Љубовен хороскоп: Дали можат да функционираат два исти знака?

Љубовен хороскоп: Дали можат да функционираат два исти знака?

Во љубовта најдобро функционираат партнерите со исти земјени знаци, додека најлоша комбинација се врските помеѓу исти огнени знаци. Проверете дали би можеле да си најдете партнер/ка од вашиот знак и како би изгледала вашата љубовна врска.

(1) Љубовен хороскоп: Дали можат да функционираат два исти знака?

Два Овна – премногу темперамент

Веќе при првата средба на два Овна ќе се почувствува голема хемија. Но, таа голема страст брзо ќе им се „удри од глава“. Најчест проблем ќе претставува премногу сличниот темперамент, поради што кавгите и судирите ќе бидат неизбежни. Сепак, на почетокот од врската и двајцата партнери ќе даваат сè од себе. Но, крајот на врската нема да биде воопшто добар како убавиот почеток.

Биковите се компатибилни партнери

Припадниците на овој практичен и рационален знак се добар спој, кој зрачи со стабилност. Сличните ставови и цели се добар темел за долготрајна врска, а евентуалните расправии би се појавиле околу финансиите. Исто така, проблеми би можеле да настанат и поради слабата волја на двата партнера да ја издигнат врската на повисоко ниво.

Близнаците се партнери во авантурите

Флертот што доаѓа од два Близнаци секако има една посебна магија во себе. На овие партнери секако нема да им биде здодевно, а креативноста ќе блика од сите страни, особено во сексот. Сепак, на долгорочен план се многу нестабилни. Близнаците најчесто имаат потреба од партнер што ќе ги „приземји“, а тоа тешко можат да го добијат од припадниците на нивниот знак.

Два Рака одговараат, но со многу искуство зад себе

Пар од два Рака може да биде перспективен, но под важен услов – и двајцата партнери претходно да минале низ љубовен „бродолом“ и да извлекле пораки од таа тешка животна ситуација. За да успее врската, и двајцата мораат да знаат да ги почитуваат емоциите на партнерот и да не му забележуваат за слабостите кои ги носи во себе. Исто така, треба да се воздржат од постојаното анализирање на односот.

Лавовите се борат за превласт

Односот меѓу овие два огнени знака најчесто е нестабилен, затоа што нивната слична природа неизбежно ги води кон судир. Поради тоа што и двајцата тежнеат кон доминација во нивната врска, борбата за превласт ќе биде константна, а многу често ќе ја „зачинуваат“ и со погрдни зборови упатени меѓусебно. Двата Лава, многу често, по големи расправии се смируваат со страсни интимни односи, кои одново ги враќаат во „огнената“ врска. Но, колку и да се обидуваат, рамноправноста меѓу овие два знака тешко може да се постигне.

Девиците се одличен пар

За припадниците на овој знак, слободно може да се каже дека се создадени еден за друг. И двајцата имаат големи очекувања од партнерот, а за тоа се свесни во својата врска. Тие си даваат безусловна поддршка и го извлекуваат најдоброто еден од друг. Уште подобра комбинација се доколку пред врската биле пријатели.

Вагите меѓусебно си премолчуваат работи

Родените во овој знак можат да функционираат како љубовни партнери, но за да успеат во таа намера мора да вложат многу енергија. Двајцата тежнеат кон хармонија во нивниот однос, поради што ќе избегнуваат судири, а всушност тоа ќе ги полни со фрустрации и недоречености, кои можат да стават крај на нивната врска. Штом се насоберат негативни емоции, тие ќе избијат од нив како од вулкан.

Скорпиите мораат да ја надминат почетната криза

Страсните припадници на овој знак на почетокот од својата љубовна врска ќе имаат проблеми и несогласувања. Нивниот однос на стартот ќе биде исполнет со замерувања и смирувања, како и постојани осцилации во чувствата. Доколку ја надминат таа првична криза и најдат заеднички јазик, можат да функционираат во квалитетна врска.

Стрелците брзо ќе сфатат дека не си одговараат

Родените во овој знак тешко воопшто ќе дојдат и до ситуација од која што би можела да се изроди љубовна врска. На самиот почеток нивниот натпреварувачки дух ќе им оневозможи да се поврзат, но доколку успеат да остварат блиска релација и двајцата ќе почувствуваат страв од можната загуба на нивната слобода. За среќа, ќе бидат искрени еден кон друг и ќе си признаат што им лежи на душата.

Јарците се добар љубовен пар

Припадниците на овој знак во меѓусебна комбинација се создадени за стабилна и долготрајна љубовна врска. Добро знаат што сакаат во животот и во односите со луѓето, а доколку се појави љубов, тоа нема да го кријат и ќе ги почитуваат чувствата на партнерот. Исто така, ќе си даваат голема поддршка и во кариерата, а својот однос ќе го градат полека и сигурно.

Водолиите е подобро да си останат пријатели

Иако Водолиите можат да бидат одлични пријатели, кои ќе си помагаат во тешките моменти, во врската ќе бидат премногу егоистични. Во почетната фаза на нивниот однос ќе им биде забавно, но набрзо ќе почне да недостасува подлабок емоционален ангажман и љубовната врска ќе остане површна и бледа.

Рибите имаат подеднакво 50% шанси за успех и неуспех

Однадвор се чини дека две Риби се идеален спој, а за таквиот однос ќе навива и нивната околина. Проблем ќе настане доколку и двајцата партнери се по природа инертни, па и покрај големите планови, малку од тоа ќе се оствари. Тогаш можат да се јават недоразбирања и тешки ситуации. Но, доколку во врската, едниот партнер е „придвижувач“, тогаш двете Риби ќе останат заедно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар