Љубовен хороскоп за ноември: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта?

Љубовен хороскоп за ноември: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта?

Не пропуштајте го љубовниот хороскоп за ноември!

Љубовен хороскоп за ноември: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта?

Овен

На почетокот на месецот ќе бидете подготвени за нова фаза во врските, но ѕвездите ве советуваат да не брзате. Пред тоа, вашата врска мора да помине низ одредени пречки. После тоа, вие ќе одлучите дали сте подготвени да ја продолжите врската. Во втората половина од месецот треба да ги слушате вашите чувства. Овните кои се во врска треба да ја намалат љубомората, бидејќи тоа нема да донесе ништо добро.

Бик

Астролозите ве советуваат да ги слушате вашите чувства и да го земете предвид искуството од минатото. Во многу ситуации вреди да се преземе иницијатива. Доколку сте слободни, треба да излегувате што е можно повеќе и да запознавате нови луѓе бидејќи тоа ги зголемува шансите да најдете сродна душа. Доколку сте во врска, ќе сакате да направите чекор напред.

Близнаци

Слободните Близнаци се секогаш во потрага по својата сродна душа. Размислете за себе и одморете се. Кога ќе престанете да се обидувате да ја пронајдете вашата љубов, таа сама ќе ве сретне – онаму каде што најмалку очекувате. Обидете се да се дружите само со вистински и сигурни пријатели.

Рак

Ве очекува успешен месец во поглед на љубовта. Блиските луѓе ќе ви ја пружат потребната помош и поддршка. Сепак, за брачните парови на почетокот на месецот постои ризик од конфликти и несогласувања. Секогаш обидувајте се да комуницирате отворено и да најдете решение. Втората половина од месецот е поволна за заеднички патувања и планирање важни чекори во заедничкиот живот. Слободните Ракови ќе имаа можност да се запознаат со нови луѓе. Не откажувајте се од забавата – можеби ќе ја сретнете вашата сродна душа токму таму.

Лав

Осамените Лавови ги очекуваат интересни познанства во ноември. Иако нема веднаш да ви бидат возвратени чувствата, сепак тоа ќе биде дел од играта. Промените во личниот живот и ослободувањето од минатото ќе ви помогнат да ја запознаете вашата љубов. Доколку сте во врска, обидете се да воспоставите компромиси и да ја вратите довербата на вашата сродна душа. Овој месец поминувајте повеќе време со партнерот.

Девица

Доколку не сте во врска, ноември ќе ви биде најуспешен месец во поглед на љубовта. Тоа значи дека судбината ќе ви даде многу шанси да ја запознаете вашата сродна душа. Обидете се секогаш да бидете во центарот на настаните. Бидете сочувствителни кон другите луѓе и не осудувајте никого. Семејните Девици, пак, ќе размислуваат за проширување на семејството. Заедничките домашни работи ќе ви помогнат да се поврзете со вашиот животен сопатник.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар