На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Венера во Близнаци сè до 6 мај?

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Венера во Близнаци сè до 6 мај?

Транзитот на Венера во Близнаци кој ќе започне денес ќе им влијае на сите хороскопски знаци. Сепак, некои од нив ќе го почувствуваат овој транзит посилно од другите. Прочитајте во продолжение за кои хороскопски знаци станува збор!

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Венера во Близнаци сè до 6 мај?

Близнаци

Додека Венера транзитира низ вашиот знак ќе бидете подготвени да се впуштите во нова авантура. Тоа значи дека ќе бидете многу фокусирани на енергијата на вашата врска во следните неколку недели. Сепак, не занемарувајте ги и вашите рани од минатото и одвојте време за себеси и за исцелување. Венера ќе ви донесе можности за љубов и романса, но и ќе ве потсети дека треба повеќе да работите на личниот развој.

Девица

Успехот и моќта одат рака под рака за време на овој транзит. Венера во Близнаци ќе ви донесе инспирација, изобилство и нови страсти. Почетокот на транзитот ќе донесе и одредени предизвици во односите, но ќе можете да ги надминете само преку комуникација. Покрај тоа, Венера носи можности за поврзување со луѓе кои ја делат вашата визија. Ќе се почувствувате и многу посигурни затоа што овој транзит ќе ви овозможи да градите, растете и размислувате за вашата кариера.

Стрелец

Со овој транзит што носи хармонија и нови можности во вашата куќа на партнерство, подготвени сте да зачекорите во следната фаза кога станува збор за љубовта. Ќе бидете повеќе фокусирани на примената на лекциите од ретроградниот транзит на Венера во Близнаци пред неколку години. Сето ова може да се случи во првата половина од транзитот додека овие промени полека ќе стануваат дел од вашата рутина. Венера во Близнаци ќе ви го отвори патот за нови поглавја, нови искуства и нова љубов во втората половина на овој транзит.

Риби

Време е да научите како да поставите граници или да ги прекинете старите навики. Сега, кога Венера влегува во Близнаци, подготвени сте да го спроведете она за што ве подготвува Сатурн во вашиот знак. Со овој транзит, ако сте во врска, ќе ви биде предизвик да комуницирате со вашиот партнер во текот на првата половина. Сепак, транзитот исто така ви овозможува да почувствувате моменти на радост и чувство на достигнување. Оваа енергија ќе ве мотивира да работите на вашите планови и амбиции и максимално да ја искористите вашата креативност.

Откако прочитавте за влијанието на Венера во Близнаци, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар