На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?
Модерната технологија и мобилните телефони ни овозможија нови начини на додворување преку СМС и преку социјалните мрежи. Но, не секој хороскопски знак ужива да заведува и да ги изразува своите чувства на овој начин. За некои е забавно и секси, за други е многу подобро работите да се кажуваат во лице.
Дознајте што му се допаѓа на секој хороскопски знак кога е во прашање додворувањето преку пораки и успешно освојте ја вашата симпатија со порака на која таа нема да може да остане рамнодушна.
Овен
Иако овните се големи заводници кои сакаат флертување во лице, ним сепак не им се туѓи и флертувачките пораки. Тие ќе пронајдат песна која ги опишува нивните чувства или ќе цитираат некој писател што ќе биде сосема доволно за да се стопи личноста на друга страна.
Бик
Романтичните бикови сакаат да си играат и за да се забавуваат со љубовни пораки. Но, нивните пораки не содржат само зборови, туку и знаци кои ги опишуваат нивните емоции. Сакаат романтично допишување полно со топли зборови.
Близнаци
Тие се мајстори за вербално заведување, па пораките и тоа како им одат во прилог. Нивните текстови се долги и преполни со најромантични и најдлабоки зборови кои ќе го стопат оној за кого се наменети. Исто така тие сакаат да бидат и духовити и во тој случај знаат како да го насмеат примачот на пораката.
Рак
Раковите обожаваат искажување на своите чувства преку зборови, па допишувањето им е еден вид хоби. На тој начин ќе го откријат сето она што никако не можат да го кажат во лице. Нивните пораки не се препишани, туку смислени и избрани само за личноста на која ги праќаат.
Лав
Лавовите повеќе би сакале да ги кажат и покажат чувствата отколку да ги напишат. Ним пораките им се нужно зло и не сакаат да се допишуваат, туку евентуално да пратат една мудра и одбрана порака која кратко и слатко би ја опишала нивната моментална состојба и емоции.
Девица
Зошто да се губи скапоцено време на допишување кога сѐ може да се каже очи во очи? Ова е мотото на девицата која баш и не сака да пишува за своите чувства. Кога ќе се потруди, може да прати само неколку пораки со одредена цел, а ако не е заинтересирана, ќе се прави дека не ја ни видела пораката што ја добила.
Вага
Љубопитни и креативни, вагите уживаат да смислуваат и да праќаат пораки како и да заведуваат преку нив. Сакаат мудри и романтични цитати од песни и книги кои може да бидат двосмислени со цел да ја заинтригираат личноста на која се наменети.
Скорпија
Интригите се нивна страст што значи дека допишувањето и тоа како е привлечно за нив. Таинствените скорпии обожаваат да си играат со зборови, а најмногу од сѐ им е интересно пецкањето и заведувањето преку пораки со двосмислено значење.
Стрелец
Духовитите стрелци обожаваат да филозофираат, а со самото тоа, нивните пораки се многу богати и занимливи. Тие паѓаат на таинствено и по малку недокажано допишување кое може да се опише како вистинско филмско додворување.
Јарец
Романтичниот јарец желен за нежност обожава заведување преку пишани пораки. Тие уживаат да читаат убави зборови кои им се ним упатени, но исто така кога се „загреани“ за некого сакаат да пишуваат искрено и отворено да ѝ ја отворат душата за своите чувства на својата драга личност.
Водолија
Водолиите се уметници на модерната технологија и модерното заведување. Тие не сакаат да си играат со романтични зборови туку со духовити и хумористични пораки, посебно со такви на кои е скоро невозможно да се одговори. Сакаат технологија и уживаат да праќаат фотографии и песни.
Риби
Рибите обожаваат пораки и допишување и баш тоа е начинот на кој сакаат да заведуваат и да бидат заведени. Тие се неверојатни заводници кои многу добро знаат што и кога треба да напишат, но исто така се и подеднакво слаби на зборови кои им се наменети на нив.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.