Краток кинески хороскоп за мај 2018: Што ве чека на љубовно, а што на професионално поле?

Краток кинески хороскоп за мај 2018: Што ве чека на љубовно, а што на професионално поле?

Во мај, кинеската астрологија предвидува страст, слатки желби и големи амбиции, а конците на судбината ги влече Јин огнената Змија која започна да владее со овој месец на 5 мај. Змијата е таинствен и шармантен знак кој не прифаќа порази, а овој месец со зодијакот ќе владее нејзината енергија која кај сите знаци ќе побара трансформација и напредок.

Краток кинески хороскоп за мај 2018: Што ве чека на љубовно, а што на професионално поле?

Во 2018 година, пак, владее мирното земјено Куче, влијание кое е поволно за Змијата уште повеќе да ги штити своите интереси и да крева прашина и да разгорува страсти дури и таму каде воопшто не било очекувано. Но, нејзиното огнено влијание постигнува усовршување, самоисцелување и баланс на енергијата. Што носи кинеската астрологија за другите знаци?

Стаорец

Нова, долга љубов им претстои на припадниците на овој знак во најубавиот пролетен месец. Не им дозволувајте на негативните луѓе да ви создаваат пречки и бидете повнимателни од вообичаено. На работа ќе ја зацврстите вашата позиција, но избегнувајте непотребни ризици.

Вол

Вашиот пролетен шарм ќе ве направи неодоливи, но вие ќе бидете многу внимателни, затоа што знаете дека отворените срце и душа можат да бидат злоупотребени и искористени. Но, токму ваквиот пристап може да ви донесе среќна средба со нова личност, која овој мај за вас ќе го направи посебен.

Краток кинески хороскоп за мај 2018: Што ве чека на љубовно, а што на професионално поле?

Тигар

Мај е среќен месец за припадниците на овој знак. Ќе донесе вљубување на прв поглед, во кое безрезервно ќе се впуштите. Сепак, дајте си повеќе време за да се запознаете подобро. Напредокот на професионален план исто така е евидентен.

Зајак

Ова е месец на исполнување на професионалните цели. Ќе поставите високи критериуми, па можеби ќе ви треба помош во реализацијата. Исто така, ќе имате и доволно време за релаксација, а можно е и запознавање на нова личност, во чие друштво ќе се чувствувате пријатно.

Змеј

Мај е месец на обнова кај Змејовите. Направете нова организација на животот, обновете ги контактите со старите пријатели и посветете се на задачите кои не успеавте да ги реализирате. Уморот ве спречува да се посветите на приватниот живот, но финансиската награда ќе биде повеќе од доволна за да не се каете за ваквата одлука.

Краток кинески хороскоп за мај 2018: Што ве чека на љубовно, а што на професионално поле?

Змија

Змиите ќе бидат изложени на повеќе компромиси и потребно е да почнат да го бараат средниот пат кон решението на напнатите ситуации. Избегнувајте тврдоглави инсистирања, бидејќи форсирањето на сопственото мислење нема да донесе никаква корист. Напротив, успех ги очекува оние кои умеат да прифатат идеи и од другите. Слушнете го и туѓото мислење, можете многу да научите.

Коњ

Во текот на овој месец ќе откриете повеќе свои чувства, но немојте да раскажете сè, зачувајте малку магија и за себе. На работното место ќе се соочите со предизвик да решите повеќе важни проблеми, што ќе ја поттикне вашата креативност и ќе успеете да покажете дека сте професионалец во она што го правите.

Коза

Проширете го својот универзум, ризикувајте и ѕвездите самите ќе ви го покажат патот кон една посебна личност со која ќе доживеете магија. Бидете трпеливи на работа и покажете дека сте над сите проблеми. Решете ги пред да стигнат до крајната фаза.

Мајмун

Една средба ќе донесе многу дилеми: Дали ќе биде тоа љубов или пак ќе премине во длабоко пријателство? Ќе бидете исполнети со моќна вибрација на среќата, а потребно е да ги следите и знаците на другата личност, за да знаете каде води овој однос. На работа, покажете ја силата за исполнување на задачите која досега тлеела во вас.

Краток кинески хороскоп за мај 2018: Што ве чека на љубовно, а што на професионално поле?

Петел

Внимавајте да не затворите во себе болни теми и да не премолчите важни нешта. Не е време за самотија. Обратете се на личноста која досега многу пати ве ислушала и разбрала. Бидете флексибилни и на работното место и за секој чекор известувајте го надредениот, за да знаете дали ве поддржува во вашите идеи.

Куче

Време е да го промените својот однос кон колегите кои воведуваат промени на работното место, па ќе видите дека и вие имате придобивки од тоа. Не дозволувајте бурниот професионален живот да ви го наруши приватниот. Мирот и балансот се потребни во двете сфери на животот. Подгответе се за нови средби во текот на мај.

Свиња

Можни се компликации на работа, а вие треба само да се потпрете на своите инстинкти и да бидете многу внимателни. Не ризикувајте, бидејќи не сите ја заслужуваат вашата доверба. Отворете се повеќе на личен план и не ги кријте премногу вашите сентиментални тајни. Искреноста ќе ви биде возвратена.

Ако не сте сигурни кој знак сте во кинескиот хороскоп, проверете тука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар