Месечен хороскоп за март 2022 година во поглед на кариерата, љубовта и здравјето
Како ќе ви бидат наклонети ѕвездите во март? Прочитајте во продолжение.
Овен
Март ќе ви биде најуспешниот месец во целата 2022 година бидејќи ѕвездите ќе придонесат за вашиот духовен и кариерен развој. Не заборавајте дека имате сила да ги надминете сите пречки, доволно е да продолжите со позитивното расположение. Во поглед на здравјето, можни се стомачни проблеми па затоа не оптоварувајте го телото со тешка храна и алкохол. Не пропуштајте ги прошетките на свеж воздух и обидете се да се опуштите. Најважно од сè е да бидете свесни за можностите дека некои од вашите соништа ќе се остварат во март.
Бик
Првата половина на март ќе биде прилично тешка за вас бидејќи се можни конфликтни ситуации на работа или во семејството. Покрај тоа, постои веројатност дека ќе настапи драстична промена на плановите, а можно е и одложување на патувањето. Сепак, не грижете се затоа што во втората половина на месецот, работите ќе почнат да се одвиваат во добра насока. Очекувајте добра понуда кон крајот на месецот, но во текот на месецот ќе наидете на многу пречки. Најважно од сè е да останете позитивни и да не се обесхрабрувате и покрај сите промени.
Близнаци
Овој месец ќе биде идеалниот момент за да ги затворите старите поглавја од животот. На работа ве очекуваат поволни денови проследени со нови искуства. Иако можеби ќе се чувствувате преоптоварени со работните обврски и нема да знаете како да ги завршите сите задачи во одреден временски период, вашите надредени ќе го очекуваат тоа од вас. Доколку покажете желба за успех, можно е зголемување на приходите на крајот од месецот. Во поглед на личниот живот, ќе бидете пребирливи кога станува збор за изборот на партнер. Сепак, обидете се да сфатите какви квалитети има личноста која отворено покажува сочувство.
Рак
Не се очекуваат големи промени во поглед на професионалниот живот. Во овој период очекувајте да се зголемат работните обврски, но тие веќе ќе ви бидат познати така што нема да ви предизвикаат дополнителен стрес. Сепак, целиот вложен труд ќе биде награден, така што ова ќе биде и идеален момент да си купите нешто што одамна сте го посакувале. Месецот ќе биде поволен во поглед на новите познанства. Доколку не сте во врска, постои можност да ја пронајдете вистинската личност, а оние пак кои веќе формирале семејство, ќе уживаат во хармонијата на брачниот живот. Универзумот ви препорачува да бидете физички активни и да спортувате.
Лав
Март нема да биде најдобар период за носење важни одлуки. На работа ситуацијата ќе биде нестабилна и некои стари кавги и интриги ќе испливаат на површина. Доколку е можно, држете се настрана од можните расправии. Осамените претставници на овој знак ги очекува ново романтично познанство. Најверојатно ова нема да премине во долга врска, но во секој случај ќе можете да се опуштите и да се забавувате. Неочекуваните трошоци за ситни поправки ќе ве исфрлат од колосек, но не грижете се бидејќи во март нема да имате сериозни парични проблеми. Во поглед на здравјето, единствен проблем со кој ќе морате да се справите е несоницата.
Девица
Март ќе биде одлично време за да почнете да ги спроведувате плановите кои ги одложувавте досега. Постои голема веројатност дека лесно ќе ги решите долготрајните спорови или пак конечно ќе го завршите проектот на кој работевте долго време. Во поглед на кариерата, не се препорачува започнување нов бизнис и потпишување договори. Наместо тоа, поминете го овој период така што ќе размислувате за деловните планови и градењето добри односи со идните партнери – ова ќе игра важна улога во иднина. Финансиската ситуација нема да биде многу сјајна така што обидете се да се воздржите од непотребни трошоци. Можни се нови познанства во почетокот на месецот, а во кругот на семејството обидете се да бидете потолерантни и да не реагирате на ситни кавги.
Продолжува на следната страница…