Март ќе биде емотивно тежок месец за овие 3 хороскопски знаци
Март е месец во знакот на Рибите, а емоциите ќе бидат поинтензивни, но во втората половина на месецот, кога ќе почне владеењето на Овенот, тензијата ќе расте. Во текот на март, најлошо ќе им биде на личностите родени во хороскопските знаци Бик, Лав и Стрелец. Ги чека период на лична трансформација, разговори со себе и согледување на потребните промени кои понекогаш не е лесно да се направат и да се доживеат.
Бик
До 20 март ќе се активираат вашите потешки и поинтензивни емоции. Наместо да се обидувате да избегате од нив, треба да се соочите со нив. Ако се занесете и го сторите тоа, можете да почувствувате вистинско закрепнувачко искуство.
Лав
Ако се чувствувате лошо до 20 март, за време на сезоната на Рибите, немојте да бидете изненадени. Можеби во овој период ќе станете свесни за сите работи во вашиот живот што треба да ги промените и за лошите навики од кои сакате да се откажете. Сепак, не е лесно да се ослободите од сè и овој месец може да почнете да ги „пробивате“ вашите стравови и да започнете да ги менувате работите.
Стрелец
Сезоната на Рибите до 20 март може да предизвика чувствителни теми во вас. Време е да се фокусирате на деловите од вашиот живот што никој не ги гледа. Можеби ќе имате расправии во кругот на семејството и можно е да разговарате за некои работи што ги одложувате долго време.
Прочитајте зошто март ќе биде најдобриот месец за овие 4 хороскопски знаци.