Мотивирајте ги колегите со помош на астрологијата

Мотивирајте ги колегите со помош на астрологијата

Дали вашата канцеларија ја делите со некој депримиран, нерасположен колега? Таквите луѓе не само што се повлекуваат во себе и се постојано намуртени, туку прават и вие да се чувствувате виновно ако сте весели и добро расположени во текот на работните часови. После неколку часа најверојатно и вие ќе се „заразите“ од таа негативна енергија која ја шири вашиот колега или колешка. Се прашувате како да го решите овој проблем? Дознајте го неговиот/нејзиниот хороскопски знак и научете како да го/ја вратите во оптимистичниот свет.

Мотивирајте ги колегите со помош на астрологијата

Оние кај кои дефинитивно ќе има напредок од внесување малку позитивна енергија и ентузијазам на работното место, се луѓето родени во хороскопските знаци рак и бик. Ракот е пречувствителен, па поради тоа многу е можно нешто да има погрешно сфатено и да се чувствува повредено или пак да мисли дека не е доволно ценет. На бикот му е потребна редовна добра комуникација, бидејќи во спротивно се чувствува депресивно. За да ги расположите овие два знака на работното место, дајте им поддршка, гушнете ги или донесете им екстра колаче од кујната и тие инстантно ќе се разведрат.

Ако вашиот колега чиј хороскопски знак е близнаци понекогаш изгледа напнато, не тревожете се – можеби едноставно не му е денот. Во случајов е позитивно тоа што близнаците имаат променливо расположение, па најверојатно ќе се развеселат во текот на денот. Сличен е случајот и со водолиите. Кога ќе слушнат некоја интересна информација, веднаш се враќаат во форма. Ако успеат да го активираат својот натпреварувачки дух, водолиите забораваат на меланхоличното расположение.

Скорпијата можете многу лесно да ја расположите доколку и откриете некој тајна. Скорпиите уживаат кога другите луѓе им се доверуваат и им ги откриваат емоциите. Исто така, „сочен“ трач воопшто не би им пречел.

Огнените знаци овен, стрелец, лав и вага имаат тенденција да гледаат на светлата страна на животот, па најверојатно не би ви претставувало проблем да работите со нив. Лавот може да стане нерасположен ако го прекорите и искарате. За да ја вратите неговата ведра насмевка, поделете му некој комплимент и често кажувајте му пофални зборови. Чувството на возвишеност претставува најголем мотив за лавот.

Луѓето родени во знакот риби се многу длабоки личности, па ако ги видите замислени, тие најверојатно се загрижени за маките на други луѓе. Рибите како да имаат некоја замислена антена која ги детектира емоциите на сите луѓе околу нив и се обидува да најде начин да им помогне. Рибите сакаат нежни разговори и совети кои ќе им помогнат да ги решат сите проблеми во светот.

Девицата и јарецот најверојатно ќе забележите дека премногу работат, па ако сакате да ги разведрите ќе мора да ги наговорите или натерате да сфатат дека покрај тоа што мора да се работи, мора да останува време и за живеење на животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар