На кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината на 5 мај?

На кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината на 5 мај?

Затемнувањето на Месечината во знакот Скорпија ќе се случи на 5 мај 2023 година. Според астролозите, ова затемнување ќе биде само малку помоќно од обична полна месечина. Затемнувањето на Месечината на 5 мај ќе биде под влијание на затемнувањето на Сонцето на 20 април, кое донесе кризи и борби за моќ. Заедно, тие формираат фаза на затемнување што трае до затемнувањето на Сонцето на 14 октомври 2023 година. Прочитајте кои 6 знаци значително ќе го почувствуваат затемнувањето на Месечината.

На кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината на 5 мај?

Бик

Доколку во вашиот живот постои личност за која често размислувате, тогаш постојат можности дека овој период на затемнување ќе го смени вашиот однос во нешто ново. Без оглед на личноста за која станува збор, затемнувањето може да помогне да се развие вашиот однос. Од друга страна, доколку сте заглавени во токсична врска со таквата личност, тогаш ова ќе биде вистинското време да ставите крај на односот.

Лав

Затемнувањето на Месечината на 5 мај ќе ви помогне да направите значајни промени во поглед на семејниот живот, особено доколку долго време беа присутни хаосот и непредвидливоста во вашиот дом. Без оглед на тоа дали се селите во нов град или нова личност станува дел од вашето семејство, овие промени ќе бидат полни со љубов и радост. Затоа, фокусирајте се на домот и на најблиските.

Девица

Затемнувањето на Месечината ќе ја активира вашата трета куќа на комуникацијата со најблиските при што ќе ви помогне да споделите работи кои долго време ги чувавте во себе. Ве очекува период на самооткривање, но вие ги поставувате условите.

Скорпија

Ова затемнување ќе влијае на речиси сите аспекти од вашиот живот: емоции, инспирација, работа, нови можности. Ќе бидете принудени да ја напуштите вашата удобна зона и да преземете акција. Дури и ќе имате можност да направите нешто непредвидливо или да почувствувате нешто неочекувано.

Стрелец

Ова затемнување на Месечината ќе ви биде еден вид енергетско прочистување кое ќе доведе до позитивни промени. Прифатете ги промените кои не само што се поволни за вас туку се поволни и за другите.

Водолија

Дали во последно време ве мачат грижи во поглед на кариерата? Дали се чувствувате подготвени за нешто ново? Ова затемнување би можело да ве натера да се обидете со нешто сосема поразлично како нов проект, нова кариера или сопствен бизнис. Што и да изберете, имајте на ум дека имате многу нови можности во иднина.

Откако прочитавте на кои 6 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на месечината, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува голема среќа во мај.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар