Најлошите и најдобрите особини на вашиот знак: Ракот е магнет за егоцентричните, а Скорпијата за вас ќе ја стави раката во оган! - Part 3

Најлошите и најдобрите особини на вашиот знак: Ракот е магнет за егоцентричните, а Скорпијата за вас ќе ја стави раката во оган!

7. Вага

Доблест: Достапност

Вагите имаат многу убави карактеристики, но нивната дружељубивост и префинетост се едни од најистакнатите. Многу се љубезни, шармантни и пријателски настроени, а другите од нив може да учат како да се однесуваат во друштво. Затоа, овие луѓе имаат многу познаници и пријатели, на коишто со задоволство ќе им помогнат.

Недостаток: Лицемерие

На Ввагите им е важно со сите да бидат во добри односи. Тие настојуваат по секоја цена да ги избегнат караниците и конфликтите. Освен тоа, тие се способни да ја согледаат секоја страна на приказната и со секој да се сложат до некаде, што околината може да го толкува како лицемерие. Сепак, Вагите не се толку лицемерни колку што сакаат секому да му се допаднат, што претставува уште една нивна маана. Имено, другите луѓе често сметаат дека нив им недостига карактер, што е далеку од вистината.

8. Скорпија

Доблест: Верност

Ако имате Скорпија до вас, можете да бидете мирни затоа што тие никогаш нема да ве издадат. Било да сте им љубовник, партнер или пријател, тие секогаш ќе ве чуваат и штитат, па дури и да направат нешто, тие ќе се погрижат никогаш да не дознаете за да не бидете повредени. Добро е да ја имате Скорпијата покрај себе, затоа што таа ќе ви го чува грбот. Овие луѓе се спремни да ја стават раката во оган за луѓето коишто ги ценат и ги сакаат.

Недостаток: Одмаздољубивост

Овој знак има неколку негативни особини при што е тешко да се издвои една, но ниту љубомората ниту посесивноста не се толку штетни, колку што е неговата одмаздољубивост. Кога се повредени, Скорпиите забораваат на сè останато и ѝ се препуштаат на желбата за одмазда. Одмаздољубивоста е посилна од нив, а за да им вратат на другите, Скорпиите се спремни да жртвуваат многу, а притоа неретко се уништуваат и самите себеси. Сепак, тоа е појако од нив и секоја права Скорпија, колку и да се менува, во себе ја има оваа карактеристика којашто често скапо ја чини.

Najloshite i najdobrite osobini na vashiot znak rakot e magnet za egocentrichnite, a skorpijata za vas kje ja stavi rakata vo ogan! (3)

9. Стрелец

Доблест: Оптимизам

Ако имате нова идеја и ви треба нечија поддршка, обратете му се на Стрелецот. Овие луѓе воодушевено реагираат на секоја ваша замисла, што ќе ве исполни со доверба и позитивна енергија. Стрелецот секогаш е отворен за нови работи и нови искуства, па затоа е добро да го имате покрај себе. Овие луѓе не се загрижуваат премногу околу проблемите и искрено веруваат дека сè ќе решат на најдобриот можен начин, па затоа Стрелците се посакувани од другите луѓе.

Недостаток: Губење на интересот

Колку бргу се загреваат околу една нова идеја, толку бргу и се оладуваат. Стрелците се познати по тоа што со ентузијазам пристапуваат кон новите работи, но бргу го губат интересот, па многу нивни идеи не се остваруваат до крај. Тоа е штета затоа што тие навистина имаат интересни замисли, па убаво би било да се малку повеќе упорни и да не се откажуваат кога ќе почувствуваат мал замор или досада.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар