Најсреќниот ден во 2020 година за секој хороскопски знак
Вага: 7 февруари
Денот на вљубените ќе пристигне малку порано за вас. Ако сте во врска, ќе почувствувате силна интимна топлина помеѓу вас и партнерот, што ќе ви помогне да ја зацврстите вашата врска. Ако не сте во врска, овој ден ќе биде одличен ден за да остварите духовна поврзаност. На овој ден ќе бидете екстремно привлечни и ќе ги нагласите вашите природни вештини за преговори и за усогласување во деловните и во блиските партнерства. Вие сакате работите да изгледаат совршено и оваа силна желба може да го разбуди вашето внатрешно чувство за креативност и инспирација.
Скорпија: 3 октомври
Ова е ден што навистина сакате да го обележите во вашиот календар. Без разлика дали барате љубов, пари или промени во вашата кариера, овој ден ќе биде добитен. Побарајте сè што сакате, а другите ќе ги исполнат важите желби. На овој ден ќе направите позитивни чекори од коишто ќе имате долгорочна корист. Кога ќе соработувате со другите, вибрациите ќе ви бидат многу лесни, природни, поддржувачки и пријателски настроени. На овој ден ќе имате можност да се отворите и да се изразите на таков начин што ќе привлечете многу луѓе и можности за вас.
Стрелец: 15 декември
На овој ден започнува нов циклус на љубовни врски. Ќе ја отворите вратата на срцето и конечно ќе ги откриете вредностите на љубовта. Ако сте во врска, ќе сакате да ги продлабочите односите со партнерот, а можеби ќе сакате и да ја однесете врската на повисоко ниво. Ако не сте во врска, на овој ден ќе бидете многу привлечни. Со едноставно изразување ќе направите сите погледи да бидат вперени кон вас, а тоа ќе ви донесе нови искуства и средби со потенцијални партнери, нови пријатели, па дури и нови деловни можности. Самодовербата што ќе ја поседувате тој ден ќе ве направи неодоливи.
Јарец: 20 февруари и 28 март
Бидејќи Јупитер, планетата на среќата, ќе се движи низ вашиот знак во текот на целата година, вие ќе имате многу среќни денови. Но, 20 февруари ќе биде посебно среќен ден. Тогаш ќе се почувствувате емоционално стабилни и духовно исполнети, а Јупитер ќе ви донесе наплив на енергија и на ентузијазам.
Другиот датум што треба да го заокружите во вашиот календар е 28 март. На овој ден ќе владее енергијата на љубовта и можноста да стапите во брак е голема, па искористете го овој ден максимално.
Водолија: 31 март
Овој ден е одличен за потпишување документи и за започнување деловен проект бидејќи ќе бидете подготвени да преместите планини за да ги постигнете своите цели. Додека Сатурн е во вашиот знак, тој ќе ви биде извор на моќ. Во овој период ќе настанат некои промени, но вие ќе ја имате потребната поддршка. Ако досега не сте биле при себе, ќе добиете повик за будење. Ако го прифатите тој повик, ќе успеете да бидете слободни и свои.
Риби: 5 декември
Овој ден ќе биде одличен за љубов, за имагинација и за креативност. Како што се подобрува вашата способност за фантазирање, така ќе се подобрува и вашата способност за сакање и поврзување. Во вашата врска ќе постои позитивна енергија и ќе успеете да најдете комфор и во непознатото. Исто така, ќе имате желба да им помогнете на другите и да ги лекувате со својата љубезност, а тоа ќе ви помогне да внесете повеќе љубов во вашиот живот.
Прочитајте и кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2020 година.