Љубовен астролошки профил за машки лавови

Љубовен астролошки профил за машки лавови

Вие сте во некое кафуле, си го пиете вашето кафе и читате весник и оп, тој се појавува! Не можете, а да не го забележите лавот додека влегува низ вратата. Додека си ја прави неговата нарачка, не можете да си помогнете да не зјапате во него. Машкиот лав може да ја „потресе“ целата просторија со својата моќност и самодоверба. Тој го знае тоа, сака и другите да го знаат тоа и да изреагираат со восхит. Вие ќе го обожавате од првиот момент кога ќе го видите, а тој не ни планира да престане да краде воздишки од вас и понатаму.Љубовен астролошки профил за машки лавовиЛавот е кралот на џунглата, а претставниците на овој хороскопски знак се чувствуваат токму така. Тие се однесуваат исто како да се во џунглата. Работат многу напорно за да постигнат успех во сѐ на што ќе го фокусираат нивниот ум. Најчесто успешно ги остваруваат своите цели и потоа драматично се повлекуваат малку, чекајќи да добијат пофални зборови и награда за трудот. Неговото мото е: „Јас сум Кралот, слушај ме како завивам!“ Пофалбите и обожавањето не се нешто со коешто лавот сака да си го зајакне егото. Тие се како храна и вода за него. Лавовите ќе ја ценат вашата почит и ќе најдат милион начини да ви се заблагодарат за тоа. Но, пред да му пристапите на некој лав, преиспитајте си го вашиот карактер. Имајте на ум дека овие мажи не сакаат кукавици и слаби карактери.Љубовен астролошки профил за машки лавовиМашкиот лав ќе сака да основа љубовна врска со некоја која ја заслужува неговата наклонетост. Не е битно дали сте превисока, па дури и малку полничка девојка, доколку знаете да се грижите за себе и го очекувате ни повеќе ни помалку, туку најдоброто од животот, лавот ќе ве забележи и ќе му се допадне она што ќе го види. Бидете ориентирани кон остварување некаква цел. Работете на подобрување на вашиот статус, на работната позиција и сл. Доколку сте премногу самозадоволни и без амбиција, нема да заработите никаков респект во неговите очи. Запомнете дека лавовите се најчесто главни во нивното друштво. И од вас очекува да бидете алфа жена, која ќе си ја знае сопствената улога.

Вашата улога е да стоите покрај нив и да ги поддржувате. Како што претходно потенциравме, лавот сака да биде главен во џунглата и сака покрај себе да ја има совршената лавица која ќе лови и освојува заедно со него. Доколку сте во потрага по партнер кој е силен, посветен и див како животно во кревет – лавот е вистинскиот избор за вас. Дадете му на знаење дека го посакувате и докажете му дека сте спремни да го прифатите предизвикот.Љубовен астролошки профил за машки лавовиИзгледот е исто така многу битен за лавот. Изгледајте фино, облекувајте се убаво и зборувајте мило. Гордејте се со себеси и имајте на ум дека вие сте исто толку добра колку него. Бидете сигурни дека вие имате многу повеќе работи да му понудите, од сите други девојки кои сакаат да украдат искра од неговиот сјај. Убедете го со вашите постапки дека со вас, тој ја пронашол неговата кралица! На вашиот прв состанок, покажете му ја вашата сила и одлучност. Тој треба да знае дека вам не ви е потребен, но сепак го посакувате за себе. Сака да знае дека е доволно вреден за вас. Имајте високо мислење за себе, исто како што има и тој и ќе знае дека вие сте спремни да го освојувате неговото срце. Пофалете го, укажувајќи му дека знаете дека е вреден човек кој постигнал многу во животот и дека сакате заедно со него и понатаму да го освојувате светот.

Флертувајте со него, терајќи го да почне да си замислува разни секс-сценарија со вас. До крајот на вечерата, тој ќе посака да ве добие за десерт. Но, без разлика што тој може да биде многу упорен да го земе својот десерт, немојте толку лесно да му го давате. Дајте му до знаење дека сакате да знаете колку планира да се потруди да ве заведе. Колку подолго го одложувате сексот, толку повеќе ќе направите тој да почне да се моли за истиот да се случи и ќе биде најдобар што може кога ќе дојде тој момент. Колку само забавно звучи ова?!Љубовен астролошки профил за машки лавовиСпомнавме колку лавот всушност сака да го јаде својот „десерт“? Без разлика дали е рано наутро, доцна попладне или целата преостаната ноќ после вечерата, кога еднаш ќе го „вкуси“, нема да сака да проба ништо друго. Тој секогаш е расположен да испробува нови работи во креветот и секогаш му текнуваат нови забавни работи за правење под чаршавите. Со него ќе доживувате оргазми за какви што не сте ни сонувале, а колку погласни сте во спалната, толку подобар ќе биде сексот. Играјте игри, дозволете му да ве брка гола низ куќата, натерајте го да мисли дека вие сте главната премија што може да се освои во која било игра.

Машкиот лав можеби мора секогаш да биде главен, но и неговата партнерка може да стекне контрола во врската. Сѐ додека го осигурувате дека тоа била негова идеја. Дадете му го тоа што го сака, возбудата и ловот, но вие поставете ги правилата на игра. И покрај тоа што тој обожава сексуални игри, сепак колку повеќе часови поминувате надвор од спалната, толку повеќе ќе ве доживува како негова кралица. Со тек на време ќе сфатите дека без разлика што тој можеби се однесува како лав додека е надвор, кога е во ваша близина се однесува како маче стуткано во вашиот скут. Вие ќе бидете единствената која што ќе ја знае неговата вистинска точка која ќе го натера да почне да преде.Љубовен астролошки профил за машки лавовиКога веќе ќе станете негова „кралица“, тоа ќе биде сѐ што некогаш сте посакувале од љубовта. Тој ја обожава и слави посветеноста во љубовната врска. Тој ја сака гордоста и стабилноста којашто врските ја носат. Ќе ве кити со подароци и ќе се грижи за вашите потреби. За да го задржите на долги патеки, запомнете дека тој сака да биде обожаван, сака да направите да се чувствува дека вреди и сака да биде во центарот на нечиј свет. Давајте му пофални зборови, посветете му се и ценете го сето она коешто го прави за вас. Љубовен астролошки профил за машки лавовиДоколку еден ден стапите во брак со лав, знајте дека вашите деца ќе бидат обожавани и никогаш нема да им недостасува ништо во животот. Збогатувањето на семејството со деца, ќе му значи сѐ. Ќе ве штити вас и вашето семејство со гордост и достоинство. Кога еднаш ќе ја пронајде својата кралица и ќе створи мали принцови и принцезички, ништо нема да може да застане на патот кон неговиот успех и среќа.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. A.K Reply

    A za zenski koga??

  2. hehe :D Reply

    epa ajde de eve ja slednata nedela..:D

  3. Ирен Reply

    мамицата ваша ајде за лав женско!!! -.-

  4. Lavche Reply

    Za lav zhensko pot itna postapka 😀

  5. Sanja Reply

    Дајте бе љубевен астролошки профил за зенско лав! Не е фер!

  6. Koki Reply

    Za masko jarec?

Остави коментар