Љубовен астролошки профил за женски скорпии
Ако сте заинтересирани за жена со хороскопски знак скорпија, тогаш мора да сте многу храбар маж. Таа е најексплозивниот и најинтензивниот хороскопски знак во зодијакот. Скорпијата е емоционално и физички моќна личност, со која не можете да си поигрувате. Ако пробувате да си играте играчки со неа, бидете сигурни дека таа ќе ве победи и ќе ве остави сами во ќошот да плачете со прстот во уста и да ја повикувате мајка ви на помош. Не постои простор за манипулација со овие девојки.Ако се однесувате лошо со неа, ги загрозите нејзините или емоциите на најблиските луѓе кои ù се во животот, таа ќе ве отпише од „списокот“ на живи луѓе. Во нејзиниот свет, работите или се случуваат како што треба или не се случуваат воопшто и нема простор за ништо измеѓу. Прво прашање коешто треба да си го постават момците кои се заинтересирани за скорпија, е дали се целосно подготвени за неа?
Претставничките на овој знак зрачат со финеса, мистериозност и волшепство. Тие на мажите знаат да им ја понудат идеалната количина на предизвик и соодветно да ги наградат кога го заслужуваат тоа. Скорпиите се многу емотивни и интуитивни. Тоа им дава една необична способност да ги откријат вашите задни намери, многу кратко откако ви поминале низ умот. Затоа, поштедете се себеси од срамот и останете реални кога ù пристапувате на вашата скорпија.
И покрај тоа што женските скорпии се многу среќни кога се во љубовна врска, сепак тоа не значи дека таа лесно ќе го даде нејзиното срце на некој маж. Многу е можно да има проблем да им верува на луѓето, бидејќи знае што значи да се чувствуваш повредено и разочарано – го осетила тоа на своја кожа повеќепати. Секој потенцијален партнер, ќе мора прво да помине низ серија од тестирања, за да може да дојде до стадиум во врската, во кој таа целосно ќе му ја отвори нејзината душа.
Ако момчето до неа умее да води добар разговор, поседува одреден степен на елеганција или има специфичен стил на однесување, најверојатно ќе успее да го освои ова мистериозно срце. Сè што треба да направи момчето кога ќе ја запознае, е да започне дијалог, во кој ќе се потруди да направи таа да се чувствува релаксирано и удобно. Значи мажи кои сакаат со сила да го наметнат своето знаење, самодоверба или интелигенција, не се добредојдени во нејзиниот живот. Таа верува само во оние искрените, кои не се плашат да ги покажат своите најдлабоки чувства.Скорпиите имаат голем опсег на интереси. Некои од нив слободно ги споделуваат со луѓето околу нив, а за некои ќе морате да бидете подолго дел од нејзиниот живот за да ги дознаете. Ниедна тема не е табу или надвор од дозволените граници за неа, ако знаете добро да ја поставите темата на разговор. Овие жени се отворени за нови животни искуства и секогаш се расположени да пронајдат нешто кое ќе ја разгори нивната страст. Тие ја обожаваат страста и се привлечени од неа. Колку повеќе нејзиниот партнер е страстен за некоја работа, толку повеќе таа ќе му се восхитува. Исто така, неа ù се допаѓа кога луѓето внесуваат страст во разговорот кој го водат. Дозволете ù да зборува кога ù се збори, но не форсирајте теми за кои не е во моментот расположена. Кога ќе дојде време, сама ќе ви каже сè што сакате да знаете.
Бидете сигурни дека 100% сте посветени на вашиот прв разговор со скорпија. Неа ù е многу битен првиот впечаток кој го оставаат луѓето. Ако сте ја слушале внимателно, ќе ви биде лесно да испланирате состанок со неа. Не е битно каде ќе ја одведете, битно е да ù посветите внимание и да ù покажете дека сакате да биде со неа токму на тоа место и во тоа време. Таа ќе ве посматра тогаш кога најмалку ќе го очекувате тоа. Покрај тоа што треба да бидете посветени на вашиот однос со неа, можете да ја искористите и нејзината моќна сексуална природа, така што ќе ја допирате додека разговарате. Држете ја за рака, погалете ја по рамената или прегрнете ја додека си муабетите, бидејќи спонтаните допири се сигурен начин за да ја заведете.Женските скорпии се истовремено и оган и мраз. Таа очекува да ù се предадете 100% на вашата врска со неа. Умее да даде многу, но и очекува многу за возврат. Ако сте имале неколку состаноци со неа, веќе ви е јасно колку интензивна и страсна жена е скорпијата. Момците кои си имаат работа со скорпија, можат да се најдат во позиција да се заљубат во жена, за која знаат многу малку работи, но не им е ни гајле, бидејќи се многу „залетани“ по неа. Кога еднаш ќе сфати дека сте нејзини, таа ќе сака да добие сè од вас. Таа е посесивен и сензуален љубовник кој го сака вашето тело и душа. Ќе ве љуби со истиот интензитет, како оној кој го поседува во себе и добро ќе се грижи за вас.
Кога станува збор за сексот со жена-скорпија, може да се каже дека не постојат зборови во речникот кои можат да го опишат. Жесток, интензивен, страстен, емотивен… За да знаете, морате да го искусите прво. Таа истовремено ја вжештува и разладува температурата на вашето тело и ги задоволува вашите потреби. Зрачи со сексапил и има многу здрава и нормална фантазија. Не се плаши ниту да експериментира, така што не плашете се да ја споделите вашата имагинација со неа.
Во врска со скорпиите има една добра и една лоша вест. Добрата вест за оние кои се заљубени во девојка со овој хороскопски знак е фактот дека не е наметлива девојка. Таа го цени нејзиното приватно време, слобода и независност, така што не треба да се грижите дека ќе манипулира со вашето време. Не толку добрата вест е дека таа има одмаздољубива природа и ако еднаш ја изневерите нејзината доверба во вас, најверојатно ќе треба засекогаш да се збогувате од неа. Имајте на ум дека сè додека сте искрени и отворени со неа, никогаш нема да ù згрешите.Клучот на секоја љубовна врска е отворената комуникација, а тоа особено важи за оние кои се во врска со скорпија. Ако сметате дека не сте на иста „бранова должина“ со оваа девојка, а сепак не можете да ја оттргнете од вашите мисли, бидете тотално искрени и кажете ù што сакате. Без разлика дали сакате да имате отворена врска или да бидете само пријатели за секс, кажете ù го тоа. Тоа е подобар избор, отколку да ја видите нејзината гневна страна, зашто не сте биле искрени со вашите чувства кои ги имате за неа. Нема потреба да се плашите од скорпиите. Тие се жени кои ќе ги разбудат вашите сетила, ќе ве одведат на нови височини и ќе направат да се чувствувате живо и сакано како никогаш досега.
Прочитајте љубовен астролошки профил и за машки скорпии.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Никол Кидман не е скорпија..не соодвејствува сликата…
Па сликата од Кидман не се однесува на хороскпоскиот знак, туку на длабокиот, мистичен поглед и таинственоста која ја поседуваат скорпиите, па затоа ја одбравме. Поздрав
Pozdrav Kristina , Predobra statija , no ako moze da pustis i eden vakov astro profil i za maski skorpii :))
Благодарам Бојан 🙂 Очекувај наскоро и љубовен профил за машки скорпии на кафе пауза.
Da sakame i za maski 🙂
so true… 😀
Sigurno pisuvan bil tekstov od skorpija. Inace :
Добрата вест за оние кои се заљубени во девојка со овој хороскопски знак е фактот дека не е наметлива девојка.
Epa ne bas,site sto gi znam ‘skorpii’ se nametlivi.
I jas sum skorpija,znam:D
ushte cekame za maskiot profil na skorpija
а за другите хороскопски знакови кога? 🙂
Ne se nametlivi in4e jas sum nenametliva 🙂
bukvalno se e tocno, osobeno za intenzivnosta vo emociite intuicijata i odnesuvanjeto… se pronajdov vo sekoj zbor.
Devojkata so go ostavila komentarot za Nikol Kidman 100 % ne e skorpija 😀
Ajde i za devica cekame :))
bravo!
ova se e vistina strast,,lojalnost vernost bez igri so cisto otvoreni karti i go dava celo srce bez rezerva ali ako ima greska e togas grda odmazdaaaaaa uffffff,,inace topol znak sum jas so doza na senzualnost i luda strast vo konbinacija so zazum i odlicen psiholog kissssss
Не сум скорпија, ама највлијателен знак во наталната карта ми е, додека читав буквално во се се’ пронајдов.
И дајте вакви статии за другите хороскопски знаци, многу на страницава се привилегирани скорпииве, нема смисла.
Фала пријатно 🙂
🙂 Скорпиите не се привилегирани на сајтов, туку од 23 октомври до 21 ноември беше нивниот период, па за нив и пишувавме. Сега ќе следуваат содржини за стрелците, па потоа за јарците, водолиите, рибите итн. Поздрав 🙂
За оние кои пишуваат за другите знаци. (чекае за оној знак, чекаме за овој знак) – ни збор. Овде станува збор за скорпиите, карактерите кои се и храби и чувствителни и уживањето во нашиот хороскопски знак го нарушуваат со девиците и јарците.
А што се однесува до текстот, во се се пронајдов, еноставно уживав додека читав бидејќи го обожавам мојот знак и се гордеам и кога само ќе го слушнам името, па макар и истоименото животно да го видам, некако ми се допаѓа суровоста, или одмаздољубивата особина кај скорпиите. Едноставно, си го обожавам знакот најмногу на свет! <3
Се си е точно, лошата вест е штонема вистински мажи кои би и одговарале на скорпијата.
NE E FER AJDE NAPRAVETE STRIKTNO I ZA ZENSKI BLIZNACI!!!!!!!
A za zenski lavici zosto nema? :/
Koga kje napravite za drugite znaci ? ? kako na primer za zenski bliznaci ?
Одлично,се е точно напишано,особено она одмаздољубивоста.некако тоа е моја карактеристика која ја поседувам и се гордеам со неа.а и она дека во животот се ни се случува како што треба или воопшто не се случува.се гордеам со мојот знак а и текстот е многу добро напишан па оние кои сакаат жена скорпија,нека размислат малку,но доколку се решени треба да бидат упорни бидејки малку е потешко да си во врска со скорпија,поздрав до сите скорпии
Уфф колку е само точен текстов, сите мои особини собрани на едно место … си признавам дека сум одмаздољубива, емотивна, интуитивна, сакам слобода, мое хоби е зборувањето (дрдорка), тешко стекнувам доверба во луѓето и секако кога некој ќе ми згреши не си поминува толку лесно и без последици 😛 Си го обожавам знаков 🙂
Nemam sto da kazam, znaci se e vistina so znakov, totalno opisuva sekoe zborce….
maski skorpii da. zenski za k,,ne gi biva 😀
lepi miren