Најдобрите и најлошите љубовни комбинации за секој хороскопски знак - Part 3

Најдобрите и најлошите љубовни комбинации за секој хороскопски знак

(3) Најдобрите и најлошите љубовни комбинации за секој хороскопски знак

Стрелец

Жените во овој знак не знаат за страв. Тие се кралици на авантурата и слободата. Исто така уживаат во драмата, но секогаш го следат срцето, без разлика каде ги води.

Совршен пар:

Овен – Овие личности се социјални пеперутки со чувство за авантура, исто како жените Стрелци. Тие се забавни и лесни за дружење, па затоа ќе имаат врска исполнета со среќа и радост.

Водолија – Мажите во овој знак секогаш ќе им помагаат на Скорпиите да растат како личност. Тие се исполнуваат од нивната жед за авантура и уживаат во дивиот сексуален живот.

Најлош пар:

Бик – Мажите во овој знак никогаш нема да бидат на иста страна како жените Стрелци. Тие преферираат да се што поблизу до дома, додека Стрелците сакаат да летаат што подалеку.

Девица – Овие мажи имаат потреба од ред, а токму тоа жените Стрелци не можат да им го овозможат. Тие се премногу зафатени да живеат во моментот.

Јарец

Јарците се насочени кон своите цели, но истовремено се и многу забавни. Имаат одлична смисла за хумор иако некогаш знаат да бидат сериозни и интроверти. Имаат големо трпение и одлични способности за решавање задачи.

Совршен пар:

Риби – И покрај тоа што чувствителните Риби на прв поглед не делуваат како добар избор за жените Јарци, сепак овие два знака се совршен пар. Јарците им помагаат на нервозните Риби да се стабилизираат, додека Рибите им покажуваат посветла страна на сериозните Јарци.

Девица – Мажите во овој знак се вистински сродни души за Јарците. Тие развиваат длабока љубов која плови по мирни води, каде што тие уживаат во нивното присуство.

Најлош пар:

Лав – Мажите во овој знак не сакаат непредвидливи личности, бидејќи нивната главна потреба е да бидат во центарот на вниманието. Токму тоа не може да им го понуди жената Јарец.

Овен – Оваа комбинација од знаци не може да биде почудна. Жените Јарци сакаат партнер кој е фокусиран на иднината, додека Овните премногу живеат во сегашноста за да размислуваат за следната голема авантура.

Водолија

Водолиите секогаш се движат кон напред. Тие се природно креативни и постојано се во потрага по подобрување и иновација. Не сакаат да бидат затворени во кутија и ја ценат својата слобода и способност да се движат без да бидат врзани за ништо.

Совршен пар:

Вага – Овие момци многу лесно се совпаѓаат со флексибилната природа на Водолиите. И двата знака сакаат да излегуваат и да бидат социјални. Имаат потреба од креативност и интелигенција, па затоа и нивната врска длабоко ќе ви возбудува.

Близнаци – И двете страни се многу шармантни. Кога се заедно, тие имаат моќ да го насочат целото внимание кон себе, без разлика каде се наоѓаат.

Најлош пар:

Скорпија – Мажите во овој знак се склони на љубомора и токму затоа ќе им биде проблем да се во врска со слободоумните Водолии. Тие не сакаат да бидат скротени, па нивната силна личност ќе биде премногу голем предизвик за Скорпијата.

Риби – Овие мажи бараат многу за разлика од слободоумните Водолии. Исто како и Скорпиите, така и тие имаат потреба од многу внимание и грижа. Водолиите не можат да им го овозможат тоа.

Риби

Овие девојки се многу тешки за разбирање. Тие се чувствителни и емоционални. Креативни се и секогаш измислуваат нешто ново. Понекогаш се срамежливи, но секогаш слатки и полни со емоции.

Совршен пар:

Рак – Исто како Рибите, така и мажите во овој знак се сочувствителни. Кога се заедно, нивните емоции одлично се совпаѓаат и се чувствуваат доволно сигурно за да го споделат секој дел од себе.

Јарец – Јарците не се плашат од тенденцијата на жените Риби да мечтаат. Токму мажите во овој знак создаваат одлична основа на која жените Риби можат да се потпрат.

Најлош пар:

Близнаци – Овие мажи се премногу искрени и директни за жените Риби, па токму затоа и на нив ќе им биде малку тешко да ги прифатат сите непромислени коментари кои излегуваат од нивната уста без притоа да се повредат.

Вага – Мажите во овој знак имаат логична природа која воопшто не одговара за Рибите. Во расправиите, тие внесуваат студени и цврсти факти кои можат дури и да ги расплачат жените Риби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар