Најдобрите Инстаграм профили за девојките што се опседнати со астрологијата
Социјалните мрежи станаа составен дел од нашето секојдневие. Честопати на нив споделуваме премногу информации од нашиот приватен живот, како на пример, каде сме отпатувале, што сме јаделе или облекле, каде се наоѓаме во одреден момент… Многу лесно го споредуваме нашиот живот со останатите, како на пример, кога ќе здогледаме некоја двојка како ужива на плажа додека ние седиме во канцеларијата и фантазираме за нејзиниот живот. За среќа, социјалните мрежи ви даваат моќ да блокирате сѐ што не сакате да чуете и да видите. Но, овие 5 Инстаграм профили се дефинитивно нешто што никако нема да сакате да го отстраните од вашиот живот, плус ќе научите неколку работи за себе врз основа на вашиот хороскопски знак.
@Astromemequeen
Малку е да се каже дека оваа девојка е генијална, дури и доколку не сте толку многу заинтересирани за астрологијата. Сигурни сме дека нејзиниот Инстаграм профил ќе ве воодушеви. Не само што е забавна, туку е и едукативна и ќе посакате да дознаете нешто повеќе за вашиот хороскопски знак. Нема да погрешите доколку го следите нејзиниот профил.
@Aquariana_astrology
Доколку имате барем една Водолија во вашиот живот, тогаш овој профил е вистинското место за вас. Без разлика дали е во прашање вашето момче, другарка или некој член од семејството, овој профил ќе ви помогне подобро да ги разберете и да го сфатите нивниот поглед кон светот. Сето она што досега не сте го знаеле за Водолиите, ќе го дознаете овде. За работата да биде уште подобра, целата содржина е прикажана на еден многу духовит начин, што е причина плус за да го ставите овој профил на вашата листа за следење.
@Badassastrlogy
Ако преферирате кога некој е сурово реален, не разубавува ништо, многу прецизно и јасно се изразува, тогаш ова е Инстаграм профилот кој мора да го следите. Без оглед на тоа која е личноста која стои зад овој профил, дефинитивно е одлична во она што го прави. Може точно да одреди кој хороскопски знак сте врз основа на најмалата ситница во вашето однесување, што е едноставно неверојатно.
@Trashbag_astrology
Овој профил заслужи да се најде во топ 5 листата и тоа заради повеќе причини. Неговата креативност не се доведува во прашање, а плус тоа има одредена доза феминизам која совршено се вклопува во неговиот стил. Помош: Вагата е Шер од филмот „Clueless“. Апсолутно точно!
@ChaniNicholas
Запознајте ја едната и единствена Чани Николас. Станува збор за феминистка која смета дека астрологијата е истовремено мистериозна и корисна, и дека дава некое подлабоко значење на нашите модерни животи. Пишува преубави, темелни, неделни хороскопи. Одвреме-навреме објавува и нешто за подобрување на состојбата на умот и животот генерално, независно од хороскопскиот знак.
Доколку сте во потрага по Инстаграм профили кои се исполнети со бои, инспирација и перфекција, ви предлагаме да ги погледнете овие оригинални Инстаграм профили кои мора веднаш да ги заследите!