Љубовен астролошки профил за женски јарци
Смелоста е првото нешто со кое ќе ве маѓепса девојка со хороскопски знак јарец. Нејзиното природно однесување зад кое се крие храбра и моќна личност, истовремено ви создава спокојство и страхопочит за оваа девојка. Женските јарци привлекуваат внимание со самото свое присуство. Без разлика дали станува збор за ситуации од професионален или личен карактер, таа може да ги команда луѓето во просторијата само со нејзиното дишење. Доколку не ја познавате добро може да помислите дека изгледа како некоја ледена кралица, но реалноста е поинаква. Таа е страсна девојка, но тоа добро го сокрива, прикажувајќи му ја на светот само својата студена надворешност. Ако успеете да ја препознаете нејзината поинаква внатрешна страна, ќе бидете еден чекор поблиску до нејзините вистински намери со вас.
„Самоконтрола“ е многу соодветен збор за опис на карактерот на женските јарци. Контролирајќи ги своите емоции, претставничките на овој знак делуваат како да се во секој момент стопроцентно смирени, спокојни и присебни. Ним им е потребна таа самоконтрола бидејќи под површината се тотално спротивни. Оваа ледена кралица e во суштина една многу нежна и топла жена, која не чувствува потреба да им го покаже тоа свое лице на луѓето, освен ако нема проклето добра причина за тоа. Нејзините стандарди се навистина високи, па наместо да верувате дека таа ќе „падне“ на вашиот шарм, треба навистина да се потрудите да го освоите нејзиното срце, за таа да ви дозволи да јa видите нејзината внатрешност.
Реално, може попрво да изгубите верба дека нешто сериозно ќе се случи со оваа девојка, отколку да стигнете до некој повисок стадиум на освојување на нејзиното срце. Во некои моменти може да се чувствувате како обидот да ја освоите оваа девојка тотално да ви ја исцрпел енергијата. На почетокот, може и да не ве прима подалеку од куќниот праг ни како пријател кој ѝ дошол на кафе. Оваа жена го има сето трпение на светот и не се плаши да го употреби. Таа најверојатно си мисли дека не ѝ е потребен партнер, сè додека некој доволно упорен, не ја убеди во спротивното. Тајната е да бидете доволно мил, за да успеете да го стопите нејзиниот леден ѕид.
Без разлика што претставничките на овој знак честопати се окарактеризирани како силни и бестрашни жени, сепак ним потајно им се допаѓа кога партнерот е тој кој презема одреден дел од контролата. Работата нема да заврши на арно, доколку веднаш почнете да ја заведувате и шармирате. Нема да ви прости ниту ако направите грешка. Бавно но сигурно, е вистинското темпо со кое треба да се движите за да ѝ го затреперите нејзиното срце. За јарците, најдобри љубовни врски се оние чиј прогрес се движел по природен пат. Спријателете се со неа, покажете ѝ ја вашата поддршка и држете си го изливот на страст на минимум. Почетните разговори треба да ви бидат весели, површни и од општ карактер. Приближувајте ѝ се онолку колку што таа ви дозволува и за кратко време ќе се видите себеси, како седите со оваа девојка во некој интимен ресторан на романтична вечера.
Приватноста е уште една битна потреба на оваа жена. Пренагласеното покажување внимание на јавно место, озборувањата и мешањето на вашите родители во сите детали од вашата врска, се работи за кои нема простор во нејзиниот живот. Таа ја вреднува сопствената интима и сака да го сочува нејзиниот приватен живот зад затворени врати. Никој освен вие двајца, не треба да ги знае деталите за вашата врска. Со тек на време, како што ќе се проширува нејзината комфорна зона, таа можеби ќе ви дозволи да се однесувате поопуштено со неа на јавни места. Во секој случај, не терајте ја ништо да прави со сила, туку одете со неа дотаму до каде што таа ќе се чувствува удобно.
Движејќи ја врската пополека, вие станувате дел од нејзиниот живот. Ако сте доволно трпеливи и внимателно го следите нејзиниот начин на функционирање, од неа ќе добиете онолку љубов, колку што и самите сте ѝ дале. Со тек на време, таа би требало да се чувствува комотно со вас и би била доволно сигурна за да ве пушти под нејзиниот оклоп. Почнете да обрнувате внимание кога таа прави ситни работи за вас како да е ваш личен асистент. Тоа е нејзиниот начин да ви покаже дека се интересира за вас и за она што го правите и дека сака да ја искачи врската на повисоко ниво.
Женските јарци секогаш нешто планираат и калкулираат. Чим еднаш таа почне да прави ситни работи за вас, најверојатно бара начин како да ве заведе. До овој момент вие од неа сте добиле доза на топлина, па сега сакате уште. Пријдете ѝ на половина пат со поголема доза на самодоверба. Срамежливо и искрено флертување, ќе ве одведе до патот кон кој сте тргнале. Бидете креативни…
Само поради тоа што таа можеби ќе бара начин да ве заведе, не значи дека вие сте слободен и можете да уживате. Имајте на ум дека сè до потврдувањето на вашиот официјален статус, вие може да бидете фрлени како монета од два денари. Ќе забележите кога таа ќе се чувствува сигурно со вас и кога ќе ви верува. Иако можеби нема да ви се чини дека небото е розово и дека ангелите ви пеат, сепак ќе ја чувствувате промената во вашата врска. Кога ќе ви се укаже шанса да погледнете во минатото, ќе го увидите природниот тек и прогресот на врската.
Една од многуте придобивки од врската со жена јарец е нивната најголема тајна. Сета нивна сериозност и смирена надворешност, исчезнува кога ќе се заклучи вратата од спалната соба. Женските јарци се толку сексуални, што и самата помисла на секс може страшно да ги возбуди. Тие се големи авантуристки во кревет. Ги обожаваат чувствата и емоциите кои доаѓаат од страсниот и интимен секс. Ќе имате големи придобивки од нивното обожување на сексот.
Жените јарци чувствуваат потреба да ја рекламираат нивната вредност. Тие знаат дека вредат повеќе од сите работи кои се трудат да ги поседуваат. Развојот на нејзините приватни односи со луѓето, ги доживува како нејзина награда за вложувањата во професионалниот живот. Тие се исто толку посветени во приватниот живот колку што се во професионалниот живот, обидувајќи се двата да бидат најдобри што можат. Не се откажувајте од нејзе. Можеби ќе ѝ треба време, но штом ќе ви се посвети, наградата е бесценета.
Прочитајте љубовен астролошки профил и за машки јарци.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
TOCHO! 🙂
tochno de 😀
ve molam napisete i za zenski i maski vagi!
Додека читав имав чувство дека ме опишувате само мене! Секоја чест за тој/таа што го напишал постов! 😀
da tocnoe seto toa
TOCNO! Posebno za sexot..nema postrastveni i pozudni od nas 😛 :)))
tocno e ova, samo ne sekogas se do tolkava mera reervirani kon sekogo.
Koga ke objavite statija za nadvoreshen izgled na jarcite? 🙂