Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Конекцијата помеѓу кучето и неговиот сопственик е многу моќна и трае доживотно, па затоа е многу важно, да одгледувате куче коешто добро се совпаѓа со вашиот карактер. Вашиот хороскопски знак, може значително да ви помогне во изборот на вистинската кучешка раса за вас. Еве кои работи треба да ги имате на ум, пред да решите да го направите вашиот избор.

Овен – Германски овчар

Овните се храбри луѓе, на коишто можете целосно да се потпрете. Тие се дружељубиви, забавни, отворени и имаат храбар дух, кој им овозможува да се справат со секоја препрека, којашто ќе им се испречи на патот. Од друга страна, Овните се и мирни луѓе и можете да сметате на нивната лојалност, во текот на целиот живот. Токму ради овие особености, Германскиот овчар, совршено се совпаѓа со карактерот на Овенот.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Бик – Корги

Биковите се познати по својата тврдоглавост, мудрост и лојалност. Тие знаат да бидат жестоко страсни за некои работи, а нивната интелигенција е нешто по што особено се издвојуваат. Биковите се прекрасни луѓе со оние коишто им се особено драги, но воедно се и сосема рамнодушни и реални со оние, за коишто не им е грижа. Поради сето ова, кучето од расата Корги, е најдобрата комбинација за нив.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Близнаци – Џек расел териер

Близнаците се луѓе, коишто имаат повеќе страни во нивниот карактер. Тие се многу вешти и умеат да прават многу нешта истовремено, но на ниедна не се посветени до крај. Лесно се прилагодуваат на новонастанатите ситуации и промени и умеат да бидат многу бистри, остроумни и подготвени, секогаш кога тоа е потребно. Таквата непостојаност и променливост, потсетува на подеднакво интелигентното куче, од расата Џек расел териер.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Рак – Мопс

Раковите привлекуваат големо внимание поради својата социјална и забавна природа, енергичност и проактивност. Тие добро се однесуваат со другите луѓе и задоволни се кога убаво и спокојно го поминуваат своето слободно време, без да се стресуваат премногу. Луѓето родени во овој хороскопски знак, знаат како да се олабават и токму поради тоа, можат да формираат совршена конекција со кучињата од расата Мопс, кои се познати по својата безгрижност.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Лав – Лабрадор ретривер

Лавовите се совршена придружба. Тие се најдобрите пријатели што човек може да ги посака, а нивната лојалност и посветеност кон љубовните партнери, е навистина за пофалба. Нивната лојалност и желбата да ги стават потребите на некој друг пред своите се прекрасни особини, со кои се истакнуваат. Поради ваквиот карактер на Лавот, тој најмногу си одговара со куче од расата Лабрадор ретривер.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Девица – Бордер коли

Девиците се разликуваат од останатите хороскопски знаци по својата пребирливост и се многу внимателни околу изборот на луѓето во нивниот живот. Тие се на некој начин перфекционисти, коишто ги „мерат“ нивните избори внимателно, пред да ја донесат вистинската одлука. Оваа нивна особеност, предизвикува да преферираат куче коешто е екстремно паметно, витално и подготвено за акција, па совршен пар ќе најдат во расата Бордер коли.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Вага – Питбул

Луѓето со хороскопскиот знак Вага, се со еден збор – фер. Тие се добри со оние коишто се добри со нив, а лоши со оние коишто се лоши и тоа е начинот, на којшто го живеат нивниот живот. Целосната посветеност кон нивните пријатели, како и жестокото ривалство со непријателите, е нешто што е составен дел во нивната природа. Питбулот, има исти вакви особини, па поради тоа оваа кучешка раса е совршениот, влакнест пријател на Вагата.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Скорпија – Шиперки

Скорпиите се екстравагантни луѓе, коишто привлекуваат внимание со својот карактер. Тие се храбри, отворени, немаат влакна на јазикот и ако е потребно, ќе ви ја „плеснат“ суровата вистина во лице. Овие луѓе не се дипломати, бидејќи секогаш го кажуваат она што им лежи на ум. Поради таквиот карактер, кучето од расата Шиперки, е најдобриот крзнен пријател за Скорпиите.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Стрелец – Бигл

Стрелците се познати по своите остри ментални способности. Тие се интелигенти, подготвени и имаат склоност за решавање проблеми и енигми. Тие обожуваат да бидат умствено активни и да го предизвикуваат нивниот ум, секогаш кога е тоа возможно. Токму поради тоа, Биглот е најдобриот избор на куче, за Стрелецот.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Јарец – Златен ретривер

Јарците се сталожени и отмени луѓе, кои сакаат едноставно да го живеат животот. Тие одбиваат премногу да се грижат и се среќни сами по себе, без надворешни влијанија. Најчесто, се добри со другите луѓе и имаат социјална природа. Златниот ретривер ги дели истите особини, како и Јарецот и затоа тие се совршени еден за друг.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Водолија – Белгиски грифон

Водолиите се фантастични емпати. Тие добро се справуваат со сопствените емоции и лесно ги разбираат и емоциите на другите луѓе. Водолиите се емотивни луѓе, коишто навистина можат да ја почувствуваат болката и тагата на другите луѓе. Кучињата од расата Белгиски грифон, исто така се сметаат за многу емотивни кучиња, коишто лесно се прилагодуваат на нивната средина. Поради тоа, не постои сомнеж дека одлично ќе се согласуваат со Водолиите.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Риби – Чивава

Рибите имаат дуалитет во нивниот карактер, што значи дека истовремено може да поседуваат спротивставени емоции и однесување. Тие можат да бидат екстремно агресивни и спокојни во исто време. Симултано, можат да чувствуваат и гнев и сталоженост. Со вакви карактерни особини, располага и Чивавата, којашто е позната по својата дивост, и покрај тоа што е многу ситно куче. Поради тоа, Рибите одлично би се надополнувале со куче од расата Чивава.

Која раса на куче најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Може да ве интересира и која кучешка раса треба да ја одберете според вашиот карактер?

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар