Најборбени, најстрасни и најсилни: Ова се трите најмоќни жени во хороскопот!

Најборбени, најстрасни и најсилни: Ова се трите најмоќни жени во хороскопот!

Откријте во кои хороскопски знаци се раѓаат најборбените, најстрасните и најсилните жени.

Лав

1-najborbeni-najstrasni-i-najjaki-ova-se-trite-najmokjni-zheni-vo-horoskopot-www.kafepauza.mk_

Таа е многу силна жена, која не дозволува лесно да ја носат брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да влезе во категоријата на оние жени кои доминираат и кои не дозволуваат да бидат победени. Сака акција и движење. Во тоа ја внесува целата своја сила и енергија. Тешко е да остане само на едно место, да фантазира и да не прави ништо. Не поднесува мрзливост, дури ниту кога одмара. Гордоста ѝ игра голема улога при постигнувањето успех по секоја цена. Има високо мислење за себе за да може да се задоволи само со моменталната состојба. Во односот кон другите почитува извесни правила на однесување. Има премногу отворена природа за да може да поднесе лукавост и злоба.

Кога нешто не ѝ се допаѓа, тоа директно го покажува. „Млаките“ и недефинирани чувства ја доведуваат до очај. Нејзиниот карактер тешко се прилагодува со луѓето кои се воздржани во своите чувства, па затоа не ги трпи луѓето кои седат на две столици, кои се неодлучни, колебливи и лицемерни. Верува дека сите луѓе можат да бидат отворени како неа, а кога ќе се увери дека не се, горко се разочарува. А, така нанесените рано тешко заздравуваат. Иако е искрена, понекогаш сака да се шегува и да се прикажува онаква каква што не е. Нејзините мали грижи знае да ги прикаже како големи, за да го привлече вниманието на другите. Кај неа постои уште една контрадикторност. Великодушна е и среќна кога може да направи некоја радост за другите. Меѓутоа, понекогаш е премногу егоцентрична и егоистична, па пред да помисли на другите, таа прво мисли на себе. Можеби најголемата предност која ја поседува е верноста.

4-najborbeni-najstrasni-i-najjaki-ova-se-trite-najmokjni-zheni-vo-horoskopot-www.kafepauza.mk_

Таа е длабоко приврзана за личностите кои го здобиле нејзиното пријателство. Таа верност ги надминува и времето и искушенијата. Потребно е некој сериозно да ја изневери, за да го промени мислењето кое го имала за него. Понекогаш, иако е свесна дека некој ѝ направил нешто лошо, избира да „остане слепа“ за да не биде разочарана. Има цврст карактер, па затоа не сака никој да влијае врз неа. Во односот со луѓето не трпи каприци, преувеличување, извештаченост. Бидејќи е тип на страсна жена, таа може точно да одреди што ја привлекува, а што ја одбива кај некој маж. Таа или некого сака, или едноставно го презира. Ако некој маж ѝ се допаѓа, тоа отворено му го кажува.

Ако сака, целосно се предава на своите чувства, без никаква воздржаност. Чувствата ги искажува без многу зборови. Сепак, умее да прави разлика помеѓу моментални впечатоци и трајни чувства. Не поднесува ништо нејасно и неодредено во љубовта. Од такт ја вадат личностите кои еден ден пред неа покажуваат знаци за обожавање, а веќе наредниот ден изливи на нетрпеливост. Би било вистинско чудо кога таа би се врзала за таков тип на луѓе.

Следната жена на оваа листа е Скорпијата! Прочитајте повеќе за неа на втората страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар