Креативни начини да ја покажете вашата љубов со помош на астрологијата и технологијата

Креативни начини да ја покажете вашата љубов со помош на астрологијата и технологијата

Ако сте во долга љубовна врска и сметате дека веќе одамна сте го освоиле срцето на вашиот партнер, тоа не значи дека сега веќе нема потреба да правите нешто со што ќе ја докажувате вашата љубов кон него/неа. Љубовта треба постојано да се докажува и покажува. Секој човек одвреме-навреме има потреба за малку внимание и убав романтичен гест, па зошто да не ги искористите новите технологии за да направите нешто што ќе биде креативно, ќе изгледа убаво и ќе му го затрепери срцето на вашиот љубен партнер?

Креативни начини да ја покажете вашата љубов со помош од астрологијата и технологијата

Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

Добар начин да ги затреперите љубовните вибрации кај вашиот огнен знак, е да му испланирате некаква мала авантура. Огнените знаци сакаат да играат игри, особено кога тие се во фокусот на вниманието. Пратете го/ја во мала потрага низ дворот или паркот, праќајќи му/ѝ СМС-пораки од вашиот мобилен телефон. Можете да направите некоја интересна серија од поетични пораки кои ќе упатуваат на различни траги од предизвикот. На местото на новата трага, нека го чека мало изненадување, а дали тоа изненадување ќе биде слатко, смешно, сензуално или палаво, зависи од вас. Исто така можете да му праќате пораки со „топло-ладно“ за да знае на каде да се упати. Ѕвонете му на мобилен телефон за додатни упатства. Можеби последната трага ќе бидете вие скриени во некој дел од куќата. 🙂

Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

Овие луѓе се толку работливи, што понекогаш навистина знаат да се занесат во работата и да не забележат колку време поминало. Затоа одвреме-навреме изненадно искрадете го партнерот од неговото работно место. Една серија фотографии испратени на неговиот мобилен телефон или преку имејл, можат да ја загреат атмосферата и да му го привлечат вниманието. На вас останува за какви слики ќе се одлучите, слатки или палави. Или зошто да не комбинација од двете? Можете да направите комбинации од слики, со нешто слатко, како местото на кое сте биле на првиот состанок или каде што сте си поминале убаво, романтичната атмосфера која сте ја спремиле за вас двајца или пак нешто провокативно кое ќе го/ја натера веднаш да ја запали колата и да долета до кај вас.

Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија

Одличен начин да внесете малку немир и возбуда во срцето на вашиот партнер роден во воздушен знак, е да му испратите интересна видеоснимка од вас. Ако сте музички талентирани, можете да се снимате додека емотивно изведувате некоја романтична нумера или можете да измислите некоја хумористична песничка, која ќе ја испеете специјално за него/неа. Ако пеењето не е нешто со кое би сакале да се покажете, прочитајте му/ѝ некоја убава поема, љубовно писмо или пак кратка порака во која ќе му/ѝ кажете колку го/ја обожавате. Во секој случај, обидете се да ја направите снимката што е можно пократка. Сè што е над 30 секунди може да биде претерано.

Водни знаци: Рак, Скорпија, Риби

Овие знаци се многу сентиментални, па затоа можете да им направите еден романтичен видеоколаж од вашите заеднички спомени (интересни фотографии од вас двајца, првите СМС и имејл-пораки кои сте си ги испратиле, интересни работи кои сте си ги кажеле некогаш и сè уште ги паметите, песни кои двајцата ги обожавате, причини зошто го/ја сакате најмногу на свет…) Ако сето тоа го средите убаво, вие ќе станете херој во очите на вашиот партнер. Како и да е, за видеоколажот ќе ви бидат потребни неколку дена, па затоа започнете со работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар