Мал годишен хороскоп за 2016: Погледнете што ве очекува во новата година

Мал годишен хороскоп за 2016: Погледнете што ве очекува во новата година

Близнаците треба да ги искористат сите прилики коишто ќе им се пружат во 2016 година, додека пак Лавовите ќе напредуваат на сите полиња…

Овен

Јануари е одличен месец за напредување во работата, но Овните коишто се во врска ќе мораат да донесат многу важна одлука. Во февруари ќе бидете финансиски стабилни, додека пак љубовниот живот ќе ви биде возбудлив, но и комплициран. Внимавајте на болките во нозете и колената. Март ќе биде месец на промени, па поради зголемениот стрес повеќе внимавајте на своето здравје и консумирајте повеќе храна за детоксикација. Во април ќе настојувате да постигнете баланс помеѓу работата и љубовта. Доколку тоа ви оди од рака, ова ќе биде одличен период за вас. Мај ќе ви биде месецот за просперитет. Би било прекрасно доколку успеете да заминете на патување со семејството и пријателите. Во текот на јуни ќе имате одлична деловна соработка со колегите. Поминувајте што повеќе време со своето семејство за психофизички да се подготвите за следните месеци. Јули ќе биде потежок месец за родените во знакот на Овен, но со доволно трпение ќе го преживеете месецот. Во август ќе бидете потполно исполнети: Ќе имате пари, љубовниот живот ќе ви биде добар, а здравјето одлично. Септември ќе ви донесе многу драми во вашиот живот и ќе морате да направите големи промени кога е во прашање вашето здравје. Многу љубовни врски ќе бидат ставени на тест за издржливост. Во октомври, кога станува збор за однесувањето со другите, вашите вештини ќе дојдат до израз, како на работа така и на емотивен план. Ноември е месец на трансформации. Ќе бидете на врвот од својата работна кариера, но и во љубовните односи, па затоа во декември ќе нема потреба да бидете под стрес. Оваа година без сомнение ќе ви биде исполнета со среќа, но и со привремени препреки.

Бик

Јануари е одличен месец да се фокусирате на својата кариера, а во љубовните и сексуалните односи ќе ви владее потполно блаженство. Во февруари ќе планирате многу важни деловни проекти, но тоа нема да го спречи вашиот љубовен живот и понатаму да напредува. Март е месец на пријателства и дружења, но можно е да бидете окупирани и со решавање одредени важни семејни прашања и проблеми. Во април вашиот љубовен живот би можел да биде на удар, затоа бидете внимателни, а што се однесува пак до финансиите, тие ќе бидат подобри од кога било претходно. Во мај ќе бидете преокупирани со својата здравствена состојба, затоа што е можно да имате сериозен проблем со нозете. Во јуни не донесувајте големи деловни одлуки. За родените во знакот на Бик во јули ќе се појави некој нов интерес, а постои можност и за нова љубов. Не претерувајте со трошење пари. Во текот на август ќе се посветите на преуредување на просторот во којшто живеете, но веројатно е да не ви оди сè по планираното. Вашиот начин на живот во септември би можел да претрпи драстични промени. Во текот на октомври ќе запознаете нови партнери, како деловни, така и љубовни. Посветете повеќе внимание на себе, посебно ако сакате да симнете неколку килограми. Во декември ќе имате целосен напредок. Сè на сè, 2016 за вас ќе биде сјајна година во која ќе го промените начинот на размислување, животните ставови и ќе почнете да размислувате на целосно нов начин.

Близнаци

Во јануари ќе имате неверојатен напредок на поле на кариерата, но поради тоа ќе трпи вашиот семеен живот. Во февруари ќе ви се отворат нови можности за работа, дополнително образување и патувања. Март ќе биде прилично тежок месец, па препорачливо е добро да размислите пред да се впуштите во нова врска. Во април сè ќе се врти околу вашето семејство и подобрувањето на односите меѓу членовите, додека пак мај ви подготвува нови флертови и врски, најверојатно со колеги од вашата работа. Во јуни приходите ќе ви бидат стабилни, а тогаш ќе отидете и на годишен одмор. Сепак, водете сметка за вашиот црн дроб и бубрезите. Во текот на јули ќе уживате во парите, добрата работа и среќните моменти со фамилијата, додека пак во август треба да бидете спремни за деловни и лични конфликти. Септември ви носи многу возбудливи моменти. Во октомври внимавајте на своето здравје, одберете диета и режим на вежбање коишто ви одговараат. Ова е одличен месец доколку сакате да стапите во брак или да имате деца. Во ноември спремете се за возбудувањата коишто следат. Во декември ќе бидете окупирани со друштвени случувања, а многу парови кои се веќе верени ќе решат да стапат во брак. Парите нема да ви претставуваат проблем и ќе имате целосен мир. Ова е година во која треба да ги искористите можностите што ви се појавуваат. Клучот на успехот се крие во новитетите кои ги воведувате и поради кои вреди да ризикувате.

Рак

Поради недостиг на пари во јануари ќе бидете под мал стрес, но овој период ќе биде одличен за работа. Не влегувајте во нови врски во текот на февруари. Тогаш ќе успеете и да се изборите со најголемиот умор. Во март повеќе ќе се грижите околу својата кариера отколку за своето семејство, додека во април ќе дојде до зголемување на платата или преминување на подобро работно место. Мај ќе биде доста динамичен месец, но внимавајте на несогласувања со вашиот партнер. Во јуни посветете повеќе внимание на себеси, но посветете му внимание и на вашиот партнер, приредувајќи му романтични моменти. Во септември повеќе време ќе посветите на вашето семејство, родителите, децата и пријателите. Посебно мајките коишто се родени во овој знак ќе остварат одличен однос со своите деца. Во октомври финансиите ќе ви бидат нестабилни, но тоа нема да ве премисли доколку сакате да забремените. Посебно продуктивни на работа ќе бидете во ноември, но можни се проблеми со здравјето, па затоа посветете внимание на црниот дроб. Во декември целосно ќе се посветите на кариерата, но би требало да се насочите и кон алтернативните начини на лечење за да го подобрите своето здравје. 2016 ќе ви биде одлична година за сопствен развој и напредок, па затоа никако не се навраќајте на минатото.

Лав

Јануари е месецот којшто најмногу ви ветува љубов, работа и здравје. Во февруари внимавајте на своето здравје, затоа што многу ќе работите. Во март решете ги сите конфликти, затоа што ова е одличен момент за целосен почеток. Било да сте на работа или дома, во април ќе морате да се фокусирате на носење многу исправни одлуки. Мај ќе ви биде тежок, затоа што ќе дојде до промена на работите или во љубовта, работата или на поле на финансиите. Во јуни пак морате да бидете премногу стрпливи. Иако во љубовта нема да биде сè како што планирате, на крај сè ќе заврши добро. Затоа бидете смирени и не донесувајте избрзани одлуки. Иако август е месец на голема среќа, морате да бидете спремни за кавги со вашиот партнер околу финансиите. Во септември ќе дојде до драматични промени во вашиот живот и многу бракови ќе поминат низ големи кризи, но затоа слободните Лавови ќе уживаат во нови врски. Обрнете внимание на своето семејство токму во октомври, затоа што ова е одличен месец доколку сакате да забремените. Во ноември посветете повеќе внимание на вашето здравје, а алтернативните методи на лечење може да бидат многу делотворни. Декември ќе биде исполнет со забава и возбуда, а вие ќе се трудите сите околу вас да бидат максимално расположени. Ова е година во која ќе дојде до многу нови работи и напредок, но морате да се потрудите да не бидете екстравагантни и попустливи.

Девица

Јануари ќе го поминете правејќи планови за иднината, додека во февруари ќе настојувате да најдете начин како да го балансирате деловниот и приватниот живот, па ова би бил одличен период да заминете на краток одмор со пријателите. Во март потрудете се да не станете жртва на преголемиот стрес, но очекувајте и поголеми промени. Во април ќе напредувате и на деловен и на љубовен план, а наскоро ќе се зголемат и вашите финансиски примања. Многу можности ќе ви се отворат во текот на мај, што е одличен период за напредок во кариерата. Во јуни сите проблеми ќе ги решавате на начин на којшто вие сте замислувале, а љубовниот живот ќе ви биде во мала криза, но затоа планирајте работно патување. Јули е одличен за напредок во кариерата и образованието, но внимавајте на вашето здравје. Во август ќе се појават извесни семејни проблеми, но не дозволувајте тие да го одвлечат вашиот фокус. Има големи шанси во септември да ја запознаете вашата вистинска љубов. Научите да се опуштите, а финансиите сами ќе дојдат. Во октомври ќе бидете посебно финансиски стабилни, затоа што ве очекува одлична заработка. Ова е момент кога би требало да се поврзете со роднините и пријателите со коишто одамна не сте во контакт. Ноември е добар период доколку планирате деца. Во декември морате да се сконцентрирате на сопственото здравје. Исто така, одредени случувања во вашето семејство ќе ви одземат многу време. Би требало да испланирате пат со вашиот партнер. Ова е година во којашто вашата личност ќе напредува, но морате да бидете отворени за нови идеи и да не се плашите од поголемите промени доколку сакате да успеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар