Најлошите љубовни комбинации во астрологијата
Иако успехот на врската најмногу зависи од тоа колку ќе се потрудите, љубовната комбинација од некои знаци едноставно е осудена на постојана борба за опстанок.
Овен: не му одговараат Близнаци, Риби и Девица
Припадниците на овој знак се секогаш отворени за љубов и за нови искуства, а често заради брзоплетост влетуваат во љубовни врски пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и кукаат, како и такви кои не можат да ги освојат, а сакаат самоуверени настапи. Најлоша е љубовната врска со Риби, кои за нив се пресентиментални. Со Близнаците односот се сведува на постојана кавга, додека Девиците му се премногу комплицирани.
Бик: не му одговараат Овен, Стрелец и Близнаци
Припадниците на овој знак се под водство на Венера, која ги прави одличен „материјал“ за врски, но тоа важи само кога е во прашање вистинскиот партнер, додека во меѓувреме може да имаат многу незначајни афери. Одбивни им се озборувачите и оние кои премногу се мешаат во туѓите животи. Најлоша љубовна комбинација за Бикот е онаа со Стрелецот, кој за него се однесува премногу слободно и независно. Близнаците за Бикот се премногу немирни, додека со Овните, заради сличните јаки волји, постојано ќе се препираат.
Близнаци: не им одговараат Овен, Рак и Риби
Припадниците на знакот Близнаци имаат заљубљива природа, но со еднаква брзина знаат и да се одљубат ако партнерот ги разочара. Ги одбиваат луѓе со кои немаат заеднички теми, оние кои се предвидливи и според нив здодевни. За Близнакот најлошо е да се спои со Бик, кого нема доволно да го цени бидејќи не може да ги следи сите негови предизвици и авантури во животот. Лош спој е и со Ракот, кој е премногу стабилен и предвидлив, но и со Рибите чија емотивност може да го гуши.
Рак: не му одговараат Овен, Близнаци и Стрелец
За припадниците на овој знак љубовта е најубавиот зачин на животот. Тој бара партнер кој е способен да се труди околу него. Не сакаат егоистични партнери кои не покажуваат доволно почит и интерес за другите. Во љубовна врска Ракот најлошо се сложува со Стрелци и покрај големата привлечност која може да ги спои на почетокот, бидејќи во врската ќе се појави несигурност, љубомора и кавги. Со Близнаците исто така нема да им биде погодено бидејќи тие за Ракот се премногу нестабилни, додека Овните се премногу ориентирани на себе.
Лав: Не му одговараат Близнаци, Јарец и Риби
Припадниците на овој знак потешко чувствуваат сигурност во љубовните врски, а особено во врска со тоа дали му се на партнерот на прво место. Ги одбиваат луѓе кои постојано се грижат и на тој начин пренесуваат лоша енергија, како и луѓе кои се склони кон манипулации. Најлоши љубовни врски градат со Близнаците, кои за нив се премногу изгубени во мислите, но и со Рибите кои ненамерно ќе ги повредат. Лоша комбинација е и онаа меѓу Лав и Јарец, бидејќи Лавот сака да има доминантна улога во односот, што нема да му одговара на Јарецот.
Девица: не ѝ одговараат Овен, Вага и Водолија
Припадниците на овој знак рано ги учат своите љубовни лекции, па со голема сигурност го обираат потенцијалниот партнер. Сепак, тешко донесуваат одлука за кого трајно да се врзат, а не сакаат паметковци, пасивни луѓе и оние кои не се во состојба да се грижат за себе. Најлоша љубовна комбинација е онаа со Овенот кој според нив се поставува шефовски, како и со Вагата, која не може да ја разбере критичноста на Девицата. Тешки љубовни ситуации имаат и со Водолиите, со кои односот им е во постојани расправии.
Вага: не ѝ одговараат Девица, Скорпија и Рак
На припадниците на знакот Вага, љубовта им е додаток во животот од кој ги црпат својот мир и својата сигурност. Невозвратената љубов или однос кој не функционира многу ги вознемирува, а најмногу ги одбиваат партнери кои лажат и оние во кои не можат да имаат доверба. Вагите не можат да имаат добра љубовна врска со Девица, која за нив е премногу комплицирана, како и со Скорпија чија природа им е премногу песимистична. Нема да се сложуваат ниту со Ракови, бидејќи тие имаат премногу традиционални убедувања за нив.
Скорпија: не ѝ одговараат Овен, Стрелец и Близнаци
Скорпиите во себе носат вистинска страст за животот која ја пренесуваат и во љубовните односи, а тежнеат кон врски кои ќе им пружат вистинско исполнување и надополнување на карактерот. Не сакаат агресивни луѓе кои сакаат да се покажуваат и истакнуваат. Скорпиите се најлоши во комбинација со Овните, со кои го делат истиот темперамент што може да резултира со постојани кавги. Ништо подобро нема да се сложуваат со Близнаците, кои ја поттикнуваат нивната љубомора, како ни со Стрелците со кои нема да се чувствуваат сигурни.
Стрелец: не му одговараат Бик, Рак и Девица
Стрелците и во љубовта се водат според девизата сѐ или ништо, а во недефинираните односи нема да се избезумуваат, туку ќе се играат. Ги одбиваат луѓе кои се склони кон меланхолија и не знаат што да прават со себе, како и оние кои дозволуваат други да им ја кројат судбината. Стрелците се најлоши во врска со Бик, кој за нив е премногу посесивен, како и со Рак кому му недостасува спонтаност. Ништо подобар не е ни спојот со Девица, која постојано ќе го критикува и ќе го тера да се менува.
Јарец: не му одговараат Овен, Близнаци и Стрелец
Припадниците на овој знак се претставуваат како љубовта да не им е важна, но со тоа всушност се бранат од разочарувања. На состаноците се однесуваат како детективи, а ги одбиваат партнери кои немаат самоконтрола или оние кои се послаби од нив. За Јарците се лоши љубовните комбинации со Овен, за кого мислат дека е премногу нестрплив и лековерен. Близнаците според нив немаат идеали кон кои целат, додека Стрелците во врска се прикажуваат како нивна целосна спротивност.
Водолија: не ѝ одговараат Бик, Рак и Девица
На припадниците на овој знак не им е проблем да се заљубат, дури во љубовната врска функционираат како да како не ја изгубиле својата слобода или можноста за избор. Ги одбиваат луѓе кои немаат морал и кои се предвидливи. За Водолијата лоша љубовна комбинација е онаа со Бикот, бидејќи не може да му ја пружи стабилноста која на Бикот му е потребна. Ништо подобро нема да биде ни со Рак, кој му е по малку досаден, како и со Девицата која од него бара воведување ред во нивниот живот.
Риби: не им одговараат Овен, Лав и Близнаци
Рибите како знак се во потрага по идеален партнер со кого ќе имаат љубов од соништата, а ќе ги одбиваат партнерите кои се однесуваат неразумно и несфатливо и имаат површни погледи на животот. За нив најлоша е комбинацијата со Овни, кои им се преагресивни и нетактични, како и со Близнаци кои немаат доволно разбирање за другите. Нема добро да се сложуваат ни со Лав, кој може да манипулира со Ракот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.