Лав и лав – пријателска комбинација
Секогаш кога некој лав ќе почувствува силна потреба да пронајде личност која вистински ќе го почитува, треба да си најде другарче со кое го дели истиот хороскопски знак. Исклучителниот шарм, смислата за хумор, грациозноста и убавината која ја поседува секој лав, ќе бидат најмногу забележани и почитувани од страна на другиот лав. За возврат, првиот лав ќе биде фасциниран од тоа колку е талентиран, забавен и прекрасен неговиот новопронајден пријател. После неколку часа откако ќе се запознаат, овие двајца ќе почнат да си разменуваат искрени прегратки, интерни шеги и да си делат екстравагантни комплименти.Одвреме-навреме, лавот ќе го разнишува трпението на другиот лав со својот егоизам, бидејќи секој од нив смета дека неговите проблеми се поголеми и поважни од сечии други.
Доколку двата лава можат да си ја толерираат нивната пренагласена себичност, ќе можат и да уживаат во нивното квалитетно пријателство, кое е вистинско и искрено. Делејќи го истиот знак, овие двајца пријатели имаат слични интереси, како гледање филмови, сликарство и тимски спортови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Konecno nesto i za lav 😛 .. ljuboven astroloski profil za zenski lavovi koga? (: :*