Колку добро флертува секој од хороскопските знаци?

Колку добро флертува секој од хороскопските знаци?

Мислите дека сте крал или кралица на флертувањето? Вашиот хороскопски знак го има одговорот. Пред да откриете на кое место сте на оваа листа, имајте на ум дека оваа особина не зависи само од знакот, туку и од полот. Па, можеби вие ќе бидете на повисоко место, а истиот знак од спротивниот пол ќе биде на пониско. Исто така, не станува збор за научно докажани факти, па додека читате не заборавајте дека напишаното е само за забава…

Колку добро флертуваат хороскопските знаци?

24. Мажот Вага и неговото его

Тој размислува за сè. Неговите постапки се импресивни, но по првиот разговор веројатно нема да сакате повторно да налетате на него.

23. Мажот Водолија воопшто не флертува

Емоционално отсутниот претставник на овој знак може да знае неколку излишни реченици, но тоа не е флертување. Добро би се снашле со него ако и вие не сте добри во ова.

22. Жената Водолија сама ја уништува својата игра

Пред да замине на состанок, таа го има запишано целиот разговор во нејзината глава. Страв ѝ е од одбивање и премногу размислува. Поради ова се наоѓа на речиси иста позиција како и машката Водолија.

21. Мажот Бик е премногу незаинтересиран за флертување

Која е целта на флертувањето? Ова е мислата што му се врти во глава. Не го интересира флертувањето и премногу го мрзи да се обиде да го направи тоа. Сепак, има потенцијал. Ако се обиде би бил навистина добар.

20. Жената Близнаци не ја знае разликата меѓу реалниот живот и животот на филмовите

Животот не е „Озборувачка“ па треба да престанете да го правите тоа. Овие девојки секогаш се обидуваат да имитираат флертувања од филмовите или сериите. Потребно е да разберат дека тоа не е реалност. Но бидејќи се интуитивни, често го избегнуваат флертувањето и преминуваат директно на крајната цел.

19. Жената Вага е премногу неодлучна

Таа е навистина добра и љубезна, но неодлучноста ја прави неспособна за флертување. Можеби има храброст, но е срамежлива, а ова не е рецепт за добар флерт.

18. Жената Бик може да флертува, но не со странци

Флертувањето треба да биде природно за овие девојки. Тие изгледаат навистина чудно кога флертуваат со странци, но ако станува збор за близок пријател, може да бидат навистина шармантни.

17. Мажот Риби е премногу несмасен

Тој се сопнува од своите зборови и често се посрамотува. Ако се потруди малку повеќе, сигурно би имал повисока позиција на листава.

16. Мажот Близнаци не верува кога некој флертува со него

Овие мажи мислат дека флертувањето од страна на друга личност е лажно. Па, сигурно не се заинтересирани за некого што сметаат дека ги лаже.

15. Жената Јарец избегнува контакт со очите

Овие дами се премногу срамежливи. Па, како можете да флертувате без контакт со очите?

14. Женат Рак не е примамлива

Таа може да биде навистина слатка и грижлива. Ќе се грижи за вас, ќе ви се допадне флертот на почетокот, но потоа ќе ви стане здодевно.

13. Мажот Рак случајно флертува

Како и жената Рак, така и мажот Рак е премногу грижлив за да флертува. Потребна му е самоуверена жена која ќе му помогне да се опушти.

12. Жената Риби може добро да флертува ако одлучи да остане во игра

Овие жени живеат во нивниот свет од соништата. Ако некогаш излезат од таму и се вратат во реалноста може да бидат навистина примамливи бидејќи добро ја познаваат играта.

11. Мажот Јарец е добар само преку пораки

Може сè да направи совршено. Кога флертува преку пораки може да биде на прво место, но кога флертува во лице не е баш најдобар.

10. Мажот Стрелец флертува и заборава

Тој не сака премногу да се врзува и често ги остава повиците и пораките неодговорени. Би требало повеќе да се фокусира на љубовниот живот.

9. Мажот Лав сака внимание

Лавот е вистински експерт за флертување и секој би сакал да разговара со него. Но, по некое време почнува премногу да бара и сака постојано внимание, а со ова ја уништува магијата.

8. Мажот Овен е најдобар во пишување пораки

Кога овој маж флертува преку пораки, тој е навистина незаменлив. Но како и Јарецот, флертувањето во живо не му е најсилна страна.

7. Жената Стрелец не сака да биде со никого

Таа е мистериозна и може навистина да ги полуди мажите. Но не сака да биде со никој што ќе ја натера да ја изгуби својата круна.

6. Жената Лав лови со зборови

Оваа жена може да ве зароби со нејзините зборови. Навистина умее да ракува со нив, но нејзината себичност може да претставува проблем.

5. Жената Овен ќе ве освои со разговор

Овие жени се шампиони во флертување. Тие ќе ве заведат со искреноста, вообичаените разговори и импулсивната природа.

4. Жената Скорпија е божица на флертувањето

Таа е романтична и заводлива. Овие жени зборуваат со нивното тело. Флертувањето е премногу лесно за нив.

3. Мажот Скорпија треба да поработи на пишувањето пораки

Овие мажи се страсни, романтични и може да предизвикаат воздишки кај секого. Но, потребно е да поработат на пораките. Флертувањето во живо им оди одлично, но за пораките нека научат нешто од Овенот или Јарецот.

2. Жената Девица има најдобар говор на телото

Оваа жена е вистинско искушение. Таа зборува преку нејзиното тело и може секого да го заведе. Но, понекогаш може да биде и недостапна и застрашувачка.

1. Кралот на флертувањето е мажот Девица

Круната им припаѓа на овие мажи. Тие можат да ја исполнат сечија фантазија.

Доколку не ви се допаѓа позицијата, погледнете како да станете експерт за флертување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар