Месечен хороскоп за мај 2023 година

Месечен хороскоп за мај 2023 година

Не пропуштајте го месечниот хороскоп за мај 2023 година:

Месечен хороскоп за мај 2023 година

1 мај – ретрограден Плутон во Водолија

Ретроградната фаза на Плутон се одвива само еднаш годишно, но овој ретрограден аспект е исклучително значаен бидејќи е првата ретроградна фаза на Плутон во Водолија. На глобално ниво, ќе видиме технолошки иновации, како и актуелизирање на темите поврзани со валутата, парите и моќта. На лично ниво, ретроградноста на Плутон ќе биде многу суптилна и ќе обрати внимание на проблемите кои треба да излезат на површина.

1 мај – ретрограден Меркур во конјункција со Сонцето

Може да се откријат нови сознанија, факти и информации. Во овој момент од ретроградниот циклус, добиваме нова јасност за тоа што Меркур, планетата на комуникацијата, се обидува да ни пренесе.

5 мај – Скорпија, полна Месечина, затемнување на Месечината

Ова е специјалниот настан во мај! Затемнувањето на Месечината во Скорпија содржи некои моќни енергии и може да предизвика подлабоки чувства и емоции. На овој ден ќе бидеме особено чувствителни , а мислите што ќе произлезат од нашата потсвест, ќе нè наведат да расчистиме со минатото. Еден од клучните зборови околу ова затемнување е затворање, па можно е да дојдете до решението за нешто што ве мачи. Трансформативната енергија ќе се зголеми во овој момент, што може да донесе промени и да ни овозможи полесно да им пристапиме на новите хоризонти.

9 мај – Сонце во конјункција со Уран

Секоја година конјункцијата на Сонцето и Уран ослободува иновација, креативност и слобода. Ова е нашата можност да ги прошириме нашите хоризонти. Може да се отвориме за нови идеи, да доживееме будење или одеднаш да сакаме да направиме промени. Обратете внимание на работите кои се нестабилни или неизвесни во вашиот живот и размислете каде можете да дозволите повеќе простор за слобода, иновации и промени.

14-21 мај – тригон на Јупитер Плутон

Тригонот на Јупитер и Плутон ни дава можност да зачекориме напред со нова енергија. Ова усогласување создава одредена тензија, барајќи од нас да одговориме на новите предизвици и да постигнеме повеќе од она што сме очекувале. Исто така, ќе имаме и можност да ги видиме резултатите од нашиот труд. Искористете ја оваа енергија како инспирација за да видите каде можете да ја искористите својата моќ и кои чекори можете да ги преземете за да ја зацврстите вашата самодоверба.

Откако прочитавте за влијанието на планетите во мај 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува голема среќа во мај.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар