Месечен љубовен хороскоп за октомври: Внимавајте кому ќе му го подарите своето срце!
Не пропуштајте го месечниот љубовен хороскоп за октомври!
Овен
Вашата импулсивна природа ќе биде особено истакната во октомври. Тоа значи дека ќе бидете слободни, спонтани и подготвени да се впуштите во љубовни авантури. Сепак, ќе ви треба трпение бидејќи зголемената енергија и емотивните емоции би можеле да ја расипат врската со саканата личност. Меѓу другото, не обраќајте внимание на озборувањата бидејќи многу од информациите ќе бидат лажни.
Бик
Ве очекува романтичен месец исполнет со интересни настани. Ако вашата врска тукушто почнала да се развива и сè уште ви се чини нејасна тогаш во октомври целосно ќе ви се разјаснат работите. Згора на тоа, големи промени ги очекуваат многумина припадници на овој знак – венчавка или раскинување. Од друга страна, осамените претставници на знакот треба да бидат повнимателни со новите познанства.
Близнаци
Астролозите ви предвидуваат проблеми во поглед на љубовниот живот и затоа ви препорачуваат да бидете внимателни. Доколку сте во долга врска или брак, а сте наишле на одредени недоразбирања и конфликти, ќе морате да направите сè што е во ваша моќ доколку сакате да ја спасите вашата врска. За да ги избегнете можните расправии обидете се да ја контролирате и вашата љубомора.
Рак
Октомври ќе биде многу пријатен и романтичен месец за вас доколку успеете да воспоставите рамнотежа меѓу вашите различни желби. Осамените претставници на овој знак имаат можност да ја пронајдат својата вистинска љубов, а во иднина да стапат во брак со истата личност. Сепак, не ја занемарувајте и сопствената интуиција бидејќи таа нема да ве изневери.
Лав
Доколку немавте среќа претходно да ја освоите вашата љубов, вашата желба ќе се оствари во октомври. Тоа значи дека постои голема можност да започнете романса со личност која ви се допаѓала во минатото, а тоа ќе се случи на многу спонтан начин. Доколку, пак, сте подолго време во врска, ќе сакате да промените нешто во октомври – можеби да започнете заеднички живот, да ја запросите саканата личност или да отидете на заедничко патување.
Девица
Ве очекува мирен и стабилен период во октомври. Ништо посебно нема да се очекува во односите со сродната душа бидејќи сè ќе се одвива според вашето стандардно сценарио. Сепак, ќе треба да поработите на вашата љубомора бидејќи таа може да ги уништи најубавите моменти и чувства. Од друга страна, имајте на ум дека октомври нема да биде добар момент за започнување нова врска.
Продолжува на следната страница…