Најлошите и најдобрите особини на вашиот знак: Ракот е магнет за егоцентричните, а Скорпијата за вас ќе ја стави раката во оган!
10. Јарец
Доблест: Упорност
Јарецот е синоним за личност којашто до својот успех дошла со многу труд и жртвување. Овие луѓе не веруваат во успех преку ноќ, па уште од мали вложуваат во себе. Најдобри се во класот, се запишуваат на посакуваниот факултет и на крај се вработуваат во компании каде што почнуваат од самото дно, а потоа стануваат газди и директори. Јарците се многу амбициозни и се спремни многу да жртвуваат за да постигнат успех. Нивната упорност е фасцинантна и покажува како со многу труд и волја може да се оствари секоја цел.
Недостаток: Емоционално студенило
На овие луѓе им е тешко да ги покажат своите чувства, затоа што тоа го сметаат за слабост. За нив е нормално емоциите да ги држат под контрола, па никогаш нема да ги видите како се караат пред другите или како покажуваат лутина. Колку и да се изнервирани во себе, бесни или разочарани, Јарците ќе останат смирени и со ништо нема да покажат дека се повредени, никому нема да му го пружат ова задоволство. Ова често води до потиснување на емоциите, фрустрација, психички тегоби, па и депресија, а носи проблеми и во интимните односи затоа што партнерот може да се почувствува непосакуван и занемарен. Од Јарците нема да добивате чести изјави на нежности, но ретките моменти кога ќе падне нивната маска се вредни за чекање.
11. Водолија
Доблест: Либералност
Помеѓу Водолиите тешко дека ќе најдете некој којшто е полн со предрасуди кон другите. Водолиите ги сакаат луѓето, без разлика на сè. Ним поважно им е колку е некој занимлив и интелигентен, отколку на која религија или националност припаѓа. Водолијата никогаш нема да суди за некоја грешка, ниту пак ќе ве уверуваат својот живот да го живеете по туѓите правила.
Недостаток: Потреба за оригиналност
Најголема маана на овие луѓе е нивната потреба постојано да бидат поинакви, што не е секогаш позитивно. Понекогаш премногу се трудат да остават впечаток дека за ништо не им е гајле и дека не се вклопуваат во рамката, што создава негативен ефект. Секогаш сакаат да бидат поинакви, сакаат да се зборува за нив, а посебно се среќни ако можат некого да шокираат со својот изглед, однесување или идеи. Би требало повеќе внимание да посветуваат на содржината, а не на формата.
12. Риби
Доблест: Сочувствителност
Ниту еден знак не поседува толкава доза на емпатија како Рибите, што ги прави посакувани партнери и пријатели. Тие искрено ќе сочувствуваат со вас кога имате некој проблем и би направиле сè за да ви помогнат. Никогаш не осудуваат и можат да ги разберат туѓите грешки и пропусти, што е квалитет што ги разликува од другите знаци. Овие топли луѓе сè што прават, прават од срце, а ако ве сакаат, не им е тешко да направат каква било жртва за вас.
Недостаток: Потреба за бегство од стварноста
На секоја вистинска Риба ѝ треба некој начин да побегне од суровата и студена стварност. Некои тоа го прават со читање, сликање, свирење или гледање филмови, но нивната потреба да побегнат може да биде проблем доколку тоа го бараат во алкохолот или разни лекови. Овие луѓе сакаат да талкаат во нивниот свет, па често може да донесат погрешни одлуки или да направат некои работи коишто во нивните глави не изгледаат толку страшни, но може да ги повредат другите луѓе.