Љубовен астролошки профил за женски Ракови
Припадничките родени во знакот Рак најчесто погрешно се сфатени како непристојни, арогантни и непријатни личности. Запомнете, пред да почнете со каков било план за заведување, најдобро е да ја разберете и осознаете нивната личност. Тие сакаат партнер кој ќе ја разбере нивната нескротлива и променлива природа. Дури кога изгледа дека е лута на вас, таа едноставно така се „празни“ и ја ослободува негативната енергија. Тие се многу емотивни и знаат да ги пренесат своите чувства на другите околу нив. Спаѓаат во групата на оние знаци на кои поважно им е да посакуваат и мечтаат, отколку вистински да поседуваат.
Женските Ракови се многу едноставни кога станува збор за љубовта. Или ќе бидете со неа, или ќе ја оставите. Но, тоа не значи дека тие се без емоции и страст. Напротив, тие можат да бидат пречувствителни и полни со страст. Чекорат по својот пат стабилно и им веруваат на донесените одлуки, без да се навраќаат на минатото. Затоа, најдобро е да ја заведете жената Рак кога таа е расположена. Доколку не ѝ е погоден денот, сите ваши надежи се осудени на пропаст.
Како тогаш да ја „намамите“ жената Рак да се заинтересира токму за вас? Бидете директни. Таа сака партнер кој нема да биде материјалист и алчен. Бидејќи самите по природа се срамежливи и резервирани, тие се воодушевуваат и го ценат оној партнер кој е доверлив, искрен и секогаш отворен. Доколку не ги исполнувате овие услови, засекогаш ќе бидете избришани од нејзината листа. Кога оваа жена сака да биде со некого, без разлика дали ќе биде тоа врска или обична романса, работите ги сфаќа сериозно. Тие се личности кои не сакаат промени, освен во случај ако за тоа постои заедничка одлука.
Таа ќе нема проблем доколку реши да ве остави. Звучи сурово и така е. Но, покрај целото студенило, тие се страсни мечтатели. Женските Ракови се романтичари. Кога еднаш ќе го пробиете железниот оклоп, внатре ќе наидете на сладок пекол. Тие ја сакаат романсата и еротиката. Сакаат да бидат обожувани, сакани и чувани. Ако барате повеќе од пријател со бенефиции, тогаш направете сè за да допрете до нејзината емотивна страна. Кога е со вас, таа посакува да биде единственото нешто кое вие го гледате. Сака да биде сигурна дека вие сте тука само за неа и не постои друго место на светот каде би посакувале да бидете. Бели кринови или рози се одличен избор за подарок со што ќе ја добиете нивната наклоност. А верувајте, посакувате да станете нејзин миленик повеќе од што било на светот!
Овие припаднички повеќе ја ценат самата помисла за некое дело, отколку остварување на истото. Случајно сте ѝ купиле сребрена брезлетна со месечинки, бидејќи таа спомнала дека има интерес за небесните работи. Со тоа сте ѝ покажале дека внимавате што зборува. Кога ѝ оставате утринска порака на нејзиниот автомобил после состанокот, ѝ покажувате дека мислите на неа. Ја изненадувате со вечера со свеќи кај вас дома, и таа знае дека сакате да се чувствува пријатно бидејќи немате планови за надвор. Овие напори ќе ја придобијат нејзината доверба и таа ќе посака да бидете заедно уште повеќе.
Таа има традиционални ставови кога станува збор за состанувањето. Сака да биде сигурна во одлуката што ќе ја донесе. Немојте да бидете изненадени доколку „глуми“ недостижна и ве тера да ја освојувате по кој знае кој пат. Тоа е нејзиниот начин на кој ги елиминира идиотите и губитниците, од заштитниците. Тие се заситуваат и заминуваат. Жената Рак гледа на секој можен додворувач како потенцијален партнер кој ќе биде долгогодишен. Не, таа не очекува веднаш да ѝ понудите брак, само сака да знае дека го посакувате тоа што таа го мисли.
Таа нема да очекува понуда за брак толку рано во врската, но вие ќе бидете тие кои ќе го посакувате тоа. Штом ќе го придобиете вниманието на оваа жена, нема да сакате лесно да се одвоите од неа. Овие жени Ракови поседуваат црти на домаќинки и мајки. Не, таа нема да ја има улогата на мајка во вашата врска, но верувајте, ќе имате сè што ви е потребно дома. Таа ќе се грижи за работите кои ви се потребни и на двајцата и вие ќе бидете изненадени како досега сте живееле без неа. Понекогаш токму ваквите особини на овие жени може да бидат причина за проблеми и караници во врската.
Тие се личности кои секогаш ќе ве поддржуваат, што истовремено е и нивна слаба страна. Штом таа ве пушти во нејзиниот свет, ќе дознаете зошто било тешко да се освои уште првиот пат. Тие кои ја искористиле, длабоко ја уплашиле. Иако со текот на времето раните се лечат, кај овие жени тие никогаш не исчезнуваат. Затоа е важно да се разбере нивната личност. Понекогаш може да изгледа дека вие сте тие кои ја плаќате цената за другите, но тоа не е така. Оваа жена знае дека единствената личност која ќе ја заштити, е самата таа.
Да, жената Рак е тешка да се освои, но затоа кога ќе ја имате, сфаќате дека вредел секој ваш напор. Нејзината страст се споредува со онаа што ја има хороскопскиот знак Овен. Таа може да биде спонтана и возбудлива. Знае да сака длабоко и ужива во еротски љубовни сеанси со бакнежи од кои ѝ се свртува во главата. Никогаш не треба да се грижите дека ќе бидете напуштени, бидејќи таа е цврсто лојална. Таа нема да ве остави наеднаш без ништо, како што ја оставале неа.
Не дозволувајте суровата реалност од нејзиниот живот да ве разубеди да бидете дел од него. Таа со сигурност ќе го заборави минатото и нема да се навраќа на него. Сака да продолжи понатаму и посакува да има некој со кој заедно ќе чекори напред. Дајте ѝ шанса, разберете го нејзиниот нарав и ќе бидете наградени. Ќе имате прекрасна жена покрај вас која ќе ви понуди удобен живот исполнет со задоволства. Ќе ви подари љубовна врска која ќе биде возбудлива и стабилна. Со неа ќе ја почувствувате страста толку длабоко, што никогаш нема да заборавите колку сте сакани. Затоа, само напред, скршете ја железната школка, а потоа уживајте во сите слатки нешта кои ги поседува оваа жена.
Точно се до зборчe :)))