Лав и девица – пријателска комбинација
Повеќето луѓе се ежат од преголемата внимателност на девицата, но на лавот на некој начин му се допаѓа оваа нејзина особина. На крајот на краиштата, добро е покрај себе да имате некој кој ќе ви ја затресе јакната кога ќе се извалкате или ќе ви ја намести косата кога ветерот ќе ви ја раздува на сите страни. Овој пријател на лавот, нема никогаш да му дозволи да излезе несреден од дома.Од друга страна, девицата сфаќа дека лавот мора секогаш да биде „ѕвездата на шоуто“ и нема никаков проблем да му го отстапи центарот на вниманието. За возврат, лавот ѝ ја зацврстува кршливата самодоверба на девицата со отворени комплименти за нејзината висока интелигенција, ефикасност и практичност.
Се прашувате дали ова пријателство има некакви недостатоци? Се разбира, бидејќи никој не е совршен. Нервозата на девицата може да го полудува лежерниот лав. На сличен начин избувливите епизоди на лавот, се тотално невкусни за девицата која цени бонтон однесување.
Девицата е многу храбра доколку го прифати шефовски настроениот лав за свој пријател. Всушност, не е тешко да се разбере наклонетоста на девицата кон овој пријател, бидејќи лавовите зрачат со топлина и љубов. Во секој случај, справувањето со големото его на лавот, е исцрпувачко за скромната и понизна девица. На сличен начин, на лавот му се смачува да ја смирува девицата од нејзините илјадници стравови коишто ги чувствува.
Доколку девицата може да остане фокусирана на силните страни на овој пријател како што се лојалноста, способноста и здраворазумноста, лавот за возврат отворено ќе ја испочитува девицата за нејзината ефикасност, постојаност и верност.
Овие двајца можат да имаат наклонетост кон животни, особено кон мачки, во чие друштво можат да уживаат со часови. Заедно би уживале и во добар филм, возење велосипед или танцувајќи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
dobra kombinacija
Доста вистинито 🙂