Колку е самокритичен секој хороскопски знак?

Колку е самокритичен секој хороскопски знак?

Кога сте премногу строги кон себе, може да не ги забележите вашите најдобри карактеристики, дури и кога вашиот хороскоп ви ги кажува. Луѓето кои се самокритични многу размислуваат за нивните неуспеси и работите кои не ги постигнале, наместо да се фокусираат на она што веќе го имаат. Тие речиси и да не го прославуваат својот успех.

kolku-e-samokritichen-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mk

Овие луѓе се опседнати со нивните грешки и долго мислат на нив. Сепак, грешките се добри за нас бидејќи ни помагаат да научиме нешто повеќе за себе и да станеме подобри личности. Но, кога постојано мислите на вашите грешки вие не можете да продолжите напред. Не се чувствувате добро за себе и тешко ви е да ги прифатите комплиментите бидејќи секогаш мислите дека се со скриен мотив. Кога сте премногу критички настроени кон себе, не се грижите за вас бидејќи сметате дека не заслужувате добрина и грижа. Наместо да се обвинувате, обидете се да ги цените добрите работи кои ве прават личноста која сте. Погледнете колку се самокритични хороскопските знаци, почнувајќи од најкритички настроениот.

1. Девица

Кога станува збор за преголема строгост кон себе, Девиците се наоѓаат на врвот. Вие сте самокритични до тој степен што постојано размислувате за вашите постапки, и тоа не само за грешките кои можеби ќе ги направите, туку и за оние од минатото. Сте си поставиле превисоки стандарди за себе кои дури се граничат со малтретирање. Можеби не сте совршени, но сте многу добри ако се потрудите да го видите тоа.

2. Јарец

Јарците се толку строги кон себе што дури ќе бидат гневни што не се наоѓаат први на листата. Кога си создавате премногу притисок да бидете најдобри, само си наштетувате. Јарците имаат многу неверојатни квалитети и нема потреба да бидат совршени за другите да ги сакаат. Но кај нив проблемот не е што другите не ги сакаат, туку тоа што тие не се сакаат себеси. Ако се опуштите барем малку ќе сфатите колку сте всушност неверојатни.

3. Вага

Вагите сакаат да бидат сакани, а според нив за да го постигнат тоа мора да немаат недостатоци. Со други зборови, тие постојано се подготвуваат за неуспех. Вагите се обидуваат да изгледаат смирени за никој да не ги забележи нивните сомнежи и негативните мисли за себе. Вистината е дека повеќето луѓе ги сакаат и тоа не затоа што се совршени. Луѓето ги сакаат Вагите поради нивната човечност.

4. Водолија

Водолиите навистина се трудат да изгледаат како да не им е грижа што мислат другите за нив, но ова не е така. Тие сакаат да бидат независни, но постојано мислат дека нешто не е во ред со нив. Водолии, време е да престанете да се грижите премногу и да ја прифатите вашата ексцентричност.

5. Скорпија

Скорпиите мислат дека ако се самокритични нема да бидат повредени од забелешките на другите. Проблемот со овој пристап е тоа што Скорпиите се многу покритички настроени кон себе отколку што другите се кон нив. Ова ниво на судење е штетно и не ги штити. Кога не верувате дека заслужувате љубов, можете да станете љубоморни и параноични.

6. Рак

Кога Раковите се строги кон себе, причината најчесто е неуспешна врска. Тие сметаат дека причината за тој неуспех е нешто што направиле или нешто што им недостасува. Тие може да поминат часови размислувајќи за тоа каде згрешиле. Проблемот е што Раковите не можат да сфатат дека понекогаш никој не е виновен, туку едноставно на врската не ѝ било судено.

7. Лав

Последното нешто што го сакаат Лавовите е да имаат сведок кога се строги кон себе. Тие не сметаат дека самокритичноста е знак на слабост, туку едноставно не сакаат да ги споделуваат своите ранливи моменти. Ако нешто не излезе по планот на Лавот, тој постојано ќе размислува како можело да биде подобро. Постојано ќе мисли на тоа како да не се повтори истата ситуација во иднина. Лавовите имаат многу високи стандарди за себе и не сакаат другите луѓе да бидат свесни за тоа.

8. Близнаци

Кога Близнаците се строги кон себе, причината е најчесто тоа што сметаат дека му згрешиле некому, па чувствуваат вина. Дури не мора да станува збор за нешто сериозно. Ако Близнаците мислат дека повредиле некого, тие ќе бидат навистина загрижени. Тие сакаат да бидат најдобрата верзија од себе за луѓето кои ги сакаат.

9. Риби

За знак кој е премногу чувствителен, Рибите не се многу самокритични. Тие се строги кон себе ако не завршиле некој проект или ако неколку денови по ред задоцниле на работа. Но, сè друго што има врска со нивниот карактер не ги загрижува многу. Рибите се емпати и тие сочувствуваат со сите. Исто така пробуваат и да се подобрат секој ден. Се обидуваат да не мислат за лошите работи бидејќи тоа им влијае на креативноста.

10. Овен

Овните се премногу зафатени за да мислат на нивните грешки и неуспеси. Тие ги насочуваат негативните чувства кон нови предизвици и цели. Овните веруваат дека секојдневно ја покажуваат својата вредност, а ако другите не го забележале тоа, тоа е нивен проблем. Ако Овните се грижат премногу за своите грешки, никогаш нема да постигнат ништо.

11. Бик

Биковите си ја завршиле работата и имаат многу голема самодоверба. Не им е грижа дали згрешиле или пак што другите мислат за нив. Тие ќе го научат она што е потребно од грешката, и продолжуваат понатаму. Биковите се трпеливи и свесни се дека за промена е потребно време. Тие сметаат дека е бесполезно да бидат премногу самокритични бидејќи се сакаат онакви какви што се.

12. Стрелец

Нешто што Стрелците го мразат најмногу е да бидат врзани. Тие се свесни дека самокритичноста ги прави неподвижни и исплашени, особено ако претерано размислуваат за нешто. Стрелците имаат здрава слика за себе и не сакаат да размислуваат премногу за „што би било, кога би било“. Знаат дека тоа би ги спречило да искусуваат нови работи.

Погледнете и кои се најголемите песимисти во хороскопот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар