Љубовен хороскоп за февруари 2019-та година
Февруари е месецот на љубовта и сите хороскопски знаци ги очекуваат добри вести. Дознајте што можете да очекувате од љубовта во овој месец според вашиот хороскопски знак.
Овен
Февруари ќе ви биде интересен месец, без разлика дали сте сингл или во врска. Оние кои се во врска ќе уживаат со нивниот партнер во многу забавни заеднички моменти. Доколку сте во подолга врска можеби планирате да одите чекор подалеку, а ѕвездите ќе бидат на ваша страна. Слободните Овни би требало да обрнат внимание на колегата што им се допаѓа бидејќи можеби тој е нивната нова љубов.
Бик
Февруари ќе биде во знакот на дружењето, излегувањето и поминувањето време со пријателите. Но, колку и да уживате во овие дружби, ќе сфатите дека љубовта сепак ви е на прво место и дека сте му обрнувале малку внимание на партнерот. Па, време е да ја обновите страста и да му подготвите вистинско изненадување на партнерот. Доколку сте сингл, дружењето ќе ви го прошири видикот, но и ќе ви ги зголеми шансите за љубов.
Близнаци
Во изминатиов период сте насобрале многу емотивен товар кој сега не ви дозволува да ѝ се препуштите на љубовта. Но штом ќе одлучите да расчистите со минатото, ништо нема да ве спречи да бидете среќни и вљубени. Оставете го минатото зад вас и дајте си шанса повторно да се вљубите.
Рак
Пред вас е тежок период и ќе бидете соочени со многу проблеми на љубовен план. Иако односот со партнерот ќе ви биде стабилен и мирен, во вас ќе има вистинска борба. Одеднаш нема да бидете сигурни дали го сакате тоа што го имате и дали сте задоволни од врската. Пред да донесете каква било одлука за која можеби ќе се покаете, добро размислете за вашите опции. Најдобро е отворено да разговарате со партнерот.
Лав
Во вашиот живот конечно владее хармонија и конечно можете да кажете дека сте задоволни со она што го имате. Негувајте ја вашата врска и секојдневно потсетувајте се дека сте среќни со она што го имате. Доколку сте сингл, ќе имате неколку прилики за врска или авантура, но немојте да очекувате веднаш да се појави љубовта на вашиот живот.
Девица
Иако не сте најдруштвената личност на светот, овој месец ќе ви годат моментите со пријателите. Постојано ќе бидете расположени за излегување. Доколку сте сингл, поканите за забава нема да бидат само начин да се расположите, туку и шанса да го најдете вистинскиот партер. Доколку сте во врска, сè повеќе ќе се поврзувате со партнерот, а вашиот однос ќе станува постабилен и посериозен. Најдобро е да им се препуштите на чувствата бидејќи и двајцата знаете дека оваа врска има иднина.
Вага
Февруари е месецот на љубовта за сите хороскопски знаци, па мудро искористете го овој период. Доколку сте сингл можеби ќе го промените вашиот статус, бидејќи целото внимание на спротивниот пол ќе биде свртено кон вас. Доколку сте во врска, односот со партнерот ќе биде стабилен и хармоничен, а и двајцата ќе бидете расположени за нови активности.
Скорпија
Пред вас е навистина возбудлив месец. Доколку ви се излегува повеќе од кога било порано, искористете ја оваа мотивација и можеби ќе го сретнете идниот партнер. Никогаш не знаете кој ќе го освои вашето срце. Доколку сте во врска, ќе се чувствувате одлично, а можеби и ќе се одлучите да ја однесете врската еден чекор подалеку.
Стрелец
Во текот на овој месец ќе ви биде тешко да воспоставите рамнотежа помеѓу љубовниот и социјалниот живот. Од една страна сакате да му обрнете внимание на партнерот, внимание коешто навистина му е потребно, но од друга страна ве привлекуваат сите други активности кои не се поврзани со него. Доколку не сакате да ја уништите вашата врска, важно е да направите компромис. Доколку сте сингл, ќе имате изразена желба за излегување и ширење познанства.
Јарец
Овој период ќе бидете навистина активни на љубовен план, особено ако сте слободни. Ќе го привлекувате вниманието на спротивниот пол и вие ќе одбирате на кого ќе му го подарите срцето. Доколку сте во врска, можно е да се соочите со проблеми со партнерот, но ако знаете како да ги решите, ситуацијата нема да биде толку лоша.
Водолија
Овој месец очекувајте го неочекуваното. Ѕвездите предвидуваат навистина необичен развој на настаните, но не во негативна смисла. Сосема спротивно на вашето однесување, навистина ќе полудите по вашиот партнер. Целосно ќе му се посветите, па ќе се изненадите и самите себеси.
Риби
Доколку сте во долга врска можеби ќе сакате да стапите и во брак. Сепак, постои опасност од недоразбирања поради вашите обврски на работното место. Но со отворен разговор и разбирање можете да решите сè. Доколку сте сингл, ќе имате среќа во љубовта, но само ако им се препуштите на новите и интересни познанства.
Дознајте и кои хороскопски знаци ги очекува навистина возбудлив февруари.