Претходно
На кого му треба мир, а на кого акција: 5 совети за среќа според хороскопскиот знак
Клучот за да живеете во склоп со вашата природа и карактер, е во среќата и стабилноста. Прочитајте ги советите за вашиот знак и подигнете го квалитетот на вашиот живот на повисоко ниво.
Овен
- Секое утро одвојувајте по 20 минути за себе – за кафе, за туширање или за музика – тоа ви е важно.
- Што и да ви кажат другите, ако вистински сакате нешто тогаш работете на тоа, затоа што нема да се откажете сè додека не успеете или паднете.
- Подредете си ги приоритетите и посветувајте повеќе време на луѓето кои го заслужуваат тоа. Престанете да се трудите околу односите кои не водат никаде.
- Секој ден шетајте, возете велосипед и слично. Движењето ви е потребно.
- Не се срамете од своите каприци, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.
Бик
- Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомневањето во себе може да ве доведе до депресија.
- Не пропуштајте да си угодите себеси, но строго поделете го времето за уживање и за работа.
- Работете на емпатијата и почесто ставајте се во позиција на другите со цел подобро да ги разберете.
- Научете дека претераната гордост може да биде вашиот непријател, односно таа може да ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.
- Бидете добар пријател. Пријателствата се највредните врски во вашиот живот.
Близнаци
- Учете и читајте, тоа го чува мозокот и ја одржува вашата љубопитност. Немојте да ги запоставите тие работи.
- Одржувајте го во вашето хоби, дури ако имате малку време, затоа што без забава вие паѓате во депресија.
- Немојте да се венчате без претходно да живеете со личностa барем една година.
- Барајте стабилен пријател кој ќе знае да ве советува кога треба да „прикочите“.
- Не задоволувајте се со работи кои не ве интересираат. Образувајте се дополнително и обидете се да пронајдете нешто што ви се допаѓа.
Рак
- Движете се помалку во друштва кои оговараат, вие ги впивате негативните емоции и размислувања како сунѓер.
- Не пропуштајте прилика да се дружите со вашето семејство и пријателите, таквата енергија ве храни.
- Подредете ги приоритетите во работата, не дозволувајте да работите цел ден, а следниот да одмарате. Вам ви треба рутина.
- Вежбајте ја довербата во другите луѓе, давајте им шанса да станат подобри.
- Гответе и уживајте во добрата храна.
Лав
- Немојте да се извинувате за тоа што сакате внимание, љубов и убаво однесување, пронајдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат.
- Не ги прикривајте фрустрациите, тие секако ќе испливаат на површина десет пати појаки и полоши, а вие ќе испаднете незрели. Бидете директни и искрени.
- Не го заземајте последното место во работата, нема да сте среќни ако не сте одговорни за нешто.
- Преку спорт, уметност, танц или музика, трошете ја вашата енергија и реализирајте ја вашата страст.
- Обидувајте се што почесто да се дружите и да водите активен социјален живот со различни личности.
Девица
- Помагајте им на луѓето околу вас, со тоа вежбате емпатија и подобро ќе се чувствувате.
- Прифатете се себеси онакви какви што сте и немојте да им се правдате на другите, дружете се со оние кое го делат вашето мислење и ставови.
- На работа, не ги прифаќајте работите премногу лично. Ако не сте задоволни, стекнете искуство и барајте нешто друго.
- Не се плашете поради прекинувањето на лошите врски, посилни сте отколку што мислите.
- Земете си домашно милениче, тие се голема утеха за вас.
Вага
- Уредете го вашиот дом, работното место, автомобилот. Околината има големо влијание врз вашето расположение.
- Научете да кажувате „не“ и да ги одбивате луѓето кои тоа го заслужуваат, а притоа да не ви е незгодно.
- Не се затворајте во четири ѕида, вам ви требаат луѓе како што сонцето им треба на растенијата.
- Намалете ја посесивноста и љубомората, тоа ве прави да се чувствувате огорчено.
- Работете го тоа што го сакате, со тоа далеку ќе стигнете.
Скорпија
- Бидете си лојални на себе и на своите желби. Преголемите прилагодувања кај вас може да предизвикаат бес, прекинување на односите и депресија.
- Отворете се кон другите и наместо само да ги слушате, споделете ги своите мисли со нив.
- Верувајте ѝ на вашата интуиција, таа е често во право без разлика на тоа како изгледале околностите на почетокот.
- Не се плашете од негативните емоции. И тие имаат своја цел како издувен вентил.
- Хранете се здраво и одбегнувајте ги пороците, тие ви се слаба точка.
Стрелец
- Зборувајте отворено, искрено и слободно. Луѓето ќе ве ценат поради тоа.
- Имајте верба во себе и секогаш испробувајте нови работи. Вам желбите ви се менуваат во зависност од фазата во која се наоѓате.
- Задолжително практикувајте редовна телесна активност. Спортот и рекреацијата ви се неопходни.
- Посветувајте се помалку на материјалните работи и немојте да собирате работи кои всушност не ви се потребни.
- Не се задоволувајте со малку во љубовта, подобро е да сте сами затоа што вистинската љубов ќе се појави кога најмалку ќе очекувате.
Јарец
- Во секоја работа и задача давајте сè од себе, резултатите ќе ве направат навистина задоволни.
- Изградете го својот карактер, откажете се од цигарите, нездравата храна и поставете режим во вежбањето.
- Не се плашете да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време со самите себеси.
- Вежбајте спонтаност без да планирате, дозволете си да се препуштите на она што срцето го сака.
- Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобра личност и ќе ви се врати.
Водолија
- Внимавајте на вашите финансии, направете план и придржувајте се кон него. Тоа ќе ве направи да бидете повеќе одговорни кога се работи за пари.
- Не ги менувајте често друштвата и луѓето кои ве сакаат. Возбудата од новите врски ќе ги ви ја замагли перспективата.
- Потребна ви е физичка активност, трчање или нешто друго што потполно ќе ве исцрпи.
- Не бегајте од проблемите, тоа ви е најголема мaана.
- Внимавајте на пороците и пазете се од луѓе кои ве тераат да водите нездрав живот.
Риби
- Бидете отворени за нови искуства, од патувања до нови врски и понуди за работа.
- Слушајте ги другите и давајте им свои совети, ќе го ценат тоа.
- Не се обидувајте премногу да ги исполните очекувањата на другите, посебно на партнерот во љубовта, затоа што со тоа набрзо ќе го изгубите своето „јас“.
- Вежбајте ја трудољубивоста и давајте си самите на себе задачи кои мора да ги исполните.
- Не бегајте од стресни ситуации, соочувајте се со проблемите.