Магнети за лоши ситуации: Кои хороскопски знаци се најголеми баксузи?
Сите ние сме поминувале низ тешки периоди од нашиот живот кога сме имале чувство дека сме баксузи, магнети за лоши ситуации или личности кои секогаш привлекуваат несреќа. Но, колку има вистина во овие верувања? Според астрологијата, овие 3 знаци се оние кои најчесто се прашуваат што згрешиле за да ги снајде ваква судбина…
Девица
Девиците се вешти во решавањето туѓи проблеми и советувања, но самите себеси не знаат како да си помогнат. Кога се нервозни, тие чистат, па затоа и животниот простор им е толку стерилен што гостите дури се чувствуваат малку непријатно, напнато и неудобно во него. Тие се склони да имаат ред околу себе, па затоа и сè уредуваат, етикетираат и сортираат. Доколку нешто не им одговара, веднаш почнуваат да паничат.
Нивниот живот постојано им предизвикува непријатни изненадувања. Тие таман средиле сè и на тепихот ќе им се истури чаша сок од боровинки. Таман ја откриле својата насока во емотивниот компас и одеднаш се случува нешто неочекувано што ќе ги натера одново да почнат да се преиспитуваат. Тие целиот свој живот нешто поправаат и средуваат, па затоа и постојано се прашуваат зошто ги следи ваква судбина.
Вага
Тоа што Вагата најмногу ја погодува е неправдата. Таа ја забележува насекаде околу себе и често ја чувствува и на својата кожа, нарушувајќи ги нејзините мир и среќа. Вагите спаѓаат во оние луѓе кои прво дејствуваат, а потоа со денови размислуваат како поинаку би можеле да постапат и што би било ако било… Од друга страна пак, кога решаваат туѓи проблеми тие ги доживуваат како свои и поради тоа се сметаат за емпати.
На нив им одговараат убавите луѓе и луксузните нешта. Изгледот им е многу важен, па затоа и никогаш нема да можат да се помират со знаците на стареење. Тоа за нив е една од најголемите неправди во светот. Често сакаат да си играат детективи, да разоткриваат превари и лажговци, но проблемот е во тоа што сите овие нешта ги сфаќаат премногу сериозно. За нив дури и самиот факт дека постојат лоши луѓе е лична навреда.
Риби
Рибите си се самите себеси проклетство. Тие слабо контактираат со реалноста и секогаш запаѓаат во непријатни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и без да размислат. Тие во својата глава имаат зацртано како нивниот живот треба да изгледа и како совршениот свет би требало да функционира. Бидејќи постојано ѝ се спротивставуваат на реалноста, тие еден ден ќе се обидат и да ја победат.
Кога се наоѓаат пред проблем кој тешко се решава, најпрво на сила ќе се обидат да го доведат на своја територија, во некој свој свет каде што владеат сосема различни закони на физиката, математиката и духовното. Ова особено доаѓа до израз кога се понесени од своите емоции. Токму затоа и запаѓаат во неволја многу почесто од останатите знаци.