Љубовен хороскоп за есен 2019 година
Најважните аспекти во септември 2019 година ќе бидат полната месечина во знакот Риби, влегувањето на Меркур и Венера во знакот Вага, и директното движење на Сатурн. Почетокот на есента ќе биде означен со влегувањето на Сонцето во знакот Вага, кој подоцна ќе биде придружен и од младата месечина. Во октомври нè очекува директно движење на Плутон, влегување на Меркур и Венера во знакот Скорпија, како и полна месечина во знакот Овен.
Овен
Оние кои се сами, оваа есен сè уште ќе бидат во потрга по љубов. Сите слободни Овни ќе имаат тешкотии во пронаоѓањето партнер. Оние пак кои се во врска, ќе се трудат да го подобрат својот емотивен живот.
Бик
Во текот на есента, Биковите ќе ги сносат последиците од летните авантури, трудејќи се да ги остават за себе. Некои од нив ќе успеат, додека останатите, летната авантура ќе ја претворат во сериозна врска.
Близнаци
Во текот на есента, Близнаците ќе бидат спремни за нови почетоци. Ова најмногу се однесува на оние кои со години избегнуваат сериозни врски или брак. Сега ќе бидат спремни и на такви чекори.
Рак
Оние Ракови кои се во врска или брак, оваа есен ќе имаат прилично трнлив пат. Односот со партнерот ќе им биде ставен на голем тест, а и двајцата партнери често ќе бидат тврдоглави и инаетливи, па ќе бидат потребни обострани компромиси. Кај слободните Ракови, ситуацијата ќе биде друга. Постојано ќе им се појавуваат нови личности во животот, а тие ќе бидат спремни за уживање, истражување и за забава како никогаш досега.
Лав
Со пристигнувањето на есента следува уште една „доза“ помрачување која се поврзува со нивното поле на личноста и полето на емотивните и брачни партнерства. Ова е последниот период во кој Лавовите навистина треба да се борат за нивната љубовна приказна. Слободните Лавови во овој период ќе бидат во своето стандардно расположение, уживање и слобода.
Девица
За време на есента, доколку некои врски се прекинати во текот на првата половина на годината, во овој период може да дојде до обнова на односите. Кај некои Девици кои се во брак, ќе дојде до прекин на тајната љубов.
Вага
Со пристигнувањето на есента, оние кои го зачувале својот брак или врска, можат да бидат мирни. Неопходна е толеранција, а вие знаете како да ја задржите. Слободните Ваги ќе се препуштат на страстите, сè додека не ги погоди минатото и личноста која оставила белег на нивното срце. Повторно ќе започнат љубовните игри.
Скорпија
Со пристигнувањето на есента, сè ќе си дојде на свое место. Сега знаете на што сте. Ова се однесува на оние кои се во брак или во подолга врска. Што се однесува до слободните, во овој период некако ќе лутаат, малку ќе се навратат на минатото, малку ќе се активираат околу нови личности, иако ќе бидат свесни дека со нив можат да имаат само авантура.
Стрелец
За време на есента, Стрелците ги очекува проблеми во љубовните односи. Постојат шанси некои од нив, на почетокот од есента, конечно да стават крај на врската или на бракот, или пак нивниот партнер да одлучи дека не сака да има ништо повеќе со нив. На слободните припадници на знакот Стрелец ќе им биде превртен еден голем дел од минатото, па постои голема шанса да обноват врска со некој кој порано им бил партнер.
Јарец
Оваа есен, оние кои се во врска ќе имаат прилика да ја стабилизираат ситуацијата со саканата личност, но тоа ќе биде прилично тешка задача. Слободните Јарци овој период во главно ќе уживаат. Некои врски од минатото повторно ќе се појават, па треба да размислите дали е вредно да се издигнат од пепелта или не.
Водолија
Есента за Водолиите е време за испитување на ситуацијата, но ни во овој период нема да биде лесно. Некои односи нема да можат да бидат спасени. Од друга страна, оние кои се во подолги емотивни врски можат да отидат во друга крајност и нагло да се одлучат за почеток на заеднички живот или брак. Што се однесува до слободните, некои од нив ќе се одлучат да се вратат кај бившиот партнер, а другите ќе започнат со нови љубовни освојувања.
Риби
Есента им носи проблеми на сите Риби кои се во какви било забранети односи, без разлика се слободни или во врска. Со некои дилеми дефинитивно ќе завршат и ќе сфатат кон кои личности треба да се обратат и да им посветат внимание и љубов.
Дознајте и кој е најбрзиот пат до срцето на секој хороскопски знак?