Колку се компатибилни Вагите со другите хороскопски знаци?

Колку се компатибилни Вагите со другите хороскопски знаци?

Вагите се едни од најпопуларните хороскопски знаци. Квалитетот што го поседува секоја Вага е харизмата, а кога станува збор за компатибилност во зодијакот, тоа е навистина добра вест. Сепак, не сите знаци можат да ги издржат Вагите. Тие можат премногу да флертуваат, но љубовта и довербата ги сфаќаат сериозно. Вистината е дека тие не сакаат да бидат сами и попрво би отишле на забава отколку да останат дома.

Колку се компатибилни Вагите со другите хороскопски знаци?

Никој не ја мрази неправдата повеќе од Вагата и никој не се залага повеќе за оние кои не биле третирани како што треба. Па, како се справува овој знак со останатите хороскопски знаци?

Вага и Овен

Иако на многу начини Вагата и Овенот се спротивни, сепак можат да функционираат заедно. Оваа врска настојува да трае. Имаат силна сексуална хемија која уште повеќе ги поврзува. Имаат многу да учат еден од друг. На Вагите им е потребно подолго време да донесат одлука поради темелното размислување, додека Овенот е поимпулсивен. Вагите се грациозни и ги охрабруваат Овните да ја развијат нивната чувствителна страна. Овните од друга страна ги мотивираат Вагите да направат нешто и да ги постигнат своите цели. И двата знака се со натпреварувачки дух и не им е проблем да се натпреваруваат еден против друг. Кога нивната врска е добра, тоа е неверојатно. Но ако не е, разделбата може да биде навистина брутална.

Вага и Бик

Во некои случаи, кога Вагата и Бикот се заедно, тие се како две половини од едно цело. Ако не брзаат можат да имаат навистина прекрасна врска. И Вагата и Бикот ги ценат убавите нешта, задоволствата и безбедноста во врската. Сакаат да одат на театар, по ресторани или уметнички галерии, но истовремено се задоволни и со тивките вечери поминати дома. И двата знака знаат како да остават неверојатен прв впечаток. Но, Вагата може да флертува, а Бикот да љубомори на тоа. Она што е добро помеѓу овие двајца е што кога Бикот ќе стане тврдоглав, Вагата ги користи своите дипломатски вештини и ја отстранува негативноста. Од Бикот, Вагата може да научи како да се залага за себе и како да престане да дозволува да ја прегазуваат сите.

Вага и Близнаци

Пред сè, Вагата и Близнаците се одлични пријатели и токму ова пријателство е цврста основа за романтична врска. Овие знаци сакаат да излегуваат и да се забавуваат заедно. И двајцата се социјални, интелигентни и сакаат да комуницираат. Донесувањето одлуки не им е силна страна, но стануваат подобри во тоа кога го прават заедно. Еден од проблемите со кои би се соочиле е поврзан со пари. Вагите трошат слободно додека Близнаците се повнимателни. Сепак, ако ги користат своите вештини за комуникација и разговараат за нивните чувства, би се избегнале сериозни проблеми.

Вага и Рак

Оваа врска може да биде навистина тешка. Вагата не сфаќа зошто Ракот е толку чувствителен, а Ракот не разбира зошто Вага не ги покажува своите емоции. Вагите ја гледаат големата слика, а Раковите имаат сосема друга перспектива. И двата знака ги сакаат уметноста и семејството и можат да се поврзат преку тоа, но по некој период Вагата сигурно ќе го разгневи Ракот. Вагата нема да сака да разговара за проблемот на начин кој му одговара на Ракот. Врската може да преживее, но никогаш нема да биде иста.

Вага и Лав

Вагите и Лавовите одлично се согласуваат. Вагата им се восхитува на лидерските способности на Лавот. И двата знака сакаат да бидат во центарот на вниманието, но Вага му дозволува на Лавот да се истакне. Лавовите имаат добро влијание на Вагите со нивниот оптимизам, лојалност и желба да им помогнат на другите. Понекогаш Вагата може да биде изморена од енергијата на Лавот, но тој ќе ја натера да продолжи понатаму. И Лавот може да научи многу од Вагата – како да биде помалку агресивен, како да ги гледа нештата од друга перспектива и како да не ги сфаќа сите работи премногу сериозно. Вагата и Лавот се многу добри еден за друг.

Вага и Девица

Овој пар се согласува сè додека Девицата не стане онаа која постојано се залага за врската. Вагата им се восхитува на интелектот, сочувствителноста и упорноста на Девицата. Вагата понекогаш не може да ги разбере нештата што ги прави Девицата, како враќањето на сите нешта на нивното место, средување на креветот и домот, а ова често може да предизвика конфликт. Вагата исто така не се справува добро со критиките, а Девицата често знае многу да критикува. Сепак, Девицата секогаш е овде за својата Вага, а токму тоа е навистина важно.

Вага и Вага

Прашајте ја Вагата кој е најдобриот хороскопски знак и таа ќе ви одговори Вага. Не само затоа што тоа е нејзиниот знак, туку затоа што голема е веројатноста да познава многу други Ваги. Вагите се разбираат едни со други. Се разбира, не сите се исти, но најчесто имаат многу слични карактеристики. Тие нема да почнат расправа за ништо ниту пак ќе повредат некого од забава. Вагите се сакаат едни со други. Тие сакаат да бидат во врска и двата партнери навистина ќе се залагаат за тоа.

Вага и Скорпија

Оваа комбинација е малку проблематична. И на двата знака им е потребна сигурност и рамнотежа во врската. Скорпиите можат да бидат љубоморни и не можат да ја разберат потребата за флертување на Вагите. Потоа овде е и проблемот со лажењето. Вагите не ги сфаќаат премногу сериозно малите лаги, особено ако со тоа избегнат конфликт. Но Скорпијата не поднесува никакви лаги. Интензитетот на Скорпијата и нејзината потреба за контрола може да направи Вагата да се однесува чудно. На крај, на Вагата ѝ е потребна повеќе слобода од она што го нуди Скорпијата, но некој период оваа врска може да биде навистина страсна.

Вага и Стрелец

Вагата и Стрелецот се подобри пријатели отколку романтични партнери. Вагите сакаат долги врски, додека Стрелците не баш. На Стрелците им е потребна одредена слобода во врската и додека Вагата го цени тоа, сепак ѝ е потребна некоја сигурност. Доброто нешто е што овие знаци сакаат да се смеат, да истражуваат нови места и да бараат мудрост и разбирање. За жал, во некој момент Стрелецот ќе каже нешто што ќе ги повреди чувствата на Вагата и ова ќе ги оддалечи еден од друг. Конфликтот помеѓу нив нема да се разреши, па врската полека ќе се распаѓа.

Вага и Јарец

Вагата и Јарецот на прв поглед можеби не се најдобриот пар – едниот повеќе сака да работи и не е флексибилен, додека другиот е помрзелив. Но ако ги комбинираат нивните слабости и силни страни, тие можат да формираат добро партнерство. Вагите можат да им помогнат на Јарците да се опуштат и да се забавуваат повеќе. Јарецот може да ѝ помогне на Вагата да се фокусира и да направи долгорочен план. Кога Вагата ја гледа дисциплината и посветеноста на Јарецот, се мотивира и таа да се однесува така. Вагите им помагаат на Јарците да ја гледаат светлата страна на животот, додека Јарците им помагаат на Вагите да бидат пореалистични.

Вага и Водолија

И Вагата и Водолијата се воздушни знаци, па не е ни чудно што се компатибилни. И двата знака се интелигентни, креативни и хуманитарни. Сакаат луѓе, но Водолиите подобро ги прифаќаат луѓето онакви какви што се. Разговорот се одвива лесно помеѓу овие двајца сè додека Вагата не стане премногу емоционална. Водолиите не се чувствуваат најудобно со изливот на емоции. Водолиите можеби не се романтични како Вагите, но на Вагата не ѝ претставува проблем да каже што сака. Овој пар има доста заеднички работи за да се поврзе и доволно разлики за да си бидат интересни еден на друг.

Вага и Риби

Вагата и Рибите не само што се одлични партнери, тие се и многу добри пријатели. И двата знака се уметници, сакаат да бидат сакани и се многу чувствителни. Кога Рибите ќе се изгубат во својот свет, Вагите го сфаќаат тоа. И двата знака имаат огромно срце и им помагаат на другите. Сепак, Вагата понекогаш може да биде емоционално манипулативна и да почне да прави работи ако не добива доволно внимание. Ако Рибата е повредена и никој не разговара, можно е да настанат проблеми. Ако врската вреди да се спаси, Вагата ќе направи сè за да го направи тоа. Поврзаноста помеѓу Вагата и Рибите е навистина силна и им помага да ги преживеат сите предизвици во врската.

Дознајте и нешто повеќе за жените кои се Вага во хороскоп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Slavce Reply

    Koga ke ima za vodolija

Остави коментар