Лав и лав – љубовна комбинација
Кога два лава започнуваат љубовна врска, тие навистина привлекуваат огромно внимание секаде каде што ќе зачекорат. Сите околу нив воздивнуваат гледајќи ги. Овие сензационални, креативни и друштвени индивидуалисти, изгледа како меѓусебно да си се заслужуваат. Нема подобра љубовна комбинација од нивната, барем кога станува збор за социјализирање, формирање добра друштвена екипа или начинот на кој тие ги инспирираат другите, во романтична смисла на зборот. Лавовите се привлечни луѓе, па кога станува збор за двајца кои се во врска, тие инстантно се привлечени од добриот изглед на нивниот партнер и ниеден од нив не се срами да ги покаже своите побуди и сексуални желби.Лавот е кралот на џунглата, па така и љубовното дуо составено од двајца припадници на овој знак, зрачи со енергија, ентузијазам и лидерски предиспозиции. Но, ако двајцата имаат исто ниво на страст и авторитет, тие ќе мораат да научат да ја контролираат таквата енергија, за да може да функционираат како пар. Овие партнери уживаат во задоволствата кои ги нуди животот и никогаш не се двоумат кога станува збор за забава, добар помин и релаксација. Секој од лавовите го „храни“ егото на неговиот партнер, и му го дава вниманието кое постојано му е потребно.
Управител на лавот е Сонцето. Тоа, само по себе, е совршен симбол на перцепцијата на лавот за себеси (позиционирано е на средина во однос на останатите планети). Сонцето создава силна светлина и поседува голема моќ и енергија. Топлината од Сонцето (т.е. од лавот) длабоко ја чувствуваат сите оние кои се најблиску до него и претставува нивен одличен водич низ животот. Но, Сонцето исто така може да ги „изгори“ тие кои се во негова близина, со неговата тенденција да се однесува драматично, себично и преувеличено да реагира на обични ситуации. Тоа ги прави лавовите, понекогаш тешки за поднесување од страна на нивниот партнер, како и за останатите луѓе во негова близина.
Лавот е огнен знак. Жешката страст која „гори“ помеѓу два лава е незапирлива. Нивниот оган, во комбинација со нивното потпирање на физичка активност (наместо на емоционална или интелектуална) ја прави оваа врска многу динамична. Тој збир од интензивната енергија на двата лава може им да донесе прекрасни работи, се разбира доколку тие не ја претворат во катастрофална кавга. Па така, лавовите или ќе ја имаат најдобрата или најлошата љубовна врска на сите времиња, во зависност од тоа колку тие ќе успеат да ја пронајдат средината помеѓу „совршената љубов“ и тенденцијата кон нејзино уништување. Двата лава ќе треба да вложат поголем напор за да го овозможат функционирањето на нивната врска. Она што најмногу ги зближува овие партнери, е нивната потреба за постојано внимание и восхитување.
Лавот е фиксен знак. Секогаш постои моќна битка кога два фиксни карактери ќе се соединат. Рационалната и социјална страна на лавот ќе им овозможи на овие партнери да ги разрешат нивните разлики доколку го сакаат тоа доволно силно. Двајцата ќе прават отстапки, но само понекогаш. Избувливиот лав може брзо и често да „експлодира“, но конфликтите брзо се забораваат, па доброто расположение може да продолжи.
Кој е најдобриот аспект на љубовната врската помеѓу два лава? Тоа е нивната голема љубов кон забавата и чувството за креативност. Добро поминатото време никогаш не запира. Социјализирањето, забавата и меѓусебното засмејување, ги прави партнерите со хороскопски знак лав, фантастичен љубовен пар.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Podobra kombinacija nema :$
Se soglasuvam
и јас се согласувам 🙂