„Крвава“ Месечина на 16 мај: Секој крај е нов почеток!

„Крвава“ Месечина на 16 мај: Секој крај е нов почеток!

Во понеделник, 16 мај, нè очекува затемнување на Месечината. Според астролозите, овој феномен го претставува крајот на едно поглавје од нашите животи, но и претставува можност за нов почеток.

„Крвава“ Месечина на 16 мај: Секој крај е нов почеток!

Оваа Месечина се нарекува „крвава“ бидејќи за време на затемнувањето таа добива црвеникава нијанса. Се верува дека е една од најмоќните полни месечини, а нејзиното влијание може да се почувствува на физичко, емоционално, ментално и духовно ниво.

Затемнувањето, од друга страна, ќе придонесе и за нашиот раст и развој. Тоа, всушност, претставува симбол на големи предизвици и препреки кои ќе ни го покажат патот по кој треба да одиме.

Под влијанието на ова затемнување ќе затвориме одредено поглавје од нашите животи. Тоа ќе се одвива под мистериозниот знак Скорпија, па затоа ќе имаме можност да се повлечеме во себе, подобро да го запознаеме внатрешното „јас“ и да станеме свесни за нашите таленти, способности и особини.

Скорпијата ќе ја поттикне и нашата трансформација која е поврзана со енергијата на фениксот. Така, затемнувањето ќе ни покаже дека можеме да се издигнеме од сите пречки и одново да се препородиме, исто како што фениксот се издига од пепелта.

Ако затемнувањето значи можност да завршите со некое поглавје во вашиот живот, сетете се дека тоа ќе значи и нешто ново и подобро од досега. Запомнете дека сè што се случува има за цел да го поттикне вашиот личен напредок.

Сега е совршен момент, меѓу другото, да се повлечете и да ѕирнете во своето срце. Можете да наидете на интересни сознанија кои ќе го поттикнат вашиот духовен раст.

Згора на тоа, крвавата Месечина може да нè инспирира да се откажеме од нешто, да сфатиме дека нешто не вреди и да се ослободиме од некаков непотребен товар.

Под влијанието на ретрограден Меркур ќе бидеме збунети и несвесни за како да напредуваме во животот. Затоа, важно е да бидеме трпеливи бидејќи нашиот внатрешен глас го знае патот. Доволно е да веруваме дека ќе ги пронајдеме сите одговори кои ни се потребни.

Енергијата на Месечината ќе ни помогне и да ставиме крај на сите негативни работи кои нè мачат со години, на сите негативни мисли, стравови и лоши чувства. Месечината ќе ни го покаже следниот чекор, па штом ќе ја поставиме нашата следна цел, најдобро е да почнеме да се движиме во нејзината насока и да веруваме дека ќе ја реализираме.

Откако прочитавте што ќе ни донесе „крвавата“ Месечина на 16 мај, можеби ќе сакате да прочитате и за влијанието на ретроградниот Меркур од 10 мај до 3 јуни.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар