Најборбени, најстрасни и најсилни: Ова се трите најмоќни жени во хороскопот! - Part 3

Најборбени, најстрасни и најсилни: Ова се трите најмоќни жени во хороскопот!

Стрелец

3-15-nesta-koi-bez-somnez-sekoja-zena-gi-zasluzuva-kafepauza.mk

Нејзиниот карактер се дели во две насоки. Првата насока ја води кон мирен живот во кој ќе пронајде сигурни и верни пријатели, што ќе ѝ ласкаат на нејзината суета. Другата страна од нејзиниот карактер е сосема поразлична. Таа е смела, независна, сака да ги пречекори воспоставените бариери, се впушта во ризици за да оствари некој идеал, некој нејзин план, само за да им покаже на луѓето колку навистина вреди. Таа е многу амбициозна. Сака да се постави во животот на начин на кој сѐ ќе ѝ биде подредено по нејзините планови, чие остварување ќе ѝ донесе почит од другите. Не е рамнодушна кон ништо што може да го зголеми нејзиниот углед и престиж. Има истанчено чувство за сите животни вредности, не занемарува ништо што на кој било начин може да оди во нејзина корист.

Многу се држи до активниот живот и правилниот распоред на вредностите. Не сака никаква збрка или анархија. За нејзе животот е непрекината борба и докажување. Нејзиниот темперамент е заразен, брз и немарен и тој секогаш ја турка напред. Таа виталност, која нејзината околина тешко може да ја сфати, мора секогаш да се искаже. Иако понекогаш ѝ се јавува желба да остане сама и независна, таа сака да остане во друштво, да ги привлече симпатиите на другите. Ја навредуваат непријателските постапки. Не може да поднесе омраза. Нејзината природна веселост и смислата за хумор играат огромна улога во односот кон луѓето. Таа е отворена, лојална, ја цени точноста и коректноста. Ако другите не се како неа, таа е револтирана и се буни. Не поднесува лесно некој друг да управува со неа, да ѝ поставува правила или услови. Понекогаш знае да се вообрази дека разбира сѐ и дека е „најпаметна“.

2-najborbeni-najstrasni-i-najjaki-ova-se-trite-najmokjni-zheni-vo-horoskopot-www.kafepauza.mk_

Во љубовта, вистинска желба ѝ е да сретне маж кој ќе ѝ се восхитува и кој ќе може да го претстави на пријателите без ниту малку грижа на совеста. Презира умереност на вредностите и затоа во љубовта не се задоволува со кој било. Но, тоа не значи дека во еден човек ќе бара совршенство, бидејќи е свесна дека таков не постои. Потребно е тој да поседува интелигенција и шарм кој ќе допре до нејзиното самољубие. За нејзе љубовта значи восхитување и затоа нејзиниот избраник мора да биде човек со силен карактер. Човекот со слаба волја, кој ќе попушти на нејзините каприци, никако нема да ја направи среќна. Ако во почетокот се согласи на таков човек, еден ден сепак ќе дојде до експлозија. Не сака луѓе кои срамежливо ги искажуваат своите чувства. Срамежливи докази на љубов не ѝ се потребни. Човекот на нејзиниот живот мора отворено да ја искаже неговата љубов и на секој начин да ѝ ја докаже.

Ако се воодушевува на сето она што таа го смета за вредно, нејзиниот углед ќе порасне во нејзините очи и таа ќе го цени и сака. Дали е љубоморна? Не многу. Пред сѐ, грижа ѝ е да не биде исмеана во општеството. Сепак, неверството никогаш нема да го опрости, бидејќи со него е повредена нејзината суета и самоувереност. Исто така, не сака скандали и оговарање. Во односите со партнерот не смее ништо да остане таинствено и направено со голема неискреност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар