Љубовен астролошки профил за женски Риби
Мистериозна, сочувствителна и љубезна се првите три карактеристики кои ќе ги забележите кај женските припаднички на знакот Риби. Таа со својот шарм, прави да посакате да дознаете што мисли, што сонува кога спие и кои се целите кои сака да ги постигне во животот. Вие чувствувате потреба да ја заштитите, сакате да ја засмејувате и да ја направите среќна. Таа со својата „магија“, ќе направи да не можете да помислите да бидете со друга девојка и ќе ве натера да посакате да застанете на нозе и да бидете во сериозна врска. Доколку сакате да ја заведете и успешно да го привлечете нејзиното внимание, осигурите се дека ќе ја почитувате нејзината женственост, ќе ѝ ја покажете вашата романтична страна и ќе бидете безрезервно обѕирни во врска со нејзините чувства и ставови. Доколку ги исполните овие нејзини очекувања, таа ќе ве посакува исто онолку колку што ја посакувате и вие неа.
Заведувањето жена со хороскопски знак риба, потсетува на периодичното излегување на романтичните новели кои се повеќе делови. Најпрвин ќе треба суптилно да флертувате со неа, да правите некои романтични гестови и заведувачки трикови со кои се служеле вашите дедовци и генерациите кои следувале пред нив. Можеби немате идеја како да започнете, но навистина немате од што да се плашите. Рибата е хороскопски знак кој сака да биде во врска и ќе ужива во секој дел од неа. За почеток, најдобро е да бидете директни со неа, но да го правите тоа на еден сензитивен начин и со стил. Генерално кажано, Рибите „паѓаат“ на мажи кои изгледаат цврсто однадвор, а се многу нежни однатре. Таа сака момче кое размислува позитивно, ѝ пружа поддршка, ја заштитува и носи промислени одлуки. Таа брзо се вљубува и некои мажи пред вас можеби го злоупотребиле ова кај неа, но вие имате шанса да бидете најдобриот досега.
Креативен начин да го освоите нејзиното срце е преку старомодните љубовни писма. Ова не значи дека треба да се заборавите пишувајќи пет страници во кои ќе ѝ кажете сѐ што ви лежи на срце. Неколку реда запишани на хартија, во кои ќе ги искажете вашите уникатни искрени емоции за неа, ќе бидат сосема доволни. Доколку ве бива за пишување, можете да ѝ составите и некоја кратка поема, но за што и да се одлучите, гледајте низ редовите да проткајува позитивна и мотивирачка мисла. Како што ќе пишувате понатаму, споделете неколку искрени детали од вашиот карактер и дел од вашите соништа. Самата идеја за „забранета“ љубов ќе ја возбуди рибата, а таинственоста на писмата ќе ја интригира. На почетокот можете да бидете по малку мистериозни, така што нема да се потпишете во љубовното писмо или пак можете да ја покажете вашата храброст и да ѝ откриете кој сте. Како и да решите да постапите, бидете сигурни дека само вие двајца ќе знаете за писмата.
Додека „работите на случајот“ за да ја повикате на кафе, запомнете дека за неа е многу важно да бидете учтиви и љубезни. Задржете ѝ ја вратата кога влегува и упатете и некој интересен комплимент. Дознајте какво кафе пие и донесете ѝ го на маса. Доколку ве покани на прослава за нејзиниот роденден, именден или што и да е, не заборавајте да ѝ донесете виолетови рози. На тој начин, ќе ја „поместите“ од земјата и ќе ѝ дадете повод да фантазира за вас, а верувајте – фантазирањето е нешто кое Рибите најдобро умеат да го прават. Со скромни романтични гестови, во комбинација со пристојно и љубезно однесување од ваша страна, дефинитивно ќе го освоите нејзиното нежно срце.
Кога ќе размислувате каде да ја однесете за вашиот прв заеднички состанок, имајте на ум дека оваа жена е романтична и перципира детали. Бидете креативни. Однесете ја во некое интересно артистичко кафуле, во музеј или на добра свирка/концерт, по можност на отворено. Ќе ѝ се допадне и доколку ја прошетате некаде во природа. Како воден знак, таа е „навлечена“ на нејзиниот елемент, па сака да биде во близина на реки, езера, песочни плажи итн. Без разлика каде ќе одлучите да ја однесете, обидете се да создадете визуелно стимулирачка атмосфера, во која таа ќе се почувствува како само вие двајца да постоите во светот и потрудете се да направите да ѝ биде удобно, за да ви тргне на добро муабетот.
Рибите сакаат покрај себе да имаат некој кого можат да го сакаат, кој е едуциран и умее да направи добар муабет. Овие жени се зборлести и сакаат да сонуваат на големо. Поради овие особини, тие сакаат да бидат со некој кој ќе зборува отворено, смело и јасно и ќе умее да „сонува“ живописно. Додека разговарате со неа, чувствувајте слобода да бидете искрени и отворени со неа. Таа ќе сака да знае сѐ за вас. Ќе сака да ѝ раскажете за првата девојка која ви го скршила срцето, а можеби ќе ви отвори тема на муабет и за нејзиниот омилен омекнувач за алишта. Потрудете се да ѝ оставите впечаток дека вие сте цврст како карпа и дека доколку е со вас ќе се чувствува безбедно и емоционално стабилна.
Доколку успеете да го стимулирате нејзиниот ум и го убедите нејзиното срце дека може да има доверба во вас, тогаш дефинитивно ќе можете да стимулирате и други „точки“ на нејзиното тело. Рибите водат љубов со целата своја душа. Во нормални услови, оваа жена не би имала секс со некој во кој не е вљубена. Таа внесува многу емоции во сексот, поради што овој чин го смета за интимно поврзување со партнерот на високо ниво. Таа сексот го доживува како врвна експресија на љубовта, која физички ја пресликува љубовната врска во која се наоѓа.
Зад затворени врати, таа е енергична и страсна. Нејзината сексуална природа е надворешно незабележителна, бидејќи е избалансирана со нејзината креативност. Неа може да ѝ се допаѓа играње сексуални улоги, а на моменти ќе ужива и доколку вие бидете доминантни. Исто така, може да ѝ се допаѓа и доколку сте по малку крут и покажете надмоќ над неа. Имајќи го ова на ум, доколку некоја вечер се најдете заедно под тушот и се забавувате додека ја бакнувате потпирајќи ја на ѕидот, бидете сигурни дека тоа е одличен потег од ваша страна.
Ако продолжите да го градите вашиот однос во оваа насока, нема да имате никаков проблем да ја задржите рибата покрај себе. Таа преферира дискретност наспроти директност и ќе ужива „читајќи“ го од вас, она што не ѝ го кажувате на глас. Доколку сте почнале од старт да ја заведувате со љубовни писма и пораки, правете го тоа одвреме-навреме и во подоцнежните фази од врската. Носете ја на некои убави места, кои ќе ѝ ја разбудат нејзината бујна фантазија. За неа, ситните убави гестови, имаат многу поголемо значење отколку скапите, материјални работи. Вашата љубов и поддршка, како и вашата способност да ја стабилизирате секогаш кога ќе се преоптовари со обврски, ќе ѝ значат повеќе и од најскапиот накит на светот.
На романтична девојка со хороскопски знак риба, ѝ е потребно да ја пронајде својата сродна душа, повеќе од што било друго на светот. Таа сака да биде со некој кој ќе разбере колку длабоко таа се грижи за светот околу неа и некој кој ќе ја разбира нејзината страст за животот. Нејзиниот партнер, во некои сегменти всушност мора да наликува на неа: да биде нежен, грижлив, сентиментален и романтичен, но и доволно силен за да може да ја заштити и стабилизира. Можеби ќе морате да ја пронајдете вашата романтична страна (доколку не преовладува во вашиот карактер), за да ѝ го освоите срцето на оваа жена, но откако ќе ја запознаете подобро и ќе го увидите нејзиното широко срце и љубопитна природа, ќе сфатите дека сиот труд, и тоа како ви се исплател.
Прочитајте љубовен астролошки профил за и машки Риби.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Дали ова важи и за тие што се подзнак риба? 🙂
Точно баш така.
Иако на прв поглед изгледа дека имаме премногу барања, сепак не е воопшто тешко да се освои една риба.
На крајот на краиштата, рибата е љубовница која лесно можеш да ја освоиш, но тешко да ја зачуваш.
bash taka ! 😀
Tocno ! 🙂
не за џабе сме риби, најоригинални сме 🙂
Se slozuvam so vas ribite nie sme unikatni koi ne samo sto sonuvame no i sonistata gi ostvarame !!! pozdrav do site ribi 😉