Љуби неизмерно и доживотно: Никогаш не испуштајте го овој хороскопски знак од вашите раце!
Станува збор за Скорпијата, осмиот знак во Зодијакот. Иако претставниците на овој знак знаат да скокаат од една крајност во друга, сепак покрај личноста која навистина ја сакаат можат да најдат баланс со цел да ја одржат љубовната врска. Од друга страна пак, вие никогаш нема да можете да ги откриете сите нивни тајни, па токму затоа и во вашата врска постојано ќе има мистериозност, која дополнително ќе ја зачинува страста. Па, доколку сте имале среќа да најдете Скорпија, погледнете зошто никогаш не треба да ја испуштите од вашите раце…
1. Изглед
Со својата појава тие откриваат нешто од оној друг, нематеријален и недопирлив свет. Скорпиите можат лесно да ве привлечат, но не на класичен начин, туку со својата мистериозност. Тие едноставно хипнотизираат со својот поглед, додека нивната огромна енергија инстинктивно ќе ја почувствувате дури и ако тие делуваат незаинтересирано и отсутно.
2. Карактер
Природата на личностите родени во овој знак е исполнета со противречности, но исто така е и извор на бескрајна страст и емоции. Иако тие се детективи кои ги истражуваат туѓите тајни, сепак во себе чуваат исклучително многу мистерија. Тие се одликуваат со воздржаност, па токму тоа и дополнително влијае врз нивната таинственост. Никогаш не допуштаат да се откријат нивните најинтимни и најскриени сфери, додека пак успешно ги кријат своите слаби точки од другите. Она што на повеќето Скорпии им дава предност е длабоката и силна интуиција која им овозможува лесно да разликуваат вистини од лаги, како и добро од зло.
Скорпиите нема потреба да бара одобрување од топлата. Тие се издржливи војници кои сами одат во бој. Нив најдобро ги објаснува изреката „Малите птици летаат во јато, додека големите сами“, каде што тие дефинитивно се големите птици. На Скорпиите им е многу поважно што тие мислат за себе, отколку мислењето на околината. Доколку почнат да живеат со површни луѓе, тие имаат сила целосно да се издигнат и да почнат да живеат сами. Од друга страна пак, доколку не сакаат никој да ги следи, лесно ќе се одвојат од другите.
Многу е тешко да навлезете во нивниот комплексен, тежок и своеглав карактер. Светот на Скорпиите интуитивно можат да го наслутат само нивните водени пријатели, Раковите и Рибите. Тие се многу присебни и ладнокрвни, дури и во најтешките животни ситуации бидејќи не чувствуваат никаков страв. Во намерата да остварат некоја цел, тие ќе одат до крај, без претерано размислување за последиците. Токму затоа и понекогаш делуваат безобѕирно. Скорпијата која не можете да ја застанете, единствено можете само да ја следите. Таа никогаш не застанува на половина пат. Но, под нивната мирна и прибрана надворешност, се крие вистински вулкан. Доколку не е добро канализирана оваа енергија, таа станува деструктивна. Тие се опседнати со смртта, а тоа најмногу доаѓа до израз во нивните соништа.
Огромната самодисциплина влијае врз нивното однесување, па токму затоа и не треба да влегувате во жестоки расправии со нив, бидејќи знаат да бидат навистина непријатни непријатели. Тие се интелигентни, многу храбри, но и големи одмаздници. Тие долго памтат навреди, а со нивната исклучителна интуитивност, лесно ќе ја почувствуваат вашата „Ахилова пета“ и ќе ви вратат тогаш кога сте најслаби.
3. Љубов
Тие се страсни, но и посесивни бидејќи најчесто доминираат со оние кои ги сакаат. Врската со нив води кон екстреми од сите видови, започнувајќи од позитивни и силни емоции, па сè до мрачност и деструктивност. Со претставниците на овој знак е многу тешко да се живее бидејќи тие се перфекционисти, нивната посесивност најчесто ги води кон садизам, па токму затоа и најмногу ги малтретираат оние кои вистински им значат. Тие се постојано под влијание на сомнежи и бараат апсолутна посветеност од својот партнер.
Тие не ги покажуваат своите емоции поради неверојатната самоконтрола, па токму затоа и никогаш нема да ви биде јасно на што сте. Своите тајни никогаш не ги откриваат, но би направиле сè за да ги откријат вашите со цел подобро да можат да владеат со вашата врска. Тие не поднесуваат закани и уцени бидејќи по природа се над нив. Не делат комплименти со цел да заведат некого, баш напротив, најчесто не покажуваат никаков интерес и ве оставаат со мислите дали тие воопшто се заинтересирани за вас.
Но, кога вистински љубат, тие ќе ве освојат по секоја цена. Презираат рутина и општоприфатени норми на однесување, па токму затоа и ги следат принципите кои самите си ги оставиле. Дури и кога се претерано заљубени, тие не идеализираат, туку ја гледаат вистинската ваша вредност. Нив емоциите никогаш нема да им го заматат умот, бидејќи не се романтични и нежни. Најчесто наместо розови очила тие носат црни. Но, доколку Скорпијата верува дека вие сте љубовта на нејзиниот живот, тогаш ќе направи сè што е во нејзина моќ да ве задржи покрај себе. Таа ќе ја искористи својата храброст и ќе ве љуби незаборавно и доживотно.