Најголемиот совет што секој хороскопски знак треба да го следи во 2020 година

Најголемиот совет што секој хороскопски знак треба да го следи во 2020 година

Љубопитни за тоа какви предизвици го очекуваат вашиот хороскопски знак во 2020 година? Какви и да се предизвиците, ѕвездите имаат совет што ќе ви помогне полесно да се справите со нив. Откријте која е најдобрата одлука што треба да ја направите во 2020 година, а дознајте го и вашиот најсреќен број за оваа година.

Најголемиот совет што секој хороскопски знак треба да го следи во 2020 година

Овен

Совет за 2020 година: Успорете, почнете да штедите енергија и практикувајте некој метод за релаксација како медитација и јога. Сега е време да ги разработите и реализирате идеите за кои размислувавте веќе некое време и да ги зајакнете врските со луѓето кои ви значат. Може да очекувате многу помирна и плодна година затоа што хаотичниот Уран го напушти вашиот знак по цели 7 години.

Најдобра одлука: Да бидете стрпливи.

Најсреќен број: 9

Бик

Совет за 2020 година: Избегнувајте да бидете склони кон опсесивно однесување и научете нови начини за опуштање: готвење со остатоци од храна, одгледување различни растенија и зеленчук. Прочистете го вашиот простор. Не го трупајте умот со ситници – обидете се да го насочите преку запишување на мислите на хартија. Штом Уран ќе дојде во вашиот знак, може да добиете желба за нови проекти, свежи идеи и можеби промена на работното место.

Најдобра одлука: Да се излезе од комфорната зона.

Најсреќен број: 6

Близнаци

Совет за 2020 година:  Живејте го животот во моментот, избегнувајте да бидете дел од дискусиите со луѓе со лоша енергија, бидете љубезни со себе и побарајте нови начини да научите да го полните вашиот ум со знаење. Животот кој се темели на вистина ќе биде една од најважните работи за вас оваа година. Не бидете премногу критични кон себе и пред сè, сакајте се.

Најдобра одлука: Умерено користење на социјалните мрежи.

Најсреќен број: 5

Рак

Совет за 2020 година: Бидете благодарни за сè што постигнавте, сè што имате и за тоа што сте. Обидете се да ја претворите негативноста во позитивност и да верувате во добрината на луѓето. Конечно ќе ви биде дадена можност да ја прочистите кармата од минатото преку промена на токсичните навики. Оваа година „безмилосниот“ Сатурн ќе го напушти вашиот знак по три години и тоа ќе ви го врати оптимизмот.

Најдобра одлука: Да бидете гласни и јасни.

Најсреќен број: 1

Лав

Совет за 2020 година: Дајте си љубов себеси и на другите без очекувања, на овој начин ќе ги избегнете неволјите. Свирете, играјте и низ движење пушете ја енергијата од вашето срце да тече. Обидете се сопственото его да го ставите во втор план. Оваа година, ќе бидете полни со енергија од за вас спротивниот знак, хуманата Водолија. Колку повеќе ќе им давате на другите без да очекувате нешто за возврат, толку посреќни ќе бидете.

Најдобра одлука: Да заштедите пари.

Најсреќен број: 1

Девица

Совет за 2020 година: Запрашајте се „дали е ова навистина важно?“ пред да започнете прекумерно да анализирате и да паничете. Опуштете се и внесете повеќе смеа и среќа во вашиот живот. Ова е добра годината во која треба да ги постигнете целите и проектите за кои размислувавте подолго време. Земјените знаци ќе бидат особено активни во 2020 година, тоа може и вас да ве активира, ако не дозволите стравот од критика и огромната потреба од контрола да ве ограничат.

Најдобра одлука: Да заземете став.

Најсреќен број: 5

Вага

Совет за 2020 година: Работете на тоа да ги одржите сите сегменти од животот во рамнотежа, да избегнете запоставување на сопствените потреби и да имате самосвест за да почнете здрав начин на живот. Важно е да ги решите споровите со другите и да избегнувате ситуации што ве исцрпуваат енергетски и потсвесно. Фокусирајте ја вашата енергија на тоа да имате мирно опкружување и да постигнете фер компромис, како дома, така и на работа.

Најдобра одлука: Повеќе да вежбате и да бидете во форма.

Најсреќен број: 6

Скорпија

Совет за 2020 година: Немојте да бидете толку критични кон другите и помогнете им на оние што не можат сами да си помогнат, бидете емпатични, заборавете го минатото и продолжете понатаму. Ќе бидете под влијание на енергијата на Марс, планетата на привлечноста, а особено ќе се истакнете со вашата интуиција, способност на која може да се потпрете оваа година. Ќе постигнете многу повеќе ако практикувате некој метод за медитација и мирување.

Најдобра одлука: Да користите повеќе зборови.

Најсреќен број: 9

Стрелец

Совет за 2020 година: Преку соочување со себе, животот ќе ви даде можност да растете. Тоа ќе ја зајакне вашата душа и ќе ви даде сигурност дека сте на вистинскиот пат. Избегнувајте го прекумерното уживање и прифатете ја умереноста. Влегувањето на Марс во вашиот знак во јануари ќе биде можност да се поврзете со подлабоките аспекти на вашата природа и повнимателно да се однесувате кон вашето срце.

Најдобра одлука: Да се наполните со енергија.

Најсреќен број: 3

Јарец

2020 совет: Вежбите и прошетките во природа, што подалеку од хаосот и проблемите од секојдневниот живот, ќе ви помогнат да го одржите високо нивото на серотонин. Изминатите неколку години беа доста предизвикувачки, а во 2020 година ќе научите да ги прифатите нештата што поминале и да продолжите понатаму благодарение на Јупитер, планетата на среќата, која ќе биде во вашиот знак во текот на целата година. Годинава полесно ќе го најдете внатрешниот мир и задоволството.

Најдобра одлука: Да се обидете со ново хоби.

Најсреќен број: 8

Водолија

Совет за 2020 година: Нека вашата спална соба биде засолниште во кое што ќе најдете мир по вашите дневни обврски. Создадете мирна и релаксирачка околина во неа, исклучете го вашиот мобилен телефон и негувајте го вашиот ум преку медитација, музика и уметност. Во 2020 година влегуваме во нова ера на Водолијата, каква што немавме од 1960-тите, па може да очекувате големи и возбудливи животни промени. Бидете внимателни да не претерате со толку многу возбудувања – научете да препознаете кога ви треба пауза, направете чекор назад и одморете се.

Најдобра одлука: Да не критикувате премногу.

Најсреќен број: 8

Риби

Совет за 2020 година: Редовно хранете го вашиот дух и ги искажувате своите чувства на креативен начин, на пример, преку уметноста и музиката, избегнувајте ескапистичко однесување и практикувајте ја духовноста како форма на самосвест. Во 2020 година ќе бидете целосно свои и тоа ќе биде фантастично. Ќе имате можност да остварите неверојатни работи, ова е година вашата мечтателна природа ќе се прослави затоа што ќе сфатите дека соништата никогаш не се премногу големи.

Најдобра одлука: Да се ослободите од незадоволството.

Најсреќен број: 3

Можеби сакате да дознаете и кои 3 хороскопски знаци ќе се соочат со најмногу предизвици во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар