Љубовен хороскоп за оваа пролет: Време е за романса! - Part 2

Љубовен хороскоп за оваа пролет: Време е за романса!

Вага

Ве очекува успех во секој потфат, доволно е да продолжите да се движите напред кон целта. Во март речиси со сите ќе можете да најдете заеднички јазик, а во април можно е зголемување на приходите. Што се однесува до личниот живот, пролетта ќе ви биде инспирација за нови искуства, особено во поглед на љубовта.

Љубовен хороскоп за оваа пролет: Време е за романса!

Скорпија

Пролетта ќе ви донесе хармонија и разбирање во вашиот семеен живот, а доколку не сте во врска ќе ве очекуваат ново, занимливо познанство. Тоа ново познанство ќе започне постојано да ве опсипува со внимание што ќе ве направи среќни и задоволни. Сепак, важно е да расчистите секаков контакт со старата врска за да започнете нова.

Стрелец

Во текот на пролетта ќе бидете зафатени со вашиот професионален развој и вреди да се напомене дека ќе наидете на профитабилни понуди кои не смеете да ги пропуштите. Покрај тоа, успешно ќе се справите со сите проблеми кои не успеавте да ги решите досега. Сепак, не значи дека нема да имате време за љубов покрај многубројните работни задачи. Новите познанства ќе бидат пријатно искуство, но уште поважно е тоа дека во април ќе ви се оствари желбата поврзана со саканата личност.

Јарец

Во месеците што доаѓаат, ве очекуваат среќни работни денови, а не се исклучува и можноста за патување кое ќе ви остави убави впечатоци. Вреди да ја слушате вашата интуиција бидејќи само таа нема да ве изневери, особено доколку се работи за неочекувана понуда која може целосно да ви го промени животот. Направете сè за врската да биде хармонична.

Водолија

Април и мај ќе ви донесат незаборавни љубовни состаноци исполнети со среќни моменти. Најверојатно ќе имате можност да отидете на патување со вашата сакана личност. Во март можни се тешкотии во врската, но сè ќе се реши само по себе. Овој период ќе биде погоден за градење нови познанства и пријателства, а луѓето околу вас ќе бидат импресионирани од вашата позитивна енергија. Март ќе биде поволен период да му ставите крај на негативното минато и да започнете нов живот.

Риби

Доколку не сте во врска, астролозите ви предвидуваат судбоносна средба во текот на следните месеци. Покрај тоа, тие прогнозираат дека набргу ќе ви се остварат соништата, особено во поглед на љубовта и семејството. Почесто дружете се со другите и развивајте ја вашата креативност. Тоа ќе ви помогне да научите како да останете смирени и да не се грижите за сосема непотребни работи и како да воведете ред во вашиот живот.

Откако го прочитавте љубовниот хороскоп за оваа пролет, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата љубов во март.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар