Љубовни грешки кои ги прави секој хороскопски знак

Љубовни грешки кои ги прави секој хороскопски знак

Прекинувањето на врската никогаш не е пријатна работа, а за тоа најчесто се виновни двајцата партнери. Но, иако раскинувањето на врската не е само ваша вина, убаво е да прочитате како вие сте придонеле да дојде до тоа. Хороскопскиот знак ви ги открива грешките кои ги правите во љубовниот живот.

Љубовни грешки кои ги прави секој хороскопски знак

Овен

Самоувереноста на овенот, која на почетокот на врската можеби била привлечна за другиот партнер, може само да се претвори во пречка како што поминува времето. Овните мораат да поработат на својот егоизам  и понекогаш да го стават партнерот на прво место. Компромисот исто така е основа на секоја добра и квалитетна врска. Нивните брзоплети реакции понекогаш знаат да претставуваат проблем во врската, бидејќи на другите им е тешко да се справуваат со нивните изливи на бес.

Бик

Биковите кои се во долга и стабилна врска, често знаат да се запустат. Тие се чувствуваат пријатно, па претеруваат со храната и пијалаците, непазејќи на физичкиот изглед, што после некое време на партнерот може да му стане непривлечно. Покрај тоа, тие стануваат и мрзливи за романтика, а партнерот почнуваат да го сфаќаат здраво за готово. Биковите се склони на партнерот долго да му замеруваат за истите грешки и секогаш ги водат истите кавги.

Близнаци

Близнаците се склони кон флерт, па партнерот покрај нив може да се чувствува несигурно. Не оставаат впечаток на стабилност и сигурност, поради што саканата личност мисли дека не може да се потпре на нив. Имаат тенденција често да го менуваат мислењето и расположението, а тоа е уште една карактеристика која им пречи на другите.

Рак

Раковите уште на почетокот од врската стануваат зависни од партнерот, а спомнувањето на заеднички живот и брак во рана фаза од врската, секого може да преплаши. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, поради што тие често се чувствуваат загушено. Лесно се навредуваат и се многу чувствителни, па многу лесно можат да останат повредени.

Лав

Големото его на лавот е нешто со кое партнерот треба да научи да се носи. Не е лесно да се живее со личност која лесно се навредува и која после тоа со денови му замерува на партнерот за истата ситница. Лавовите секогаш се ставаат себеси на прво место и тоа со текот на времето станува вистински проблем. Не ги признаваат своите грешки, а покрај тоа се склони кон флертување, па партнерот покрај нив не се чувствува баш сигурно.

Девица

Срамежливите девици тешко ги откриваат своите вистински емоции, па нивниот партнер не знае што всушност тие чувствуваат. Живеењето со девица може да биде многу напорно бидејќи тие се премногу критични и секогаш знаат да најдат мана во сè. Тежнеат кон совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во малите, обични работи, кои го прават животот совршен. Нивната опседнатост со чистотата и здравјето, знае да иритира.

Вага

Љубовниот живот на вагите знае да биде хаотичен, бидејќи честопати одбираат погрешни партнери, кои не се добра основа за врска. Кога се во врска, се многу неодлучни и постојано размислуваат дали нивниот партнер е оној вистинскиот. Освен тоа, претставниците на овој знак се многу склони и на флерт. Не сакаат да се расправаат, па го кажуваат она што нивниот партнер сака да го чуе, што може да постане проблем, бидејќи искреноста е темел на секоја успешна врска.

Скорпија

Скорпиите секогаш тежнеат да одат на сѐ или ништо, па не е лесно да се следи нивниот чекор. Во врските стануваат љубоморни и посесивни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа многу се таинствени, па љубената личност секогаш се чувствува како скорпијата нешто да крие од нив и не е потполно искрена. Скорпиите се злопамтила кои никогаш не простуваат сосема, а ситните кавги редовни ги претвораат во долготрајни караници, исполнети со обвинувања и обиди за емоционална манипулација.

Стрелец

Стрелците се честопати нечувствителни и невнимателни, па ги повредуваат чувствата на нивниот партнер, а не се ни свесни за тоа. Живеат за возбуда и акција и затоа сѐ им досадува брзо. Нивниот партнер се чувствува како да мора постојано да биде интересен, што му создава голем притисок. Најголемиот проблем во љубовните врски на стрелецот, е неговата потреба да има потполна слобода и свој посебен социјален живот, а тоа секако не им одговара на многу негови партнери.

Јарец

Јарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне потполна доверба во неговиот партнер, а тоа е многу долготраен процес, поради што неговиот партнер ќе се исфрустрира. Во ниеден случај не е лесно да се живее со меланхолична личност која се грижи за секоја ситница, а неговиот песимизам се пренесува и на околината. На јарците им недостасува спонтаност, тие се многу оптоварени со нивната работа, поради што животот со претставник на овој знак, станува монотон.

Водолија

Потребата на водолијата за слобода и индивидуалност може да биде исцрпувачка за нејзиниот партнер, кој понекогаш се чувствува дека сите други луѓе на светот ѝ се поважни од него/неа. Богатиот друштвен живот на водолијата, ги прави многу нејзини партнери љубоморни. Во некои случаи недостатокот од интимност и романтика може да доведе до оддалечување на партнерите. Воедно, љубената личност секогаш знае што водолијата мисли, но не знае што чувствува, бидејќи таа избегнува да зборува за емоции.

Риби

Рибите живеат во свој свет и честопати го идеализираат нивниот партнер, но нивните нереални очекувања е навистина тешко да се задоволат. Честопати се впуштаат во врски со личности кои не ги заслужуваат или личности кои имаат тајни љубовни врски настрана. Обично имаат комплициран љубовен живот, а поради нивната пожртвуваност спремни да се трпат многу, а тоа нивните партнери често ги искористуваат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар