Најлошите и најдобрите особини на вашиот знак: Ракот е магнет за егоцентричните, а Скорпијата за вас ќе ја стави раката во оган! - Part 2

Најлошите и најдобрите особини на вашиот знак: Ракот е магнет за егоцентричните, а Скорпијата за вас ќе ја стави раката во оган!

4. Рак

Доблест: Грижливост

Овие се нежни луѓе коишто за секого имаат топол збор и добар совет. Кога ви е тешко, Ракот ќе ви пружи рамо за плачење, ќе биде најдобар слушател и ќе направи сè што е во негова моќ за да ви помогне. Раковите во себе имаат силна потреба да се грижат за другите, па интуитивно може да предосетат кога некој има проблеми. Нивната великодушност и спремност да бидат на располагање се фасцинантни, но понекогаш може да бидат магнет за луѓе коишто само сакаат да бидат центар на внимание.

Недостаток: Преголема чувствителност

Колку се грижливи, толку се чувствителни. Овие луѓе може да бидат длабоко повредени од нечиј добронамерен коментар или конструктивна критика, па дури и од мал остар поглед. Многу се нежни и склони кон промена на расположението, па ако имаат лош ден, сè што ќе кажете има посебна тежина, а една куса лоша реченица може да ги расплаче и поради тоа да не ви зборуваат додека не ги замолите за прошка. Раковите се свесни дека се преосетливи и дека често го менуваат расположението, колку што Близнаците го менуваат мислењето, но не можат ништо да сторат околу тоа. Оваа особина оди во пакет со нив, но имајќи ги предвид сите нивни доблести, нивните најблиски учат да живеат со ова.

5. Лав

Доблест: Великодушност

Лавовите се луѓе со добро срце, коишто им помагаат на своите блиски кога тоа е потребно. Го сакаат животот и знаат да уживаат во него, а тоа го прават вклучувајќи ги и другите. Лавот секогаш ќе ви позајми пари, ќе ви го купи најголемиот подарок и кај него секогаш ќе бидете добредојдени и добро пречекани. Позитивно кај нив е и тоа што тие се оптимисти коишто ги сакаат луѓето и во нивно друштво сите се чувствуваат удобно.

Недостаток: Суета

На никој не му се препорачува на каков било начин да го навреди Лавот, затоа што овие луѓе длабоко ќе ви замерат и никогаш нема да ви простат. Нивната суета често скапо ги чини добрите односи со нивните блиски, затоа што не умеат да примат критика на своја сметка. Доколку пак на некој начин го навредите или понижите, Лавот ќе ве избрише од својот живот. Никој не смее да се зафркава со кралот на Зодијакот.

Najloshite i najdobrite osobini na vashiot znak rakot e magnet za egocentrichnite, a skorpijata za vas kje ja stavi rakata vo ogan! (2)

6. Девица

Доблест: Напорно работат

Девиците се исклучително вредни и педантни луѓе на коишто може да им се довери која било задача. Сериозно ги сфаќаат своите обврски и одговорности, па нема шанси да ве изневерат. Спремни се напорно да работат, а водени се од нивната желба за перфекција. Во нив постои тенденција сè што ќе направат да биде детално разработено. Многу се прецизни, педантни и сигурни, а кога нешто ветуваат, тоа и ќе го исполнат.

Недостаток: Тенденција да критикуваат

Тенденцијата за совршенство кај овие луѓе може да се покаже и како најлоша особина, затоа што тоа ги прави да бидат склони кон критикување. Девиците не се злобни и не им е намерата да повредат некого, но нивните критики и совети често кај другите предизвикуваат незадоволство и отпор. Тешко е Девиците да упатат комплимент, затоа што сметаат дека секогаш може подобро. Тие само сакаат да помогнат и да бидат корисни. Со текот на времето тие може да научат да ја потиснуваат желбата за критика, пред сè поради мир во куќата. Сепак, длабоко во себе сè уште ќе постои желба да ви укажат каде сте погрешиле, па затоа многу е потребно за да добиете пофалба од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар