Месечен љубовен хороскоп за март 2022 година: Кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата љубов? - Part 2

Месечен љубовен хороскоп за март 2022 година: Кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата љубов?

Вага

Во март ве очекуваат сцени на љубомора, расправии и помирување. После сите овие ситуации, ќе почнете повеќе да му верувате на партнерот. Ѕвездите ве советуваат да не донесете избрзана одлука за разделба, туку убаво да размислите за она што ви е најважно во овој момент. Доколку не сте во врска, импулсивно ќе почнете да барате партнер, особено затоа што ќе стекнете нови познанства. За жал, судбината нема да ви даде можност да ја сретнете сродната душа во март.

Месечен љубовен хороскоп за март 2022 година: Кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата љубов?

Скорпија

На љубовен план сè се одвива во најдобар ред со исклучок на малите сцени на љубомора и сомневање. Можно е да дојде и до недоразбирање поради финансиски трошоци. Решете го ова прашање на мирен начин бидејќи расправиите нема да помогнат. Слободните Скорпии ќе се заљубат и тоа сосема неочекувано. Чувствата ќе бидат толку силни што ќе направат да го занемарите сето она што се случува околу вас. Сепак, внимавајте спротивниот пол да не ја искористи вашата лековерност и отвореност. Најверојатно чувствата нема да бидат возвратени на почетокот.

Стрелец

Копнеете да ја продлабочите врската, но се плашите од чувството на несигурност. Астролозите ви препорачуваат да дејствувате спонтано и да им верувате на сопствените чувства. Во втората половина од месецот ве очекува пријатно изненадување. Доколку не сте во врска, ќе бидете опкружени со внимание, но тоа не е она што го барате. Ќе добиете разноразни понуди, но ниту една нема да ве интересира. Сосема неочекувано ќе се појави личност од минатото и ќе ве потсети на некои дамнешни времиња.

Јарец

Доколку сè уште не сте ја пронашле својата љубов, ѕвездите ви препорачуваат да излегувате почесто од дома особено по 20 март. Ве очекува интересно познанство кое конечно ќе ја уништи монотонијата. Не одбивајте ги поканите за состанок, па дури и ако таа личност ви се чини здодевна. Семејните Јарци треба почесто да прават отстапки, а можат и да ги изненадат домашните со подароци или патување. Доколку сте во врска, а конфликтите траат подолго време, можеби е момент да ставите крај на врската.

Водолија

Ѕвездите предвидуваат конфликт во рамките на семејството. Во случај на сериозна расправија, бидете иницијатор за помирување. Во март можно е и да ставите целосен крај на врската, сè зависи од вас. Осамените Водолии нема да имаат желба за романса. Имате додворувачи, но тие не се вклопуваат во вашите планови и затоа подобро е да не давате лажна надеж. Посветете им повеќе внимание на пријателите бидејќи тие се подготвени да ви дадат поддршка кога и да ви е потребна.

Риби

Доколку сте слободни, ризикувате да започнете токсична врска. На првиот состанок не треба да си ја отворите душата, подобро почекајте некое време за поубаво да го запознаете соговорникот. Постои можност да запознаете себична личност која ќе ве искористи и затоа добро би било да не започнувате романса во март. Доколку сте во врска, ве очекува тежок период бидејќи ќе мора да донесете важни одлуки. Не дозволувајте да бидете манипулирани и ако дојде до раскинување, направете пауза за да размислите за тоа што се случило.

Откако го прочитавте месечниот љубовен хороскоп за март, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во март.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар