Најдобрите и најлошите љубовни комбинации за секој хороскопски знак - Part 2

Најдобрите и најлошите љубовни комбинации за секој хороскопски знак

(2) Најдобрите и најлошите љубовни комбинации за секој хороскопски знак

Лав

Жените Лавови имаат силно его и свесни се за тоа. Тие сакаат да бидат обожувани и кога ќе најдат љубов целосно се препуштаат. Тие се силни партнери и сакаат понежни знаци на кои ќе им бидат лојални.

Совршен пар:

Близнаци – Тие имаат добро срце и се вистински џентлемени кои секогаш ќе прават Лавовите да се чувствуваат сакано.

Скорпија – Исто како жените Лавови, така и овие мажи се страсни. И двете страни имаат силно чувство за лојалност и откако ќе се најдат, никогаш повеќе нема да се разделат.

Најлош пар:

Водолија – Овие мажи премногу лесно им се препуштаат на девојките. На Лавовите им е потребен некој кој ќе се бори за нив и кој нема никогаш да се откаже.

Јарец – Слободоумната природа на мажите Јарци се судира со високата мотивација на жените Лавови. Тоа што тие сакаат да го добијат, мажот Јарец никогаш не би можел да им го даде.

Девица

Девиците знаат да се изгубат во своите сопствени мисли. Тие се разбирливи и тивки. Потајно се многу ранливи, но знаат како добро да го скријат тоа. Понекогаш се тешки за читање, но откако ќе ги освоите засекогаш ќе бидат ваши.

Најдобар пар:

Вага – Овие мажи цврсто стојат на своите ставови. Откако тој прв пат ќе ја забележи девојката Девица, нема да сопре додека не ја освои и никогаш нема да направи нешто што би ја повредило.

Јарец – Тие имаат моќ да ги извадат жените Девици од нивната школка. Не се плашат од нивната мистериозност, па затоа и лесно можат да се пробијат под сите нивни заштити.

Најлош пар:

Рак – И двете страни се исклучително чувствителни, па затоа и може да им биде малку тешко да функционираат како пар.

Риби – Исто како и Девицата, така и Рибите се кротки. Тие не би можеле да излезат на ниту еден состанок бидејќи ќе бидат премногу нервозни.

Вага

Овие жени знаат точно што сакаат и нема да сопрат сè додека не го добијат тоа. Тие се логични и добро балансирани. Не прифаќаат ништо помалку од најдоброто за нив.

Совршен пар:

Стрелец – Овие мажи се чуден, но сепак одличен избор за строгите Ваги. Тие се со слободен дух, додека жените Ваги се алфа, но токму затоа и би биле одлични заедно.

Лав – И двете страни се неверојатно лојални. Заедно тие се надополнуваат и слободно може да се каже дека се вистински сродни души.

Најлош пар:

Јарец – Јарците се многу опуштени за жените Ваги кои се насочени кон своите цели. Чувството за авантура и слобода кај Јарците, Вагите го доживуваат како мрзливост. Токму затоа и нивната страст има тенденција брзо да согори.

Риби – Вагата нема толеранција кога станува збор за чувствителноста на Рибите. Токму затоа и брзо губат интерес.

Скорпија

Скорпиите се најголем предизвик од сите знаци. Тие се многу емоционални, љубоморни и страсни. Имаат огромни физички и ментални побарувања, а нивниот сексуален апетит понекогаш е премногу голем. Тие се силни, но ако ги освоите, ќе ви го променат животот.

Совршен пар:

Јарец – Мажите во овој знак размислуваат многу критички, па затоа и се совршени за бестрашните Скорпии со голема имагинација. Нивната сексуална хемија е огромна, па токму затоа и уште долго време ќе бидат заедно.

Лав – Овие два знака се исхрануваат од меѓусебната страст. Лавот лесно може да биде освоен со љубовта на Скорпијата, додека тие паѓаат на независноста на Лавовите.

Најлош пар:

Скорпија – Оваа комбинација е толку интензивна што со тек на време може да стане дури и опасна. Нивната физичка поврзаност е легендарна, но романсата е токсична.

Близнаци – Мажите во овој знак се премногу романтични за интензивните Скорпии, па токму затоа и тие ги доживуваат како премногу „лигави“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар