќи ја нивната борбеност и амбиција. Кај двата типа најчувствителни делови на телото се бубрезите, мочниот меур и панкреасот. Вие треба да обрнете посебно внимание на нив и редовно да ги контролирате. Вагите исто така се склони и на алергии, астма и дијабетес.