Контроверзно истражување открива: Вашиот хороскопски знак одредува дали ќе станете популарни

Контроверзно истражување открива: Вашиот хороскопски знак одредува дали ќе станете популарни

Дали сте родени помеѓу декември и март? Честитки! Тоа значи дека во хороскоп сте Водолија и имате големи шанси да станете познати. Најчесто, Водолиите стануваат славни личности. Сигурно досега сте прочитале многу работи за вашиот хороскопски знак, но следново истражување особено ќе им се допадне на Водолиите, бидејќи според него, тие ќе успеат во нивната кариера и ќе се искачат на скалата на успехот.

Контроверзно истражување открива: Вашиот хороскопски знак одредува дали ќе станете популарни

Доктор Марк Хамилтон од Универзитетот во Конектикат направил истражување во кое докажал дека постои врска помеѓу астрологијата и популарноста. Тој објаснил дека кај децата кои се родени на почетокот од училишната година, на пример во септември, постојат големи шанси дека ќе станат успешни.

„Високите резултати на менталните и физичките задачи за време на детскиот развој се показател на степенот на амбиција“, објаснил Хамилтон.

Ако периодот од 12 години образование помине беспрекорно, тогаш ова достигнување ќе резултира со лична победа. Хамилтон исто така тврдел дека астрологијата има значително влијание на успехот на луѓето. Тој објаснил дека некои хороскопски знаци се „наметливи“, а некои „пасивни“. Близнаците, Лавот, Водолијата, Овенот, Стрелецот и Вагата важат за наметливи знаци.

Но, од сите нив, Водолиите се родени под особено среќна ѕвезда. Според Хамилтон, луѓето кои се родени во периодот помеѓу крајот на декември и почетокот на март ќе станат популарни. „Светлината“ на хороскопските знаци е показател на човечката природа, а Водолиите се сметаат за „светли“ и „наметливи“.

Тој истражил 300 познати личности од областа на политиката, литературата, науката, уметноста, спортот и слично и открил дека мнозинството од нив биле Водолии. Некои од најпопуларните Водолии се Кристијано Роналдо, Ед Ширан, Хери Стајлс, Елен Деџенерис, Џастин Тимберлејк, Шакира, Абрахам Линколн, Џенифер Анистон, Боб Марли, Опра Винфри, Парис Хилтон, Гучи Мејн, Томас Едисон, Вирџинија Вулф и многу други.

Хамилтон открил дека астрологијата не е единствениот фактор што влијае на успехот и популарноста, туку мора да се земат предвид сите аспекти од човечкиот живот. Па, доколку сте Водолии и го читате ова, сега знаете дека можеби сте ѕвезда во подем. Тоа е доволна причина зошто треба да работите напорно за да ги остварите вашите цели и да ги исполните вашите желби.

Во продолжение, дознајте кои се најуспешните хороскопски знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар