Љубовен хороскоп за 2018-та за луѓето родени во годината на Волот
На 16-ти февруари започна годината на Кучето според кинескиот хороскоп. Бидејќи кинескиот хороскоп е малку поразличен од оној на кој сме научени, различни ќе бидат и промените.
Претставниците на годината на Волот се родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997 и 2009 година. Кинеската астрологија не го следи Грегоријанскиот календар што го користиме за обележување на 1-ви јануари како почеток на новата година. Наместо тоа, таа ги следи лунарните циклуси, па поради ова Нова година се прославува подоцна, околу февруари.
Во кинеската астрологија секое животно може да се подели на 5 елементи – злато, дрво, вода, оган и земја. Овие индивидуални типови на личност се случуваат само еднаш во циклус од 60 години. Ова значи дека во овој временски период ќе видиме Дрвен Вол само еднаш.
Се верува дека карактеристиките на личноста се диктирани од знакот и елементот на годината на неговото раѓање.
- Дрвениот Вол (1925-та и 1985-та) често е расеан, отворен за своите желби и без двоумење им помага на другите.
- Огнениот Вол (1937-ма и 1997-ма) може да биде неучтив и непрактичен.
- Земјениот Вол (1949-та и 2009-та) е многу искрен и може да биде екстремно одговорен.
- Златниот Вол (1961-ва и 2021-ва) може да биде многу вреден, посветен и популарен со пријателите.
- Водениот Вол (1973-та) е амбициозен и понекогаш премногу се грижи за тоа да го направи вистинското нешто.
Воловите се познати во нивното трпение и издржливост. Тие се амбициозни и настојуваат да го постигнат она што го сакаат без откажување. Верни им се на семејството и на партнерот. Воловите постојано ја набљудуваат ситуацијата и се обидуваат да пронајдат начин да ја подобрат. Прагматични се и можат да бидат тврдоглави штом ќе одлучат што или кого сакаат.
Воловите бавно се развиваат романтично и ретко се впуштат во безначајни врски. Речиси секогаш бараат партнер кому ќе можат да му се посветат. Овој знак не сака да се „расфрла“ со повеќе партнери истовремено и сака да го чека оној вистинскиот.
Тие се вљубуваат во луѓе кои ги почитуваат и кои им дозволуваат да бидат свои. Воловите ги ценат оние кои се флексибилни и кои можат лесно да се справат со нивната силна природа.
Додека понекогаш се тврдоглави кога станува збор за комуникацијата, добро е што не дозволуваат никому да влијае на нивните одлуки. Немаат потреба од согласувањето на другите за изборите што ги прават или за личноста со којашто сакаат да го поминат животот. Ако Волот се вљуби во вас, голема е веројатноста дека тоа нема да се промени.
На некој начин, Воловите ќе имаат повеќе проблеми во личниот, отколку во професионалниот живот. Тие брзо ќе напредуваат во нивната кариера бидејќи неуморно работат кон своите цели.
Воловите го гледаат светот како продолжение од нив и горди се на својата силна работна етика. Најдобрите врски за Воловите се оние кои ќе ги поддржуваат професионално и кои ќе ги научат да се подобрат.
Колку што се тврдоглави, Воловите се и толку чувствителни. Тие се поврзани со своите срца и не сакаат само врска, туку бараат вистинска љубов. Тие сакаат семејство за коешто ќе се грижат, но тајно посакуваат и партнер кој ќе ги штити. Иако изгледаат силни однадвор, потребен им е партнер кој ќе знае дека нивната тврдоглавост е со цел да го заштитат своето срце.
Но, 2018-та година ќе биде потешка за Воловите. Иако изгледа дека во изминатите години научиле многу лекции за тоа кои треба да бидат за да успеат, оваа година е последен тест за нив. Тие треба да научат што да направат и да го променат начинот на кој ги прават нештата.
Почетокот на годината им е напорен бидејќи вниманието им е одвлечено од проблеми со семејството и пријателите. Ова ќе ги натера да надополнат за изгубените време и пари во втората половина од годината.
Ќе сфатите дека трошите повеќе време со пријателите и семејството наместо на кариерата. Поради енергијата што ќе ја вложувате во врските и прекумерното работење, вашиот љубовен живот нема да ви биде приоритет во текот на годинава.
Ќе се чувствувате расеано поголемиот дел од времето. Ќе чувствувате стрес и фрустрација од другите делови на животот, а ова ќе има влијание на вашиот љубовен живот.
Иако изгледа како да ќе биде тешко, картите се во ваши раце и нема да им дозволите на околностите да ве контролираат. Можете да одберете да бидете свесни за семејството и пријателите, да бидете присутни на работното место и да не се „истурате“ на личноста што ја сакате.
Како и сè во животот, имате избор како ќе реагирате во дадената ситуација. Понекогаш е потребно да запомните дека без разлика колку безнадежна ви изгледа ситуацијата, вие сте единствените кои можете да пронајдете надеж.
Прочитајте го и вашиот краток кинески хороскоп за месец мај.