Љубовен астролошки профил за женски Стрелци

Љубовен астролошки профил за женски Стрелци

Многу е лесно да се заљубите во жена со хороскопски знак Стрелец. Таа блеска со својата појава и ги остава мажите хипнотизирани. Ја сака забавата, авантурите и е голем идеалист. Стрелците го набљудуваат светот околу себе и ако вие сте вистинскиот маж за неа, таа ќе сака да станете составен дел од нејзиниот живот. Но, ако не сте вистинскиот за неа, очекувајте обратно сценарио. Поради тоа, немојте да бидете изненадени доколку таа избега од вас, додека вие се обидувате на секој можен начин да ја заведете и да го освоите нејзиното срце.

Женат Стрелец е тешка за освојување, бидејќи таа прво ја посматра нејзината околина и ако сте вие среќниот избраник, самата ќе се погрижи да ви се приближи. Таа се бори за она што го сака, но додека не го најде она што ѝ е потребно, таа постојано ќе биде во движење. Прашање е дали вие можете да го издржите нејзиното темпо?

Љубовен астролошки профил за женски стрелци

Како и останатите огнени знаци, таа сака да апсорбира што е можно повеќе убавини од животот. Колку повеќе учи нови работи и доживува нови искуства, толку посреќна се чувствува. Нејзиниот идеализам и филозофска природа ѝ овозможуваат да размислува пошироко и рационално. Нејзината љубопитност ѝ создава постојана жед за нова возбуда, ново патување, нова авантура. Доколку сакате да ја освоите, треба да се упатите кон правецот во кој таа веќе е тргната.

Овие жени се многу директни, брутално искрени и не размислуваат два пати пред да го кажат она што го мислат. Тие може и да не чекаат потег од ваша страна, туку самоиницијативно да ве поканат на состанок. Ако гледате дека е зазборена со другарките и не ве погледнува, тоа може да е знак дека сè уште ве нема забележано. Ако тоа е случај, ќе морате да се потрудите да ве забележи. Бидете оној кој е во центарот на вниманието, но не го правете тоа наметливо, туку суптилно и со стил. Кога ќе констатирате дека ве забележала и сè уште е зафатена разговарајќи со пријателите, тогаш почекајте до оној момент кога ќе мислите дека можете да ја прекинете или да ја начекате на само. Подајте ѝ парче хартија со вашето име и број, насмевнете ѝ се и заминете си.

Љубовен астролошки профил за женски стрелци

И машките и женските претставници на знакот Стрелец сакаат да го „ловат“ оној кој успеал да им го привлече вниманието, но уште повеќе им се допаѓа кога ќе успеат да го фатат „пленот.“ И покрај тоа што играњето мачка и глушец е најчесто многу интересно и може да создаде моќна сексуална тензија помеѓу играчите, ако трае премногу долго, Стрелецот ќе се сврти и ќе си замине. Таа ја обожава играта, но неколку партии „топло-ладно“ се премногу за неа. Многу е позабавна фактичката интеракција со неа, отколку задевањето и играњето играчки. Затоа, не глумете недостижен премногу долго, зашто потоа може да биде доцна.

На состанокот, појавете се убаво дотеран и бидете стратегиски играч. Оваа „жешка“ жена сака покрај себе да има партнер, кој ќе ја засмејува и ќе ја забавува. Ќе бидете изненаден колку жена родена во знакот Стрелец може многу лесно да ја освои некој кој ќе успее да ја насмее, наместо оние типови дрски мажи, по кои повеќето жени кубат коси. Додека се обидувате да ја разведрите, дозволете ѝ да зборува. Колку повеќе ја забележува вашата интелигенција и духовитост, толку повеќе ќе сака да ве задржи покрај себе. Во неколку реченици, дајте ѝ до знаење дека многу сакате да патувате и да посетувате разни типови места и таа ќе почне да размислува за начини, како да дојде таму со вас.

Љубовен астролошки профил за женски стрелци

Женските Стрелци се топли, авантуристички и ентузијастички настроени девојки, кои ја ценат нивната независност и слобода. Овие карактеристики морате да ги знаете во врска со девојкава, бидејќи што и да направите, нема да можете да ги промените. Мажот со кој таа ќе реши да остане долго време, е оној кој ќе ѝ остави простор да дише, но и причина да ги „засади“ нејзините корени. Излегувајте со неа, покажете ѝ места кои ви се допаѓаат и на кои никогаш не сте биле. Кога ќе почне да ги споделува сите нејзини интереси и авантури со вас, тогаш ќе дознаете дека сте на добар пат кон освојување на нејзиното срце.

Задржувањето на Стрелецот е најтешкиот дел од вашата задача. Таа е спонтана, забавна и голем авантурист. Дадете ѝ растојание и вашиот живот со неа, ќе стане исто така многу забавен. Дозволете ѝ да излегува или да работи некои задачи сама, без ваша помош, а потоа охрабрете ја да го сподели со вас нејзиното искуство. Ако имате отворен ум и широко срце, таа секогаш ќе се навраќа кон вас. Ако еднаш успеете да допрете до нејзината душа, та ќе ви ја покаже нејзината сензуална и страсна страна. Кога ќе стигнете дотаму, е тогаш започнува вистинската забава со Стрелецот.

Стрелците се најчесто спортски типови луѓе. Сексот е еден од нивните омилени спортови и тие се одлични во него. Сексот со неа, претставува рефлексија на нејзината природа: спонтана, дарежлива и жешка. Таа е директна во секој аспект од нејзиниот живот и ќе ви каже што ѝ се допаѓа, а што не, дури и во текот на сексуалниот однос. Ќе ви каже кога ќе сака да проба нешто ново, а кога да ѝ го правите она кое најдобро знаете да го правите. Бидете подготвени да ги спуштите пантолоните во секое време и секаде! Истото важи и за другите аспекти од вашата љубовна врска: секое ваше задоволство ќе се обиде да ви го овозможи во големи количини.

Љубовен астролошки профил за женски стрелци

За жал, и покрај тоа што таа е многу страсна и дарежлива жена, некои мажи ги злоупотребуваат овие нејзини убави особини и го уништуваат нејзиниот ентузијазам. Ако сте ваков тип маж, неа повеќе мерак ќе ѝ биде да ве гледа додека паѓате од карпа, отколку да се појавите на нејзиниот куќен праг. Стрелците се „диви“ луѓе кои се борат за нивната слобода по секоја цена. За нив слободата е подеднакво потребна за животот како што е дишењето. Ако не можете да поднесете да бидете со жена која има цврст карактер и идеалистички размислувања, тогаш заштедете си време и фрустрации обидувајќи се да ја освоите. Таа не сака и нема да ви дозволи да ја контролирате и дресирате.

Најсериозно, нема да сакате да бидете во близина на жена Стрелец со убиен ентузијазам. Таа ќе биде едно безживотно, досадно и неинтересно друштво. Животот е премногу краток за да живеете живот без енергија и возбуда. Доколку ѝ ја допуштите потребната слобода на вашата девојка со хороскопски знак Стрелец, таа за возврат ќе внесе ентузијазам и страст во вашиот живот и ќе ве одведе онаму, каде што повеќето се плашат да згазнат. Таа ќе направи со нетрпение да го очекувате секој нов ден. Ќе ве научи да сонувате големи соништа, да љубите подлабоко и да станете подобра личност.

Прочитајте љубовен астролошки профил и за машки Стрелци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Цеце Reply

    Точно од А до Ш….

  2. vanny.98@hotmail Reply

    100% tocno 🙂

  3. ljuba Reply

    ostanav bez zborovi, sepak ke kazam , od pocetok do kraj na tekstot e se vistina

  4. marina Reply

    se e tocno od zbor do zbor…

  5. ines Reply

    da taka e se e vistina

  6. Keti Reply

    100% tocno :))) koj kako nas 😛

  7. Nina Reply

    skroz

  8. Chris Reply

    wow ,bravo ,nema greska vo tekstov :))

  9. Анонимен Reply

    pozz do site strelci najdobriot znak najiskreni

  10. strelec Reply

    Neka se pazat: oven,jarec,vodolija a najveke skorpija

Остави коментар