Љубовен астролошки профил за машки јарци

Љубовен астролошки профил за машки јарци

Јарец може да е некој кој штотуку го унапредиле на работното место зашто бил многу вреден или пак некој кој тукушто отворил нов ресторан во градот. Без разлика со што се занимава, ќе забележите дека тој е постојано некаде во движење и сета таа негова амбициозност и енергија, се првите нешта кои ги забележуваат кај него припадничките на понежниот пол. Машките претставници на овој хороскопски знак се многу упорни и трудољубиви и посветено се движат по патот по кој мораат да се движат за да успеат во својата цел. Прашање е само дали вие како негова потенцијална партнерка можете да го следите неговото темпо?

Машките јарци се трпеливи личности. Тие го мерат својот успех на логичен начин, собирајќи ги своите успеси и достигнувања. Јарецот не се плаши да работи, ниту да потроши многу време затворен во канцеларија, додека не се осигури дека она што го работи, е сработено како што треба. Тој е практичен и приземен човек, кој не дига врева ако нема особена причина за тоа и не предизвикува сплеткани ситуации. Претежно е фокусиран на својата работа и ако има нешто да ви каже, ќе ви се обрати директно. Тој знае што сака и не може ништо да го заплаши и спречи да го добие тоа, дури ни вие. Значи ако сака да го освои вашето срце, тој ќе ги употреби сите свои адути, но доколку вашите амбиции не се поклопуваат, голема е веројатноста дека ќе се откаже од вас.

Љубовен астролошки профил за машки јарци

Сета таа негова сериозна појава, може да го направи јарецот тежок маж за освојување од страна на жените. Ако сакате да го привлечете неговото внимание, мора да му пристапите на ист начин како што тој му пристапува на животот: самоуверено, внимателно и непоколебливо. Јарците се многу приватни личности, на кои изгледа како животот да им е прераспределен на неколку оддели. Тоа значи дека умот му мисли на бизнис додека е на работа, а кога е дома мисли на своето семејство.

Нема потреба пред јавноста да демонстрирате колку внимание му покажувате или да правите некои огромни гестови. Вашиот однос со него треба да биде дискретен и вообичаен. Дискрецијата и претпазливоста му помага на јарецот да се чувствува удобно и заштитено во врската со вас. Него му е многу важен угледот кој го има во јавноста и очајно сака да ги заштити своите емоции. Јарците имаат голем проблем со довербата во другите луѓе, но ако успеете му го дадете она што го сака и тој ги сподели неговите чувства со вас, тогаш вие сте на вистинскиот пат кон освојување на неговото срце.

Покажете му дека вие поседувате јака психичка и емотивна состојба. Тој нема да ве пушти подалеку од прагот на од неговата куќа, доколку вие не му покажете дека сте на исто рамниште со него. Кога ќе флертувате со него, бидете сигурни дека само вие двајца го слушате муабетот. Придобивањето на вашиот јарец зад затворени врати е најсигурниот начин да направите тој да се чувствува удобно покрај вас и да биде поотворен со вас. Кога ќе дојде време да го повикате да излезете некаде насамо, тргнете го настрана и самоуверено и решително повикајте го на состанок. Немојте да се изненадите доколку тој изгледа запрепастен од вашиот чекор. Имајте предвид дека тој е едно многу работливо човече, кое во најголемиот дел од денот мисли на својата работа, па најверојатно не му ни паднало на памет дека ви се допаѓа.

Љубовен астролошки профил за машки јарци

Кога веќе еднаш ќе ја прифати вашата покана за романтичен состанок, тој треба да се одвива на некое префинето место кое нуди голема приватност, по можност малку оддалечено од вашето место на живеење. Тој сака да види дека и вие имате свои желби и животни амбиции. Сака да чуе дека сакате да си обезбедите добар живот и стабилна иднина. На состанокот, нема да му пречи доколку зборувате за вашите професионални планови во иднина. Доколку имате некоја заедничка цел во животот, пошегувајте се дека кога би работеле заедно на таа цел, би ја реализирале на одличен начин. Немојте да претерувате со муабети во насока колку вие двајца си одговарате како иден пар, но неколку суптилни реченици со кои покажувате дека се наоѓате на иста бранова должина се доволни за почеток.

Јарците повеќе ќе се трудат да сфатат каква личност вистински се крие под вашиот физички изглед и нема да се потпира на тоа како се однесувате во јавност. Затоа со него, настојувате да останете природна. Повремено можете да го допрете „случајно“ по рака, но имајте на ум дека многу побрзо ќе го освоите доколку тој види искрена насмевка во вашите очи.

Љубовен астролошки профил за машки јарци

Тој сака партнер кој може да ги држи работите под контрола, исто како што може и тој. Сака неговата девојка да биде урамнотежена личност со високо достоинство. Доколку не можете да намалите со алкохолот или пак да си го исконтролирате бесот, јарецот можеби и не е правиот човек за вас. Ако ништо друго, неговата конзервативна природа и смислата за традиционалните вредности можеби ќе ви одат на нерви.

Немојте да бидете изненадени доколку добиете бакнеж во чело за добра ноќ на вашиот прв состанок или пак на петтиот. Немојте да се чудите доколку ви претставува тешкотија да го намамите во кревет. Кога станува збор за нивните чувства, тие се чувствуваат како да го имаат целото време на светот за да градат врска базирана на доверба и почит. Во меѓувреме вие ќе имате прекрасни романтични состаноци со човек на кој му е потребно време за да го стори тоа како што треба.

Љубовен астролошки профил за машки јарци

Иако ќе биде потребно подолго време за да стигнете до тоа, сексот со јарец нема да биде ни малку каков што сте го замислувале. Сериозноста и амбициозноста си го прават своето. Во приватноста тој е неверојатно романтичен и авантуристички настроен љубовник. Тој во кревет сака да си игра и е посветен на мисијата да ви приреди незаборавно искуство. Има свои фантазии и нема да му биде страв да ги сподели со вас. Еден ден можеби ќе ве изненади повикувајќи ве на ручек кај него во канцеларија, но наместо ручек, ќе предложи нешто сосема друго.

Сепак запомнете, за да се опушти во кревет и за да се чувствува целосно слободно, ќе му биде потребно подолго време. Но кога тоа ќе се случи, ќе сфатите дека чекањето се исплатело. Ако почувствувате дека јарецот се чувствува удобно покрај вас, подобро зграбете го силно и не испуштајте го од вид ни за миг. Целата таа посветеност кон работата и професионалниот живот, сега ќе биде свртена кон вас. Можеби ќе ви се чини дека нештата се смениле преку ноќ, но сепак верувајте, повеќе ќе ви се допадне втората верзија од вашиот јарец.

Љубовен астролошки профил за машки јарци

Еднаш штом го зачувате јарецот за себе, тој секогаш ќе биде со вас. Јарците се мажи за кои штом еднаш се посветат, немате потреба понатаму да се грижите. Тој секогаш ќе биде првиот кој ќе сака да најде решение на каков било ваш проблем. Како и се друго во неговиот живот, доколку вие сте желни да се потрудите и тој ќе го стори истото. Продолжете со поддршката и покажете му дека ќе бидете покрај него, помагајќи му да ги исполни своите соништа и тој ќе го стори истото за вас. Двајцата ќе имате живот исполнет со соништа во кои ќе уживате.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Pepi Reply

    Чиста вистина ,целото е точно ,таков сум и јас 🙂

    • Riste Reply

      me too 😀

  2. MIMI Reply

    ЕДНА МОЛБА АЈ ЗА ПРОФИЛ ЗА ЖЕСКИ ЈАРЕЦ 🙂

  3. Boban Reply

    Kako ja da sum odgovaral na prasanjata,

  4. Simona Reply

    a za zenski jarci?

  5. Ljupco Reply

    kompletno ,tocno vo detali……

  6. renata Reply

    aman so taa nivna serioznost

  7. Име Reply

    e bas jarcite nie me nervira ko ke recat deka seme seriozni neznat nisto za nas, zavisi od drustvoto dali sme seriozni ili ne i dosta so to me nervira napred jarci

Остави коментар